Билд и Раинфелд би можеле да се запишат во историјата доколку со еден Александров замав го пресечат јазолот
Гетеборг - Идната седмица агендата на ЕУ се шири на сите страни и кулминира со самит на шефовите на држави или на влади што, всушност, би можел да се претвори во вистински антиклимакс, пишува денеска шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“.
Таков развој не се очекуваше. Шведскиот премиер Фредрик Раинфелд во Копенхаген требаше успешно да ги почне финалните преговори, крунисувајќи го шведскиот претседавачки мандат преку репрезентирање на глобалното лидерство на ЕУ во климатската политика.
Но, политиката во последните неколку месеци не оставаше многу простор за оптимизам и предизвика сериозни пукнатини околу големите очекувања од климатскиот самит.
Самитот на ЕУ, место посакуваното сјајно крунисување, сега го очекува еднолична и придушена атмосфера, со понекогаш тешко сфатливите проблеми што со години ја оптоваруваат агендата.
Еден од тие проблеми, кои шведското претседателство би требало да се обиде да го реши, се однесува на Македонија.
Денеска Македонија ќе се најде на агендата на Советот на ЕУ преку тешко сфатливи формулации. Советот треба да заземе став околу препораките на Европската комисија за отпочнување преговори за членство со Македонија. Потоа прашањето би требало да биде присутно и на самитот на ЕУ идната седмица.
Проблемот, всушност, е речиси 20-годишниот спор за името што се враќа назад до историските претстави за Македонија и кралството на Александар Велики. За нив се врзуваат националистичките идентитети и симболи што во голема мера се актуелизираат од страна на политичките лидери во Атина и во Скопје.
Доколку би им се верувало на најекстравагантните пропаганди, Балканот би можел да се дестабилизира од ова прашање. Од друга страна, пак, повеќемина студени и резервирани надворешни набљудувачи сметаат дека и двете страни имаат слаби основи за своите претензии за монополизирање на наследството по Александар Велики.
Истовремено, сега постои историска шанса за наоѓање решение за овој Гордиев јазол. Односите меѓу Атина и Скопје, по се' изгледа, се нормализирани и новиот грчки премиер Папандреу би сакал да ја измени сликата за својата земја како постојан негатор и предизвикувач на конфликти во ЕУ и во НАТО. Повеќе од кога и да било досега, Папандреу треба да ги освои симпатиите во рамките на ЕУ за да се справи со галопирачката финансиска криза во Грција. Како членка во еврозоната, Грција практично ризикува да се најде под принудн�� управа за да се спречи банкрот на државата. Паралелно со тоа е важно да се спомне фактот дека Грција е и најголем примател на регионална поддршка од касата на ЕУ.
Јоргос Папандреу, кој има стабилно мнозинство до 2014 година, би требало да се заложи за отворен став. Тој едвај би имал простор да стави вето доколку шведскиот премиер Раинфелд и министерот за надворешни работи Карл Билд покажат креативна способност во однос на прашањето за името. Билд и Раинфелд, пишува „Свенска дагбладет“, неочекувано би можеле да се запишат во историјата доколку со еден Александров замав го пресечат јазолот. (МИА)
ЕУ во моментов се наоѓа во многу деликатна фаза на нејзиниот развој и пред предизвик кој може да ја одведе во погрешена и многу опасена насока по нејзиното опстојување. Доколку ги прифати шовинистичките барања на Грција (погледај во лексикон и спореди со уценувачките барањата на една нивна членка ) за самоукинување на македонскиот народ, со тоа шовинизмот ќе го воведат како свој птинцип и вредност.
Единствената надеж е да се разобличат шовинистичките барања на Грција, на нивните подржувачи во ЕУ и нивните лобисти во Македонија (кои лажно се прикажуваат како македонци); да се предупредат вистинските европејци на опасноста од вирусот на шовинизмот кој се шири во нивните редови, како би сватиле каде води нивната евентуална подршка на Грција.
Подршката на грчките уцени би била трагична за Македонија и мнозинскиот народ - македонскиот кој живее во неа и жалосна за ЕУ.
Затоа Македонија заедно со вистинските европејци ќе се бори да го зачува името и вистинските европски вредности.
Од: OHR
Датум: 07.12.2009 01:24:14
najdobro resenie za sporot i jasna makedonska ne crvena, tuku crna linija pod koja ne treba da se odi.....
http://www.gopetition.com/online/32163.html
Од: Kimov
Датум: 07.12.2009 04:55:38
Za EU Makedonija ispadna detska igracka Kalimero pa si igraat kako sakat. Mnogu pogolema ispadna Makedonija za razlika od EU. Sve sto pobaraa od istata e ispolneto duri i poveke od kolku sto treba. Pogolema demokratija Makedonija im dade na Malcinstvata ot kolku sto evropa ima dadeno na nivnite malcinstva. na krajot nemozeme dai pogodime.
Од: Лазо Стефанов - Скопје
Датум: 07.12.2009 08:05:12
Можеби Гордиевиот јазол повторно ќе биде расечен по шавот Групчин?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.12.2009 08:49:23
Колку е кооперативен соседот се покажа со заканата кон Исланд,имено ако ја објави видео репортажата за Македонија Исланд ќе се соочи со вето кон аспирациите кон ЕУ.Ваквото однесување подсеќа на слон во стакларски дуќан за кое однесување ЕУ е длабоко свестен.Еве им прилика на европјаните да го притегнат банкротираниот сосед и да го условат со финансиска подршка за негова презентирана кооперативност.
Од: Pero_Mkd
Датум: 07.12.2009 08:49:50
Grcite se tolku zadoeni so nivniot nacionalizam i lazna istorija shto ne bankrot, abe raskol na svetot da bide, tie nema da popushtat...od Grkot pogolem inaetdzija nema...bankrotot za niv ne znaci nishto...ta go pametam vremeto koga dvajca Grci na edno magare javaa.
Од: батка
Датум: 07.12.2009 15:28:31
Билд и Раинфелд не се Македонци за да го решат спорот со меч како Александар.Само Македонец мозе да го реси спорот за името,ама изгледа се усте таков не се родил.
Од: P.E.N. Centar, RM
Датум: 07.12.2009 15:49:26
Samo na Meg. sud vo Hag se reshava problem za imeto. Sega, prvo Generalnoto Sobranie na ON, a potoa Megunarodniot sud vo Hag so reshavanje na slednoto prashanje: Da li referencata/pregovorite se vo soglasnost so megunarodnoto pravo?
Од: Od Gostivarcanec
Датум: 07.12.2009 18:51:29
Pozdrav do mojite sogradani od Muslimanska vera.Ne gi slusajte tatarite vije znaete na koj nacin ovije gnasoti im napravija na Turcite sto ziveja vo Bugarija na koj nacin im gi smenija iminjata na Turcite od Bugarija.Pa zatova molitese na Boga da oni ne dojdat vo Makedonija a pomalku Srbite pa zatova vi preporacuvam da bidete vo koalicija so svojite sogradani Makedonci koga je vo prasanje imeto Makedonija i Makedonskiot Nacionalitet inace Otide Makedonija so Bugarite ili Srbija. Pa togas ce ni bidet i nas zal kako Bugarin vi menuva Imija kako sega sto ni pravit Grcite i EU na Makedonija.
Од: Sotir
Датум: 08.12.2009 03:48:54
Svenska Dagbladet e vesnik blizok do opozicijata, socijaldemokratite. Na vlasta vo Svedska se konzervativnite sili. Ocekuvanjeto deka Svedska vo poslednite dvaeset dena na svoeto predsedatelstvo so EU ke sece nekakvi problemi so sabja se preterani.
Vo krugovite na EU postoi razbiranje i kritika kon dvete strani no Makedonija so svoeto prisvojuvanje na antickata istorija, im dade vo race jaki argumenti na Grcite deka vo Skopje sedi kup nacionalisti, klerikalisti i falsifikatori na golem del od evropskata istorija i kultura. Zatoa pregovorite ke traat se dodeka Grcija toa go saka.
Од: gv
Датум: 08.12.2009 09:29:12
Edna komisija od EU neka gi pogledne kako ziveaat malcinstvata (Arapi) vo Francija,Turci,Romi vo Bugarija i Turci ,Romi i Albanci vo Grcija,se demokrati?zalosno i sramota .
Од: zapad do gv
Датум: 08.12.2009 12:39:07
tocno e malcinski prava vo eu se nikakvi ama ima 1000evra socijala bate pa podobro ce zemam tie pari tuku otkoljku da zivaem vo svoja mak a na ciganite vo slovacka im gradat lepnki kuci so parno a ciganite vo bug imat site rabota neli seto toa e mil pati podobro od nac prava na malcinstva vo mak a da trpis.