Број 3154  понеделник, 07 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Груевски го чека датумот во Брисел

Премиерот ќе се обиде да издејствува попозитивна одлука

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Премиерот Никола Груевски денес попладне треба да допатува во Брисел за да учествува на форумот на балканските земји во вторник, но можно е неговиот престој да се пролонгира до Самитот на ЕУ закажан за четврток. Иако од македонски извори никој не ја потврдува веста, сепак, Груевски, по се' изгледа, ќе се обиде да издејствува попозитивна одлука за Македонија, а неофицијално не се исклучува уште една средба со грчкиот лидер Јоргос Папандреу по примерот на онаа што се случи минатиот Самит на Европската унија. Според грчки извори, Папандреу нема да учествува на министерскиот состанок на ЕУ денес и утре, но ќе биде на Самитот на социјалистите и на ЕУ во четврток и во петок, па останувањето на Груевски во Брисел не би имало друга смисла ако не се сретне повторно со грчкиот лидер. Имено, Самитот на народните партии на кој, по правило, учествува и нашиот премиер овој пат ќе се одржи во Бон место во Брисел, па отворено прашање е како ќе се одвиваат настаните наредната седмица, која треба да биде клучна за евроинтеграцијата на Македонија.

Ден пред министерскиот состанок на Еу практично ништо не е извесно околу препораката за преговори, а дилемите се движат од тоа дали воопшто ќе има заклучок за Македонија или не, дали ќе се спомне името како услов или не, дали ќе има рок за решавање на спорот или не, дали ќе има нешто ново или само ќе се повтори ставот на ЕК или на ЕУ министрите од јуни минатата година. Во грчките кругови владее уверување дека за Македонија најверојатно заклучок нема ниту да има на Самитот, а повод, меѓу другото, е и тоа што досега расправата не беше отворена околу нашата препорака ниту, пак, фигурира јавно некаква драфт реченица. Логиката е дека без заклучок нема да има ниту вето, ниту Букурешт и нема за што да се обесхрабрува Македонија, но прашање колку таквата политика има смисла кога првенствената цел поради која ЕК излезе со препорака за преговори беше не евроинтеграцијата, туку создавањето притисок да се реши спорот околу името на државата.

Она што е извесно е дека Брисел прави се' да ја држи Македонија на линија, односно да покаже дека прави се' што може околу препораката и да ја убеди нашата Влада да биде кооперативна и конструктивна, каков и да е сега исходот за нас во четврток.

Дипломатски извори во Брисел оценуваат дека моментно траат убедувањата на Атина да направи компромис околу одлуката за препораката на ЕК, но скептицизмот е голем порад�� впечатокот дека и оваа влада е заробена во балканскиот начин на водење на политиката. Инаку, Македонија треба да биде на дневен ред на министрите денес попладне, а на балканскиот форум , организиран од „Пријатели на Европа“, покрај Груевски, ќе учествуваат и лидерите на Црна Гора, Словенија и на БиХ, како и еврокомесарот Оли Рен. (С.Ј.)






#
Статијата е прочитана 3699 пати.

Испрати коментар

Од: Debarcanec
Датум: 07.12.2009 00:15:56
Sto ke ceka neznam G.... neznam kako ke se slika sega bez datum za pregovori ili ke izmisli nesto kako sto eve pocna da izmisluva za Ljube Brat Ljube neli bese negov brat pa sega stana najgolem prorivnik i predavnik.Do koga vaka Vmro ke laze ma daj odete si dosta lazete .Sekogas koga Vmro e na vlast se nesto fali se nesto ckripi i necini ili pa nekoj drug e kriv za nivnite greski.
Од: Од Јосиф
Датум: 07.12.2009 00:30:54
Право чудо би било ако Европа попушти на инаетот на Груевски и на Македонија и закаже датум за преговори. Мислам дека покрај попуштањето вооценките за исполнување на условите ,само заради поттикнување да се реши спорот со Грција,новото попуштање би било премногу за еден неспособен ,,политичар,,.
Од: Flaster city
Датум: 07.12.2009 00:38:28
Зошто уште се замарате со работа која е завршена уште пред и да почне? Зарем сеуште има такви на кои не им е јасно дека Пастирот ни под разно не сака да влеземе во НАТО и ЕУ? Дајте ве молам сменете ја темата. Иницирајте дебата на тема “Како понатаму со Грујо а без ЕУ“. Камо среќа да можеше обратно, со ЕУ а без Грујо!
Од: Sofre New Jersey
Датум: 07.12.2009 04:45:51
Alal da mue na Gruevski ! nema zastanato non stop e vo pokret niz Evropa pa i posiroko. Covekot nema zastanato se bori za ubavoto na Makedonija. Branko Crvenkovski nemozevme dago isterame od Makedonija i kako premier i kako predsedatel da poseti nekoja drzava pa da fati prijateli od koi ke ni pomognat okolu resavanje na imeto.
Од: mitko e bez municija
Датум: 07.12.2009 04:46:48
Grcija e pred ekonomski kolaps, bez pomos od EU tesko ke prezivee. Da imavme sega barem edna zemja-prijatel vo EU da gi uslovese za parite sto gi ocekuvaat da napravat nekolku MALI otstapki za pregovorite okolu imeto, ke mozevme da dojdeme do nekoj prifatliv "razumen kompromis." Nazalost takva zemja-prijatel nemame. Imavme prijateli megu pratenicite vo Evropskiot sovet, no i tie ni svrtea grb koga vidoa kako VMRO so Grujo na celo falsifikuva i krade tuga istorija. Toa jasno ne im e simpaticno. Nemaat argumenti protiv grckite. No zatoa VMRO stalno si pobeduva na izbori. Prostata masa saka da si veruva deka poteknuva od golemi kralevi i carstva a ne od turski robovi. Lugeto sto toa ja lazat vo oci pobeduvaat na izbori.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.12.2009 08:57:22
Што чека премиерот знаеме но што чекаат помодрените е тоа ќе го видиме.Утре е 8 дек.е да ви ја видам презентацијата на помодрените епигони по разни трибини на чело со рејбан коњаникот.Ајде да го видиме и тоа чудо, повик за ,,устанак,,и соборување на власта без избори и опа атерирање во посакуваните фотељи.Познавајќи ја ,,големата моќ,, на помодрените а во спрега на се ,,живо и диво,,од нашата политичка сцена очекувам да поминат како,, боси по трње,,
Од: zabegan.
Датум: 07.12.2009 09:01:23
Што се прави овој токлку наивен и што чека??.Што си посеал тоа ќе жнеш.Што си дробел тоа ќе сркаш.
Од: Трпе
Датум: 07.12.2009 09:05:52
Овој мистер Рејтинг,нема ниту срам ниту образ.Само лага врз лага.Човеков чекал попозитивни резултати.Наместо да признае дека прави попопонегативни резултати.Тоа му е во крвта од големи се поголеми лаги.До последниот час лаже.А не е свесен со неговите лаги каква погрешна политика води.Надворешната,зависи и од други.Но да му ја погледнеме внатрешната политика.Својот народ го води во се поголема сиромаштија.А човековите права целосно ги уништи.Лагите му се со опашки.Ќе му позавидат и најголемите илузионисти.Остварува.
Од: b
Датум: 07.12.2009 09:25:41
До Софре од Њу Џерси! Така е! Пастирчето е нон стоп во движење. Талка цело вреве ко глува кучка ваму-тамо, без концепт, вез визија. Но кое е фајдето од тоа, што постигна, што донесе од талкањето?
Од: баба Бота
Датум: 07.12.2009 09:34:49
Почекајте уште малку, овие денови ке има уште еден куп апсења, пресуди и лов на вештерки, а се со цел да се подзакријат “успесите“ на нашиот ни вожд. На Софре му порачувам да се запише во некоја вечерна основна школа таму во New Jersey, барем малку да се описмени човекот. Ако нема пари за тоа еве јас ако треба ке дадам 2 долара, ако треба се разбира.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 07.12.2009 10:01:05
А, што друго може да се очекува од луѓе кои надворешната политика ја водат како малиот Трпе? Тотални аналфабети! Јавно предупредив дека „Македонија е разузнавачко решето на Грција“, но, власта очигледно не разбра за што се работи! Очекуваа дека со промената на власта во Грција ќе можат полесно да преговараат со Грција!? А, ваму насмеаниот и љубезе Јорго се покажува како потврд орев од Дора! Не би сакал да кобам, меѓутоа, имам претчувство дека Груевски на крајот ќе ги „избања“ и Македонците од Егејска Македонија! Во тој поглед искрено би сакал да бидам демантиран. На почетокот сите „карти“ ги ставија на Германија како страте��иски партнер на Македонија, со што ги изиритираа Американците и сега се чудат зошто немаам не само стратегиски партнер, туку и пријалелска земја која ќе се заложи за искрена подршка на Македонија!
Од: Makedonska Alijansa
Датум: 07.12.2009 10:07:44
Sega za IMETO na Megunaroden sud vo HAG!!! Sleduva srpskoto scenario!
Од: Ete ja tuka 2020
Датум: 07.12.2009 10:11:15
Koj ceka toj doceka. Samo treba malku da se strpimenekade dokaj 2020 godina ce dobieme datumot. pa sto e 2020 godina ete ja tuka . Dodeka da trepnes ce dojde i nie ce dobieme datum za otpocnuvanje na pregovori. Znaci narode biedete strpoilivi . Grujo misli na vas.
Од: gv
Датум: 07.12.2009 10:50:50
Do Sofre-Podobro gledaj si svojata rabota,ako si tolku patriot vrati se vo Makedonija,so 200 evra da mines mesecot. .
Од: bobi
Датум: 07.12.2009 11:11:40
koj cekal i docekal.ama nie ke docekame prvo da si odat ovie lazni patriotcinja pa potoa vo EU .Vaka moze da le laze maliot Nikola do koga saka.Covekov ne saka vo EU da sme si na cisto.
Од: dedodimo
Датум: 07.12.2009 11:22:20
Eu ,po moe mislenje ke razgleda i ke svati deka Republika MAkedonija ima napraveno poveke od drgite zemji koj veke se chlenki i sprema toa ke odobrat za pregovori .Nikoja zemja dosega ne bila prinudena da menuva ime za da postani clenka na EU .Makedonija go brani svoeto ime i e pravo nashe da go branime Imeto .Nie ne barame od nekoj da go menuva negovoto ime ,toa e protiv zakonsko a poveketo zemji chlenki na EU go znaat toa i sprema toa jas lichno mislm deka MAKEDONIJA ke dobie datum za pregovoriza zachlenuvanje vo EU.I PSAKUVAM GOLEMA SREKA I USPEH NA REPUBLIKA MAKEDONIJA ,NA EU I na nashiot PREMIER GRUEVSKI i SREKEN BOZIKI NOVA GODINA NA SITE MAKEDONCI BEZ RAZLIKA NA VERA I RELIGIJA.
Од: TONI OD VELES
Датум: 07.12.2009 11:54:49
Dobro neli vi e sram na site sto ja komentiraat vesta Sto luge ste vie ,ne e vazno dali e Grujo ili Crveniot ili nekoj drug.Bilo koj da e treba isto da postapi so uceni i uslovuvanja nikoj covek ne pregovara a pogotovo koga te omalozuvaat za nesto sto ti pripaka prirodno ime, nacija,jazik.Jas ke vi kazam Grcija po sekoja cena ne saka da vlezeme vo EU klubot a se znae zosto ,togas ukradenoto koga togas mora da go vrati pa duri i da se vikame MARSOVcI. Bidete sigurnu deka i da smenime i ime i nacija i se po red ke izmislat nesto drugo za precka ,samo prasanje e dali evropa ke i dozvoli da odi do kraj. Pozdrav,reseno e cel balkan vo EU po sekoja cena
Од: "Vodolija"
Датум: 07.12.2009 12:04:45
Ako ceka Grujo I KE DOCEKA,no prvo ke treba dobro da izvezba kako se igra SIR TAKI!?
Од: јас
Датум: 07.12.2009 12:56:16
До Sofre New Jersey:Пастирчето ни е растрчано по светот зошто , кај да е ,нема место да го фати во МК,па сега кутриот бара земја каде ќе може да се скрие од народот..Ама изгледа ќе си остане во Македонија , ама во посебен хотел , во кој има место само за него и неговите и сите оние кои ја упропастија оваа држава...
Од: dime
Датум: 07.12.2009 13:15:26
Kako ke zavrsi denov!Ke dobieme pregovori i deckoto od flaster city ke se obesi od maka,oti negoviot pastir taka go tera.pastirot mu e od PP.
Од: Robert
Датум: 07.12.2009 13:18:50
Do Josif.....neznam na koj inaet mislis.....ako do sega ne si svatil deka Juznjacite barat od nas obezlicuvanje na ime nacija it.deka sporot ne se odnesuva samo na "imeto" togas informiraj se pred da kazis nesto!!!
Од: fipo
Датум: 07.12.2009 14:06:33
ne laze gruevski i go krade narodot preku danoci pa sega ke pregovara ke se bori demek za makedonija
Од: batka
Датум: 07.12.2009 16:07:21
Abe Sofre od New Jesri.kolku bi sakale Grujo da ostane nekade na svoeto patesestvie niz Evropa i da ne ostavi sami da se snaodjame.Da sumi jas poln pari kako nego,ama ic ne bi sedel vo Makedonija .Branko bese budala,samo doma sedese,a ovoj uste malku i na Himalaite ke se kaci,samo da go zgolemi rejtingot.Samo so rejting drzava ne se vodi ,se vodi so pamet.
Од: vvv
Датум: 07.12.2009 16:10:30
Se dodeka e ovoj premier, odime samo kon bezdna
Од: slavjan sekulovski
Датум: 07.12.2009 16:59:37
samo kratko bi napisal od ovie komentari sto gi procitav se gleda deka site od ,,sdsm,, simpatizeri go cekale ova za da gi napisat svoite glupi i ne promisleni kazuvanja za nasata vlada bez razlika cija partija se sepak narodot gi izbral da ne vodat i da resavaat za nasata idnina a politikata koja sega se nametnuva na makedonija i koj da bese na vlast ke bese ista slika kako sega fala na vnimanie
Од: Gostivarcanec
Датум: 07.12.2009 17:35:37
G-ospodine Prejere Gruevski ne podlegnuvaj na igrite od EU, mije ce istraeme kako i dosega nema menjavanje na Ime, ova je nase Ime i nikomu ne go davame. Ako nekomu vo drzavava ne mu se sviga, granicite se otvoreni od 19 Decembar i sikter od Makedonija.Oditesi vo tije drzavi kade mislite deka ce vidadat podobar zivot. Ali zapamtite za sekogas Imeto Makedonija i narodot Makedonski imeto go nosele so tolku Vekovi i nema deneska nikoj pravo kako nekojsi kostapleri politicari vnatre ili odnadvor tuku taka ime da ni menjavat ztova sto helenite im nareduvat na EU,a na nasive stari komunisti oni sve isprodado i dusata svoja bi si je prodale zatova sto taka se naucile vo ovije 50 godini sve za pari i mito da rabotat.Ovde citam nekoji komentari negativni za nasiot Premjer Gruevski izvinite vije neste Makedonci po Nacionalnost i zatova taka pisuvate , Ali sekoj eden pravi Makedonec koga ce se spomnet okolu imeto ili Idenditetot dusata go boli. Pa izgleda Bog go pratil nasiot spasitel Grujevski.
Од: trpe
Датум: 08.12.2009 01:22:14
koga idat nashite politicari vo evropa tie mnogu cest im pravaat na nashite politicari a nashite se zanesuvaat misllat deka se nekoj faktor i cel svet se vrti okolu niv- e tuka lezhi zajakot nashite politicari se nikoj nishto a samo se zanesuvaat. nemoj ni da se pomisli strateshki partner nitu pak prijatell vo evropa, strateshkiot partner barajtego vo grcija i jorgos papandreu.
Од: rasol
Датум: 08.12.2009 04:49:04
Gi citam komentarite i se cudam:dali site gi ima napisano Sekerinska ili navistina ima tolku partiski slepi i gluvi luge koj ne mozat da ja procenat vrednosta na Gruevski,ili pak Utrinski objavuva samo komentari na zakoraveni SDSM-ovci. Fala mu na Boga sto ni go dade Gruevski za premier.
Од: Grujo
Датум: 08.12.2009 10:37:00
Кој чека и ќе дочека, ама незнам кога, се плашам да не остане до Божиќ ама 2010. Еј имењак !, требаше да си го земеш и Томиќ , да Ти вели дека СИ НАЈПАМЕТЕН, НАЈУБАВ, НАЈСПОСОБЕН и дека имаш НАЈУБАВО СТАДО!, а можеше и ЛАТАС, ИВОНА, МИЛЕНКО и МИРКА да бидат со Тебе за да Те храбрат! . Македонија ИМА ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ , додека не си ги натовариш САМАРЧИЊАТА , а после ЏАД��, заедо со Братучедите право во ЧЕШКА , таман ќе ви биде готов Хотелот, ако се смилуваат ќе те стаат на Рецепција , од таму се влегува во ЕУ и НАТО . Е мој Грујо , црни Грујо!!, влеговме во ЛАВИРИНТ , наместо во ЕУ и НАТО, Ептен Те бива!!!!!
Од: Branko
Датум: 08.12.2009 11:12:00
Do "GV" ti mislis deka ako makedonija vleze vo EU vednas od 200 Evra sto gi imas ke stanat 2000 za toa malku poveke ke sonuvas istoto se odnesuva i na drugite kako tebe ke go prodadete najsvetoto za 100evra poveke taka li????? i ako nemate nesto popametno da napisete togas voopsto i ne pisuvajte da ne vi se smejat.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Карикатура
Македонија е Гордиев јазол на ЕУ
Лице и опачина