ДУИ со Бадентерово мнозинство „пука“ на европската агенда
Партијата на Ахмети бара законот за Собрание да се носи со Бадентерово мнозинство
Оливера Војновска
Само два дена по хармонијата што во Клубот на пратениците ја демонстрираа лидерите на најголемите партии, освен ДПА, се отвора нова голема пукнатина на патот кон Европската унија. Овој пат јазот не го копа опозицијата, туку владината ДУИ со нејзиното барање законот за Собрание да се носи со Бадентерово мнозинство. Шансата што ја виде премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски, по посетата на еврокомесарот Оли Рен, се чини не ја гледа и неговиот коалиционен партнер Али Ахмети. Уште помалку, пак, го слушна неговиот повик дека „шансата треба да ја искористиме како држава, независно кој во која партија е и во каква позиција се наоѓа“.
Барањето на партијата на Ахмети доаѓа откако Нова демократија на Имер Селмани е упорна во ставот дека „албанскиот јазик треба да се употребува како втор службен јазик на сите нивоа и на локално и на централно“. А, тоа подразбира и раководење на собраниските седници на албански јазик, вклучувајќи дека комплетната документација и материјалите во парламентот да бидат двојазични.
„ДУИ ќе го поддржи законот со забелешка дека тој треба да се гласа со Бадентеровото правило, затоа што ја уредува употребата на албанскиот јазик во Собранието“, одговори координаторот на пратеничката група на ДУИ, Тахир Хани, на прашањето дали ДУИ ќе гласа за законот за Собрание доколку не бидат прифатени амандманите на Нова демократија. Инаку, ДУИ ги поддржува барањата на Нова демократија за допрецизирање на употребата на албанскиот јазик. Хани вчера на новинарите им објаснуваше дека „на лидерската средба на која беа претседателот Али Ахмети и Џеват Адеми, не беа поставени многу прашања, така што тоа е договор меѓу координаторите на пратеничките групи околу законот за Собранието“.
Координатор на пратеничката група на Нова демократија, Флора Кадриу, изјави дека ќе го поддржат законот за Собрание, само доколку се прифатат нивните амандмани за допрецизирање на употребата на албанскиот јазик.
Наспроти ваквите барања на партиите на Албанците од власта и од опози��ијата, владејачката ВМРО-ДПМНЕ е оптимист дека законот за парламент ќе биде усвоен на 17 август.
Спикерот Трајко Велјаноски по вчерашната координација на пратеничките групи соопшти дека пратениците ќе го скратат одморот за една седмица и ќе паузираат од 2 до 17 август, по што ќе го донесат законот за парламент. За денеска тој најави дека Собранието ќе го усвои законот за финансирање на политичките партии. Велјаноски рече дека е договорено законот за државни службеници, кој Владата го повлече на доработка, во собраниска процедура да влезе на средината на август. Дотогаш политичките партии ќе може да ги достават евентуалните забелешки, кои би биле вградени во законот, за да може до почетокот на септември да биде усвоен од Собранието. Во врска со барањето на СДСМ за измена на Деловникот, спикерот соопшти: „Договорено е да се задолжи Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во рок од четири месеци да ги изготви измените на Деловникот, во согласност со препораките на Венецијанската комисија“, изјави Велјаноски.
На прашањето дали инсистирањето на Нова демократија за поширока употреба на албанскиот јазик може да го загрози носењето на законот за парламент, Велјаноски кусо одговори: „Нема потреба од други условувања, тоа прашање е регулирано со закон“.
На истото прашање, премиерот Груевски во петокот по лидерската средба одговори дека „употребата на албанскиот јазик и доимплементацијата на Законот за употреба на јазиците се дел од предизвиците што произлегуваат од Охридскиот договор и Владата му е посветена на тоа прашање“.
Шефицата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, изјави дека „ќе се вложат напори да се усогласат ставовите на сите политички партии и ќе се почитува Законот за употреба на јазиците, што требаше да ги сублимира сите прашања од тој домен“.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, го повтори ставот дека партијата ќе даде „конструктивен придонес за да може Македонија, до 15 септември, а ако е можно и порано, да ги исполни обврските кои ги има за добивање позитивен извештај од ЕК“.
Пратеничката од ЛДП, Роза Топузова-Каревска, протестираше поради тоа што се суспендира Собранието, а лидерските средби се издигнуваат на ниво на институција. „Кај нас, наместо парламентарна, има лидерска демократија“, констатира таа, а потоа иронично додаде „ексклузивната заслуга за добивањето препорака за датум за преговори ќе ја има Собранието“.
Инаку, според договореното на лидерската средба, најдоцна до 15 септември Собранието треба ги донесе законите за парламент, за финансирање на политичките партии и за државни службеници.
DUI i Ahmeti ne ka ne barat Bdinter vo sobranieto tuku neka barat badinter vo vrabotuvanjeto zalno e da se gleda vo spisokot za drzavni administratori koi se primeni . Ostaveni se voenite veterani na ONA a primeni se sekakvi lugje bliski do partijskata OLIGARHIJA Ahmeti neka mu se misli za idnite Izbori. (Primer posledno primanje na drzavni administratori -150 so vtoriot konkurs zalosno e da gledas koi se primeni) So srekja ne ka mu ena DUI vo Gostivar zagubi so 6000 glasa razlika , go izgubija Tetovo mada mi e Maka za Mladiot Lika Besha Zrtvovano, sega malo po malo i Cair ,Saraj i dr. pa ne ka go drzi partijata SO Plasnica ,Zajas Oslomej i sl. Struga odvaj so sto Kijameti go dobi!
Teshko na tie shto bea idealisti nivniot ideal se Zakopa!
Од: Трпе.
Датум: 28.07.2009 08:31:22
Честитки до албанците,барем тие знат што сакат.Кој ни е виновен на нас македонците ,кога се изгубивме во просторот и времето.Ние си играме на предавници и патриоти.Нормално дека обичниот граганин ќе биде на страна на патриотите, без разлика дека се и лажни.Никој не ни е крив ,кога дозволивме деца да ни ја водат државата, кои првото работно искуство им е политика.Голем дел од нив учени недоучени а нашиот мистер Релтинг ,многу лесно паѓа и на странски дипломи , без разлика на кој начин се добиени.Па и неговата диплома го дотера до премиер.Во стариот бунар никогаш не треба да се плука ,кога тогаш може да затреба.Само престари бунари како Маневски не требат тие веќе се загадени.
Од: emil
Датум: 28.07.2009 08:55:25
Ama koj cestitki, dosta veke so toa albancite i nivnite prava. Svetot ide napred, tie zapnale badenter. Koga ke se naseluva nekoja druga planeta nikoj nema da prasa koj od koja nacionalnost e, ili pak vera. A Badenter, ke otide vo analite na zaboravot.
Од: xeni
Датум: 28.07.2009 10:29:57
Toa sto baraat albancite e pravedno. Kolku sto poveke makedonskite politicari sakaat da go odolgovlekuvaat implementiranjeto na Ramkovniot Dogovor i kolku sto poveke se obiduvaat na reduktiracki i na nepraveden nacin da go implementiraat, tolku e porizicno da se pojavat frustracii kaj albanskiot narod i obidi za iznaogjanje na alternativni patista. So odolgovlekuvanje ne se resava problem, naprotiv toj stanuvaa uste po tezok. Pozdrav
Од: Projko
Датум: 28.07.2009 10:48:40
Албанскиот антагонизам кон македонскиот јазик и Македонците е одработување за идниот грчко-албански сојуз, политика што е скроена одамна во Брисел, уште пред аминот на Глигоров. Албанците и Македонците ��о Македонија живеат како „поскок и гуштер”, едните не знаат за доста, а вториве како да се во депресија. Какви градители - таква куќа, таква држава, таква иднина. Ги блокираа младите генерации да немаат заеднички живот, туку да се гледаат како душмани, и така е од градинка до Парламент... Тешко на граѓаните на Македонија, пак ќе бидат елени за отстрел...
Од: damjan
Датум: 28.07.2009 12:19:05
vo 2001 koga bevme blizu do eu ni napravija vojna...eve denes koga pak izodivme tezok pat odnovo uceni od albancite..od istite onie koi ne plakaat danoci,smetki,pridonesi a se vrabotuvaat vo javna administracija bez pritoa da poseduvaat nekakvi kvaliteti...vo ministerstvata po nekolku plati zema eden clen na dui..na primer vo ministerstvo za ekonomija ima lica sto zemaat plata so resenie na neopredeleno vreme a od drugi dve mesta zemaat licen dohod kako za opredeleno vreme..nevidena lakrdija..dodeka makedoncite so zavsreni fakulteti,postdiplomski studii sedat doma dotogas uckite od dui se polnat so pari za da na kraj i go blokiraat patot na drzavata kon eu...nekoi lugena sajtov pred nekoj den predupreduvaa deka ne treba gruevski da vodi hajki protiv makedonskite politicari bidejki najgolemiot noz v grb ke go dobie od dui toa sega se ostvaruva....sega sto praime?....gruevski ako e hrabar treba na celata banda od dui da i rece zbogum....sdsm padna od vlast zaradi dui i vmro go ceka isto
Од: Avram
Датум: 28.07.2009 12:25:24
Zar mislevte deka tie sto ja zapocnaa vojnata vo 2001-va ke bidat koalicioni partneri bez problemi ?