Трајче Георгиев
актер
Ден достоен за голема возбуда - денеска ми е роденден, а играм и во премиерата на „Троил и Кресида“ во режија на Љубиша Ристиќ, што ќе се игра вечерва во Куршумли-ан во 21 часот. Од утре се подготвувам за престојот во Словенија, каде што од 2 август ќе започнам како режисер да ја работам претставата „Домот на Бернарда Алба“.
Весна Илкова-Гиновска
сопран
По одморот на море, вчера пристигнав во семејната куќа во Галичник. Па денеска се организирам со синовите да шетам по местата на Бистра, каде што како дете ги минував летата. Всушност, собирам енергија за претстојната сезона во МОБ, што за мене започнува на 8 септември со гала-концерт по повод Денот на државноста.
Влатко Плевнеш
музичар
Посебни се утрата што започнуваат со кафе во дворот во семејната куќа во Охрид, од каде што се гледа целото езеро. Потоа одиме со чамец сред езеро и уживаме во летото и благодатите на Охрид. Вечер пак со Силви имам настап во охридското кафуле „Жиголо“. |