Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Загрижени сте за судбината на една женска личност. Се обидувате да помогнете и дејствувате некако, но во тоа тешко успевате. Премногу се грижите, затоа и чувствувате постојан немир и редовни несоници. Бидете приземни и реални, вршејќи ги вашите обврски.



БИК

Бизнисот што моментално го работите, бара добра доза на инспирација, но неа понекогаш ја нема. Бидејќи чувствувате потреба за помош отстрана, ќе бидете прилично разочарани кога таа ќе изостане. Сфатете дека морате, како и секогаш, да се потпрете на себеси.



БЛИЗНАЦИ

Партнерот е заслужен за релативното доброто расположение. Тој секогаш успева да ве извлече од очајот, носејќи ве на некое пријатно место. Независно дали се работи за театарска претстава или домашна забава со пријателите – ќе се чувствувате убаво и ќе се ослободите од стресот.



РАК

Вознемирени сте и прилично незадоволни. Ни сами не знаете која е вистинската причина за ова расположение, но го препознавате, бидејќи се појавува периодично и се постојано се повторува. Бидете свесни дека некои нешта не зависат само од вас, но со волјата можете да ги коригирате.



ЛАВ

Некое добро патување би ве поткренало од мртвата точка и извлекло од секојдневните здодевни рутини. Денот го поминувате помеѓу сонот и јавето, но не се грижете, патувањето ќе биде чиста реалност. Повикајте го партнерот или некој пријател да ве придружува.



ДЕВИЦА

Иако немате конкретни причини за среќа – прекрасно се чувствувате. Ви падна камен од срцето бидејќи на повидок е крајот на непријатностите кои веќе подолго време ви задаваат неудобност и чести главоболки. Бидете трпеливи, оптимизмот ќе донесе поволен исход од настанот.



ТЕРЕЗИЈА

Имагинацијата постојано работи. Сонувате и планирате, но знајте дека мора да бидете и конкретни во повеќето случаи. Доаѓа период кога треба да кренете со зборови кон решавање важни дела. Во одредени ситуации, со добра причина, помагате на луѓето околу вас.



СКОРПИЈА

Нема да има посериозна промена во однос на вчерашниот ден. И понатаму е евидентно дека се нервирате без некоја посебна причина. Не мислите премногу на здравјето. Морате да знаете дека доколку премногу го занемарувате, додека се освестите, може да биде доцна.



СТРЕЛЕЦ

Се трудите само во оние области што неизмерно ги сакате и имате некаква корист. Што се однесува до останатите, ја префрлувате одговорноста на партнерот или на пријателите. Доколку имате покрај себе личност што ќе ги пополнува вашите празнини – секоја чест.



ЈАРЕЦ

Продолжува доброто расположение. Чувствувате потреба и за промена на својот имиџ. На прво место се љубовната среќа и радосните вести од семејството. Кога се чувствувате убаво – изгледате убаво. Изразени се и уметничките особини што ги подзаборавивте со работата.



ВОДОЛИЈА

Проблеми на сите страни. Мислите дека сте решиле еден, се појавува нов. Немојте премногу да се грижите. Важите за личност која знае да се справи со секојдневните предизвици. Бидете свои и немојте да ги слушате туѓите совети. Така само ќе си создадете нови главоболки.



РИБИ

Некој изненаден настан ќе ви го врати доброто расположение. Веќе се обидовте да се откажете од многу работи, но ситуацијата почнува да ветува. Немојте, како по обичај, да градите кули во облаците, наместо тоа, почнете да размислувате и конкретно да реализирате.


#
Најди! во Утрински