Ниту една од трите фирми кои загубија на тендерот за изработка на основниот проект за изградба на трамвајскиот систем, до вчера не поднела жалба за спроведената постапка. Тоа значи дека, најверојатно, проектот ќе го работи најповолниот понудувач - корпорацијата предводена од италијанските фирми „Џанкарло Боно - Долџаго“ и „ Аксиома Десин“, а во која се и бугарската „Проџект билдинг оф транспорт системс“ и македонската „МАК 2000“.
Од Градот велат дека сите рокови за жалби истекуваат утре и се сомневаат дека второпласираната шпанска компанија ќе им ги помати сметките во последен момент. Признаваат дека се изненадени што шпанската „Идом инжинерија“ досега не поднела жалба за спроведената постапка. Таа во однос на корпорацијата, предводена од Италијанците, понудила многу подобар технички квалитет и иновации, но за 160.000 евра имала повисока цена. Италијанците, пак, понудиле послаб квалитет, но биле поевтини.
„Цената беше пресудна. Најповолната понуда беше околу 470.000 евра, што е значително помалку од второпласираната компанија чија понуда изнесуваше околу 630.000 евра“, велат од Градот и информираат дека веќе ги подготвуваат документите за потпишување на договорот со италијанската корпорација.
„Планираме веќе в понеделник да ја официјализираме соработката, оти сакаме колку што е можно побрзо да започне изработката на проектите“, додаваат градските власти, кои веруваат дека утрешниот ден нема да ги изненади. (Дс.Т.)
Koj veli deka Vladata i gazda Trifun ne funkcioniraat? Eve gdedate deka ne e taka. Otkako Gazda Trifun resi da vovede tramvaj, Vladata (za inaet) resi da kupuva 300 novi katni avtobusi.
Од: Goce
Датум: 17.10.2008 01:35:23
Ako ako neka se inaetat samo nie da kjaruvame, kamo srekka da go izgradat tramvajot i da kupat 300 avtobusi, dupli kjar za nas.
Од: аирлија нека вие
Датум: 17.10.2008 03:22:56
Трамвај наречен желба,ама ко гледам Џунгла на асфалтот.....абе ке се угушите.....плоштадот отиде,трамвај,автобуси ке се загушите,илјадници згради имате,кинески зидови...од сателит на гугл сте го виделе СК погрд град во свет нема....без урбанизам,отворете како изгледа,ај да од овие што ги прајме подолни од нас Софија ке видите како е урбанистички како се глед на гугал,кај во дупка цело Скопје, ке појдете јабана кој ке ве вади......а и 1оо катници.....се секавам пред неколку години викаа дека и друг земјотрес претстои и дека не треба да се гради многу,вие пак.ке не барате нас од провинцискиве вукојебини....