Што прават денеска
Билјана Петровска
пијанистка
Денот ми е во знакот на гостувања во ТВ-емисии, во функција на најава на утрешниот концерт на дуото „Пан“ на „Есенски музички свечености“. „Утринското“ кафе со колегата од дуото го пиеме откако ќе завршиме со гостувањата. Вечерва имаме генерална проба на програмата со делата на Џампјери, Мајстер и Гершвин. Концертот ќе се случува утре, во Музејот на град Скопје, од 20 часот.
Љубомир Чадиковски
дир. на Театар за деца и младинци
Во театарот имаме молери и сите уметнички активности ни се условени од темпото на нивната работа. Ама моравме да го освежиме Театарот за деца и младинци. Додека работат молерите, ги правиме подготовките за почеток на пробите на новата претстава „Алиса во земјата на чудата“.
Јордана Тодоровска
наставничка
Голем дел од денот ми е исполнет со обврските околу наставата со моите ученици во ОУ „Страшо Пинџур“. Сепак, успевам да ги координирам работните обврски, времето за семејството, како и за размислување за продолжување на приказната од мојот прв роман „Кој сум јас“, кој обработува неколку лични судбини од егејската голгота. |