Хороскоп
ОВЕН
Овновите во периодов се окупирани со уметноста. Умеат да уживаат во креативната работа, независно дали станува збор за нивни труд или за некој посебно драг. Иако ве има насекаде, вие умеете да стигнете навреме. Вам ви одговара секој астролошки знак, прашање е само кој е моментално актуелен.
БИК
Дали сте забележале дека постојано истакнувате дека сте најпаметни? Не можете да претпоставите колку и' пречи тоа на вашата околина. Не можете така да се однесувате, бидејќи другите добиваат впечаток дека се помалку вредни од вас. Особено ако сте во брак, помислете како му е на партнерот да ве има во близина.
БЛИЗНАЦИ
Секогаш кога станува збор за некакво ограничување, вие сте први. Живеете според некои правила кои за околината се тешки да ги прифати, па затоа се одлучуваат на пасивна комуникација. Метаболизмот ви е лош, па е можно да се јават проблеми со дигестивниот систем. Намалете со кафето и цигарите.
РАК
Иако ситуацијата во која се наоѓате ќе бара од вас многу трпение и сталоженост, сепак, не може без нервоза. Одлуките донесени во афект може да ве чинат повеќе од планираното, зато�� внимавајте и промислете малку. За вас фатален овие денови е Овенот, бидејќи кога ќе се здружите, настанува пожар на страсти.
ЛАВ
Бидејќи постојано мислите дека можете да ги расипете односите со партнерот, ве мачат љубовни проблеми. Разочарувањето има своја причина, а таа се наоѓа во вашата природа. Не сте секогаш подготвени за компромис, а за промени уште помалку. Со тоа темпо нема да стигнете никаде.
ДЕВИЦА
Соработниците ги поздравуваат вашите идеи и позитивно ја оценуваат вашата улога во различни ситуации. Љубовниот ребус е невозможен да го решите без искрено соочување со саканото лице. Некој влијае на вашата емотивна несигурност. Има ли решение за врската со партнерот.
ТЕРЕЗИЈА
Бидејќи сфативте дека не се живее од размислување, одлучивте да започнете со акција. Со оглед на тоа дека брзо донесувате одлуки, внимавајте да не направите грешка што би можела многу да ве чини. Со родените во знакот Риби би можеле да остварите добра соработка која би можела да резултира со поволна материјална добивка.
СКОРПИЈА
Скорпиите во последно време уживаат во д��уштво на уметнички настроени души. Креативната страна е изразена, па затоа разговорот со одреден профил луѓе ве чини посебно среќни. Денот е одличен и за љубов, особено ако ги примате позитивно вибрациите од една Девица. Но, за вас Овенот е идеален избор.
СТРЕЛЕЦ
Постојано сте фокусирани на работата. Денот е поволен за склучување договори и затоа слободно впуштете се во преговори. Бидејќи ви е изразена менталната страна, многу лесно ќе успеете да избегнете нечија измама. На емотивно поле најдобар избор е Лавот.
ЈАРЕЦ
Се чувствувате добро и покрај променливото расположение, но тоа е сосема нормална појава за вас. Ви пречат лицата кои не можат да ја проценат вашата реална можност во однос на работата, но од друга страна и вие не сте доволно отворени за комуникација со другите. Поддршката понекогаш може да се изрази само во зборови.
ВОДОЛИЈА
Доколку сакате се' да ставите во формат, тогаш навикнете се на одбивање од другите. Никој не сака да живее во затворен круг, а вие најдобро го знаете тоа бидејќи уживате во својата слобода. За вас е потребен партнер што ќе ве спушти од облаците. Затоа потрагата завршува кај фаталниот Овен или страсната Терезија.
РИБИ
Во опкружувањето се трудите да ги истакнете своите способности, но околината едноставно нема разбирање за вас. Можеби помалку претерувате, затоа што некој навистина сака да ви излезе во прилог само доколку му дадете шанса. Проблемот овој пат е во вас, затоа Јарците и Скорпиите се идеална комбинација за вас.
|