Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Афера во Фондот за пензиско во Битола

БИТОЛА - Фондот за пензиско осигурување во Битола го тресе голема афера. Над 30 битолски стечајци се стекнале предвреме со пензии откако службеник во Фондот, потпомогнат од надворешни лица, им го фалсификувал работниот стаж во книшките на потенцијалните пензионери се' до правото на пензија.

Дознаваме дека фалсификатот најпрвин бил откриен со внатрешна контрола на Фондот по што веднаш била известена битолската полиција, која отворила широка истрага за овој случај. Инаку, и двете страни не сакаа официјално да го коментираат овој скандал.

Неофицијално, се дознава дека по откривањето на аферата сомнително стекнатите пензии на битолските стечајци веднаш им биле ставени во мирување, а се' уште се трага уште колку од нив се офајдиле со пензии на ваков начин. Наводно, со незаконски пензии се стекнале не само стечајци туку и лица кои биле прогласени за технолошки вишок и ним осомничениот вработен во Фондот им го допишувал потребниот стаж и уредно им ставал печат од ликвидирана фирма или пак од фирми кои воопшто не постојат, а потоа, како што е редот, ги запишувал во официјалните документи.

Истрагата се сомнева дека во оваа афера се вклучени и повеќе надворешни лица кои за одреден паричен надомест посредувале и ги наоѓале потенцијалните пензионери. Во полициската истрага допрва ќе треба да се утврди кој е вмешан во овој скандал со битолските стечајци и технолошки вишок, колку пензионери добиле право на пензија со фалсификуван стаж и за колку го оштетиле ПИОМ. (А.Б.)


Статијата е прочитана 902 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Македонија двапати направи политички мотивирана амнестија
Полицијата и одбраната имаат најголеми дискрециски права

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.