Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Експрес-лонец

Слободанка Јовановска

Светот станува голем експрес-лонец. Врие на Блискиот Исток, врие во Грција, вриеше во Шпанија а сега веќе и во Велика Британија. Колку и да немаат заедничко сите овие кризи, впечатокот е дека ниту една земја не може веќе да биде сигурна дека тоа што го гледа на телевизија, утре нема неа да и се случи. Некои самите брзаат во тој правец, повеќето ќе бидат колатерална штета на светските финансиски случувања. И британскиот премиер Дејвид Камерон стоел запрепастен пред телевизорот кога го гледал насилството во Велика Британија, прашувајќи се зарем е можно тоа што гори да е неговата земја, додека тој се одмара во Италија.

Британските медиуми безредијата ги нарекоа незамисливи но и неодминливи, иако главната тенденција е да се известува за нив како за вандалство кое нема врска со политиката. Тешко е сепак да се објасни дека излегле на улица толку многу луѓе само за да крадат и за да уриваат, и дека половина Англија е во хаос без никаква посериозна причина. Што е тоа што една ваква средена демократска држава со кредитен рејтинг ААА (сега подобар и од САД) ја доведе во ваква ситуација и може ли ваквата „експлозија“ да и се случи и на Македонија, колку и да се создава атмосфера дека нашата земја е атипична во се', па и околу овој тренд? Апсурд е дека настаните околу не ја тангираат и нашата држава и дека, благо��арејќи на изолираноста, не стигаат до нас светските трендови.

Весникот „Дејли телеграф“ вчера оцени дека во Велика Британија живеат две нации (богата и пониска класа) и дека таквата социјална нееднаквост која постојано се зголемува, се следи со индиферентност од тамошната политичка елита. Дека твитер револуцијата во арапските земји и се случува и на оваа држава и дека за ваквиот обем на насилство не недостасувала причина туку само фитиљ. Дека состојбата ескалира со финансиската криза во светот, која испровоцира поголема невработеност и разни финансиски кастрења. Но, дека протестите се сепак симптом на поголема болест на британското општество, на фрустрации кои место да се решаваат се игнорирале или ставале под тепих.

Иако во Македонија нема исти фрустрации како во Велика Британија, тие се многу побројни и поопасни. Впрочем кредитниот рејтинг на Македонија не е во горната туку во долната половина, опишана како несигурна и шпекулативна. Велика Британија исто така нема кревки меѓунационални односи, нема партизација, нема невработеност од над 30 проценти, нема просечна плата од 300 евра, нема вакво ниво на корупција, нема малтретирање за пасоши, сини картони, катастарски потврди...Дури и медиумите не се во криза поради недостиг на слобода на изразување туку обратно, поради нејзина узурпација. Нема граѓани, како во Македонија, кои бараат начин како да избегаат и јавност на која никој не чувствува потреба да и даде отчет, а тешко неа ако го побара тоа.

Во Македонија фрустрациите не се кријат туку се санкционираат, а вентилот за да се испуштат на демократски начин опасно е затворен. Тој што не отворил Фејсбук и Твитер деновиве не знае до кое ниво веќе врие и нашиот експрес лонец, слично како Камерон деновиве чија земја од навидум најидиличните, падна кај нестабилните - побрзо и од акциите на светските берзи.


#
Статијата е прочитана 1453 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 11.08.2011 00:24:11
Eden Britanski kolumnista vaka gi objasnuva nemirite:"Koga nekoj doma ima 4kukni pomosnici koj mu gotvat,cistat,kosat treva,mu nosat cokoladi vo krevet,a drugi na ulica gladuvaat,normalno e da se pojavi revolucija".Drug kolumnist vaka opisal:"Koga mozat bankarite i brokerite da sedat pred kompjuteri i da go kradat narodot, togas moze i narodot pred kameri da krade".Ednostavno po se izgleda deka komunizmot vo 21vi vek ke se vrati na golema vrata,a Marx povtorno ke stane"hit".Nekoj povtorno se osili i si zede za pravo da go pljacka i kolonizira svetot kako saka,mislejki deka nema koj da gi sopre. Ama izgleda, ima nekoj.Doaga vreme na onaa poznatata izreka"Proleteri od site zemji,obedinete se".Na nekogo ova nema ama bas voopsto da mu se dopadne.
Од: USA
Датум: 11.08.2011 03:09:21
Cobe, terminot "VRIE" bese udaren na A1 edno vreme (dur ne skuva). Dosta go plasite narodot so nemiri. Site svatija deka sakate da se doberete do vlast preku HAOS........NE SO IZBORI.
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 11.08.2011 04:08:24
Jas Ljubotan, so godini velam: Makedoncite ja Izgubile Kicmata,isto kako i Amerikancite.Samo Francuzite i Grcite do sega Pokazale ,deka imaat Kicma! Eve sega, i nekoj Daleku Istocni vo Engleska sakaat,ama Englezive se po Krvolocni ,nego bilo koj ,drug narod vo EU Mozebi i ova noze da prerasne,da bide bide,posle Arapskata Prolet; EU Leto il EU Jsen!, DAJ BOZE!
Од: Трпе
Датум: 11.08.2011 08:28:49
Нашиот експрес лонец не е опасен,нема ниту капак ниту потреба од вентил.Ние слободно може да се пржиме како во бакарно тавче и на крај ке кажеме дека ни е многу убаво.Друго и не смееме да кажеме.Чекаме некој друг дали пржени или недопржени да не извади,без разлика што сме осакатени.
Од: Tina
Датум: 11.08.2011 09:30:06
Steta da ljugeto mora da si brkat nova zemja za opstanok, i taka drugite zemji se plnat so ne sakani broj ljuge. Koji i po selidbata, si terat po staro, a toa ne e korisno vo novata sredina. I taka, ke stane graganska vojna, a kriminal e naj lesno i od rabota. Koj e kriv?? Tie zemji koji ne sakat da se mrdnat vo nova civilizovana pateka i da im pomognat na svoite. Tie zemji koji so napusteni gragani, edvaj cekat da tie si odat vonka od zemjata, taka da po malce pari odi na trosocite za ljugeto. Svoi ljuge koji se zasluzni na promena na politikata a i religijata. Ete zosto e taka. Koj roditel ke kaze, 'drugite neka gi gledat moite deca'?? taka i so drzavite. I sega Anglija ne im e dobra?? Neka si odat nazad vo tim bak tu, moze bi po dobro ke im bide.?
Од: Tatko i na Tina od Mars
Датум: 11.08.2011 13:49:56
E,pa Tina,zatoa i ti velam, vrlo intimidirano,da si gres doma na Mars!Ke te fatat tie kleti Astraljanci od kaj si survala,pa ke te sednat na vistinata!

Најди! во Утрински
Едиторијал

"""