Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



ОВЕН

Ве очекува исклучително неповолен ден, преполн со стрес, првенствено поради семејните околности. Може да се случи да реагирате бурно, а потоа да ви биде жал. Прилив на пари преку работа.



БИК

На работа треба да обратите особено внимание на комуникацијата. Постои можност да донесете одлука за промена на работното место, или да добиете отказ. Во семејството атмосферата е добра.



БЛИЗНАЦИ

Денеска ве очекуваат проблеми на полето на финансиите. Неочекуваните трошоци ќе ве исфрлат од рамнотежа. Во добар дел причина за тоа може да биде ваш пријател, па извесна е мала расправа.



РАК

Повремено се ограничувате себеси кога е во прашање работата. Немате доволно самодоверба и не давате максимум, па поради тоа денес се можни компликации на работното место. Здравјето е добро.



ЛАВ

Во полна сила сте. Вашиот шарм никого не го остава рамнодушен, па многу нешта можете да постигнете без многу мака и залагање. Она што ви претставува проблем е силната нервоза што тешко ја контролирате.



ДЕВИЦА

Ви се чини дека никој не ја разбира вашата фаза на целосна збунетост, но немојте да се чувствувате лошо поради тоа. Само треба да размислите пред нешто да направите за да не ја повторувате постапката.



ТЕРЕЗИЈА

Лошиот ден на работа ќе се одрази и на вашиот приватен живот. Потрудете се проблемот да го оставите таму каде што му е место, а не незадоволството да го трпи вашиот партнер. Финансиите се нестабилни. Здравјето е солидно.



СКОРПИЈА

Доколку моментно сте на пат, може да се случи да добиете лоши вести од семејството. Тоа што ќе го слушнете нема да биде ништо страшно, туку само минлив мал проблем, па слободно опуштете се и уживајте до крај.



СТРЕЛЕЦ

Ви претстои солидна парична добивка, поради која искрено ќе се израдувате. Во текот на целиот ден ќе бидете добро расположени. Можни се тешкотии на емотивен план. Здравјето е добро.



ЈАРЕЦ

Некои работи не можете да ги избегнете. Доколку сте во брак, моментниот проблем што го имате во односот со партнерот сфатете го како еден вид испит. Не е се' толку црно. Трошоците се помали.



ВОДОЛИЈА

Многу сте исцрпени, што силно се одразува на вашето здравје, па неопходно е да поведете сметка. Моментно треба се' да запоставите и да оставите настрана. Партнерот е ваша најголема поддршка.



РИБИ

На работа немате проблеми, но финансиската ситуација е многу полоша. Порационално располагајте со парите. Врската што ја започнавте има перспектива доколку почнете да покажувате повеќе страст.






































#
Најди! во Утрински

"""