Број 3380  понеделник, 13 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма
Опозиција без граници

Ѓорги Арангеловски, Битола


Живееме во време во кое предрасудите не претставуваат табу-тема. Но, дали навистина е така? Секако дека не е. Така и движењето на човековата мисла и напредокот во свеста на секој човек не можеме да ја ограничиме во некои однапред познати граници. Тоа е нешто што не може да се контролира. Процесите што неминовно се случуваат и влијаат на секој човек, јасно ни дава до знаење дека тие или можат да ја подобрат фактичката ситуација или не. Мајстори на тие процеси се, секако, политичките фактори. Дали нашата опозиција има план и програма за работа? Дали окрупнувањето на опозицискиот блок претставува чекор напред кон освојувањето на власта? Некои ќе речат да, но тоа претставува мал чекор за опозицијата, но голем пекол за народот. Излитени фаци, потрошени политичари, исцрпени организми без јасна визија, но со бледа позадина. Политика на која иницијалната каписла одамна го завршила своето. Чекорејќи кон ЕУ, постојано ни се наметнува како долг од минатото, крајно нечовечкото и бескруполозно шпионирање. Поигрување со човечки судбини со цел приграбување на што повеќе власт. Да. Тoa e таа истата опозиција што сега држи лекции како до подобро утре и уште посветло сонце што ќе не' огрее. Некои ќе речат: Светот останува на младите. А тоа и не може да биде поинаку освен ако некои стари волци сакаат уште да гризат од „коската“ што ја гризеле со децении. Времето одминува, но како одминува, игрите што долги години се играле во овој „премал“ двор никако да престанат, тие истите па истите постојано ги повторуваат како да немаат граници. Граници, кои за опозицијата или не постојат или не сакаат да ги има.

#
Статијата е прочитана 884 пати.

Испрати коментар

Од: goran
Датум: 13.09.2010 12:17:40
Vizijata nema vrska so godinite,no znaenjeto ima.Zatoa vo normalnite drzavi na odgovorni drzavni funkcii nema politicari pomladi od 45-50 godini,a mnozinstvoto se postari od ovoj minimum i so najmalku 20 godini staz na poniski politicki funkcii.
Од: Hari
Датум: 13.09.2010 13:13:40
Nisto konkretno vo tekstot, kopija na presovite na Bicikliski. Nitu eden zbor za pozicijata i pomorot sto go napravi so Makedonija, kriminal na koj moze i Ak Kapone da pozavidi. Kritika so fakti da no vaka pismoto retstavuva samo platen politicki pamflet.
Од: b
Датум: 13.09.2010 13:13:53
Си ги измешал лончињата. Да се фали власта, разбирам, да се критикува, исто така, да и се предлага нешто, доликува, ама да се бавиме со опозицијата, која нема никаква моќ, е тоа е апсурдно. Тоа е само во главата на Груевски, немајќи никаква работа, помеѓу фрлања на две лопати, само да се размислува нешто што било пред години. Така и неговите поданици, не е важно што сега, уште помалку е важно што утре, важно е што било некогаш.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.09.2010 17:02:35
Нема нешто коментаторско виножитно-помодрено од типот,,аааа колку те плаќаа,седиш земаш плата нас да не нервираш ,, и други прос��етлени-неаргументирани атаци.По се изгледа почнаа да сваќаат да бледилото не било профинета карактеристика туку безидејност,очај и беда.Инаку делењето лекции им е омилен хоби ама народов никако да им верува.По се изгледа тој што дели лекции ептен него бива,до него ќе да е.
Од: Nikola
Датум: 13.09.2010 17:51:45
Pa zatoa veke 4 godini po red skokaat vo mesto. Narodot pameti i znae da pravi razlika!

Најди! во Утрински
Писма
Митот дека ВМРО-ДПМНЕ е чесна партија - е лага