Број 3380  понеделник, 13 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп


Овен

Прифатете ги туѓите сугестии и ублажете го проблемот. Добро ви доаѓа дружењето со истомислениците, па воспоставувате друштвени контакти. Желбата за љубов е силна и најверојатно ќе резултира со покана до потенцијалниот партнер за состанок. Во вашиот живот се' оди во крајности.



Бик

Само што ќе се релаксирате и ќе почнете да уживате се појавуваат случувања што не ви даваат мир. Некои работи не сте ги направиле како што треба, а тие се врзани со здравјето. Во прашање е исхраната. Пожелно е да биде што поквалитетна, а колачите да ги замените со овошје.



Близнаци

Се обидувате да го споите корисното и убавото. Работите со љубов, уживате, а истовремено сакате и да заработите пари. Доколку не добиете пари овие денови, наскоро сигурно ќе стигнат во огромен износ. Иновативните Близнаци ќе имаат среќа без многу труд да заработат.



Рак

Имате обврски што ги прифаќате одговорно. Додека сте концентрирани на решавањето на деловните и на другите проблеми, не чувствувате напнатост. Штом ќе настапи вакуум, инхибицијата станува составен дел од вашиот животен став. Имате проблеми со забите и со коските.



Лав

Чувствителни сте на се' и на секого, па се советува дистанцирање од луѓето кои ве оптоваруваат, како и напорни случувања. Обидете се да си угодите себеси, кога тоа не сакаат да го прават другите. Најдете внатрешен мир, другите само ви одмагаат. Свртете се кон семејството и спортот.



Девица

Исцрпеноста укажува на тоа дека сте се префорсирале или не сте го добиле она што ви е потребно. Доколку се свртите кон аскетското однесување и мистичните теми, имате шанса да ја избегнете болеста. Во спротивно, го комплицирате животот. Размислете за саканото лице. Зошто толку љубомора?



Терезија

Штом лошо се чувствувате, станувате хипо��ондрични. Причини за такво однесување има, а заморот е само една од нив. Главен проблем е сознанието дека вложувавте во нешто за што можеби не е вредно да се трудите. Не очајувајте, туку обидете се да се извлечете од непријатното искуство со поука.



Скорпија

Нервозата полека исчезнува. Се изгледа поедноставно и со успех го надоместувате пропуштеното. Важно е да посакате нешто и во таа насока да функционирате. Доколку сте биле внимателни во комуникацијата со Лавот, денеска прифатете го како неминовност. Посилни сте од него.



Стрелец

Доживувате фатални моменти со фатално лице. Овој ден ќе биде незаборавен за повеќето припадници на овој знак, секако, во позитивна смисла. Малку се оние што имаат проблеми од здравствена природа. Максимално уживајте со саканото лице.



Јарец

Љубовта е главна поттурнувачка сила на денот. Функционирате под нејзино силно влијание. Поседувате физичка сила и желба да разменувате нежност со саканото лице. Осамените припадници на овој знак имаат проблеми. Се советува да се занимаваат со спорт, или да се дружат со најблиските.



Водолиј��

Додека летате во облаци и губите време, другите ја заземаат вашата позиција. Додека мудрите се надмудруваат, паметните живеат. Вистински момент е да се опаметите и да почнете да размислувате во врска со околностите. Сменете го начинот на исхрана.



Риби

Општата исцрпеност ве фати неподготвени. Склоноста кон инфекции и вируси укажува на намален имунитет. Преземете нешто конкретно во врска со тоа. Практичната страна на личноста моментално е загрозена. Чувајте ги парите и документите.


#
Најди! во Утрински