ВМРО-ДПМНЕ прослави 21. роденден
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прослави 21-годишнина од своето постоење. На прославата, која се одржа на отворено во кругот на Музејот на современа уметност на скопско Кале, дојдоа претставници од македонската политичка, бизнис и дипломатска елита, како и голем број новинари.
„Родендените се моменти кога одбележуваме, се потсетуваме, прославуваме. На некој чуден начин, Бог пред речиси секој роденден ја зголемува нашата радост со по една голема победа“, рече Груевски во роденденскиот говор.
„Ја имаме историската одговорност како лидери уште поинтензивно да го продолжиме општонародното движење, да ја зголемиме нашата одговорност, да вклучиме што поголем број граѓани што веруваат и се залагаат за силна, цврста и напредна Македонија“, рече лидерот и премиер Никола Груевски. (П.Р.) |