Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Пресудата за Скопје

Деспина Трајковска

Веќе нема дилеми дали во срцето на Скопје ќе има црква, од другата страна на Вардар две деветкатници, скулптури на секој чекор, лавови на мостот „Гоце Делчев“... Уставниот суд посредно го скрои ваквиот урбанистички лик. Оправдано или не, мислењата се поделени. Додека едни сметаат дека е апсурдно што урбанистичкиот печат произлезе од судските лавиринти, другите се убедени дека судот само ги потврди стручните визии за изгледот на Скопје.

Но, едно е јасно. Градскиот татко безуспепшно ги оспори контурите, сметајќи дека тие незаконски се прецртувани и тоа наменски во два наврата, еднаш за црквата, а потоа и за новиот деветкатен дом на Уставниот суд. Крајниот епилог само отвори низа прашања.

Има ли потреба од урбанисти, јавни дебати, граѓански анкети, мислења на надлежни стручни институции, кога некој неповикан се става во улога на автор на урбанистичкиот развој?! Крајниот збор е во рацете на едни, а на одговорност, некогаш, сигурно ќе бидат повикани други. Кој друг ако не градскиот татко, чиј збор во ситуацијава нема никакво значење. Неговото мислење бестежинско лебди во воздух, а и нема никаква улога во раѓањето на урбанистичките визии на градот. Можеби токму сега ова е аргумент плус законските рамки за функционирањето на Скопје колку што е можно побрзо да претрпат корекции. Со тоа не само што ќе се оствари оправданата двегодишна битка на Трифун Костовски за менување и усогласување на законите туку новиот градски татко ќе си отвори простор за остварување на неговите проекти. Ќе мери и ќе сече заедно со општините кои сега го имаат главниот збор во урбанизацијата. Така, се чини, ќе се стави крај на неизвесниот урбанистички развој на градот, кој сега е резултат и на локални желби и соништа.


Статијата е прочитана 1232 пати.

Испрати коментар

Од: ANGEL
Датум: 27.02.2009 00:27:26
Vo totalitarni drzavi za izgledot na gradot, za urbanizmot i arhitekturata ne odlucuvaat arhitektite i urbanistite tuku politicarite! Koga se obedinija istocna i zapadna Germanija, mnogu zgradi od vremeto na komunizmot se sruseni.Dali i nas ne ceka istoto koga ke pomine ovoj nas nov komunizam?! Da se stramis kaj zivees!
Од: Makedonec vo EU
Датум: 27.02.2009 00:31:58
Ovcite sakaat da ziveat opkruzeni so infantilen turbo-folk kich, isto kako i vladata koja ja izglasaa. Kakov narod, takov glaven grad :))
Од: dejan
Датум: 27.02.2009 00:54:13
zalno ama vistinito... nema prostor za pogolem komentar,rabotite se jasni kako den da se nadevame deka nema da im tekne nesto da docrtuvaat koga i onaka centarot veke go unakazija samo se plasam sega nekoj da ne ja pobara nekogasnata dzamija... P.S.skolska preslikaj se,ne te znam vakva imas i poubavi izdanija:-D
Од: ljupco,bitola
Датум: 27.02.2009 05:54:27
А кој ве повика вас да судите за одлуката да се гради црква на место каде таа одсекогаш постоела.Ете сега и со судска одлука е потврдена и тоа од вашиот омилен уставен суд.На плоштадот во центарот на Скопје ќе има црква,а дали ќе се вока Св.Костадин и Елена,или Св.Никола,пак нема вие да решавате,ами народот.
Од: citetelka2
Датум: 27.02.2009 08:49:53
Mnogu si pameten Ljupco! Po tebe, Bitolcanec treba na Skopjani da im kazuva deka sakale nie ili ne KE IMA crkva....malku narodbodavacki kako i vprocem od site tvoi istomislenici Ne e za cudenje, ako sudime spored ona sto go kazuvas sto nema debati za bilo kakvi gorlivi prasanja, tuku samo dekreti. Pa dragi Skopjani, ako voopsto ne ima, aj da si go kazeme nasiot zbor. Vo sprotivno kako komu ke p... ke menuva planovi i zagusuva prostori (kako na pr.kaj Domot na ARM).
Од: Baba Jana
Датум: 27.02.2009 08:53:46
Do dezurniot komentator L:jupco od Bitola Od kade pak ti znaes deka na plostadot imalo crkva?Crkvata "Kostadin i Elena" bese na mestoto na Trgovskiot centar, a nikako na plostadot. Tamu imase golema fontana. Ti komentiraj za ureduvanjeto na vas Sirok sokak, a ne za skopskiot plostad.
Од: do pilotot Ljupco
Датум: 27.02.2009 09:30:49
Masala poln si znaenje. Da ne bese ti od Bitola nie sto cel zivot ziveeme vo Skopje nema da znaevme kade bese crkvata Sv. Konstantin i Elena. Vcera sakase da pilotiras so oklopen transporter. Utre kojznae sto ne ke izmudruvas."Svakog dana u svakom pogledu sve vise napredujes".
Од: до љубчо, од бт
Датум: 27.02.2009 11:06:02
Што бараш ти во оваа земја во која што уставниот суд не е твој? Уставниот суд е на народот на Македонија и според тоа ти мора си некој изрод или марсовец. Поради тоа немаш никакво право да се повикуваш на народот чии што не си дел.
Од: fani-do_dejan
Датум: 27.02.2009 11:11:47
dejan vo pravo sı alı mnogu malku gı ıma tıe skopjanı şto znaat za djamıjata vo desnata strana na ploştadot segaşnıte skopjanı sıte se doşlaci od negde.skopje bıllo do 1963g.posle toa poçna doşlacıte dase skopjani
Од: Ратко
Датум: 27.02.2009 11:23:22
ЛУДИЛО. Во услови на криза и беспарица имасовни отпуштања кои следат, поважно им е парите да се дадат за мртвите отколку за живите луѓе.
Од: Prilepcanec
Датум: 27.02.2009 11:23:31
Vladata e kako nevesta-ja kitis,ja kitis, a nikako da ja skries nejzinata glupost.Sto e toa sto pred nejzinata zgrada se staveni anticki figuri na misliteli-deka ministrite se filozofi,sto li.Sto e toa sto e obvitkana so znameto-deka e potriotska,sto se tie nedefinirani sovremeni skulpturi,koi mesto da si ostanat vo ateljeata na skulptorite,se postaveni na soobrakajnici i raskirsniti-da se sopnuvaat lugjeto,sto li.Nema spas,dodeka narodot ne go pobara.Ja znaete onaa prikazna,koga sinot,otkako ja izvrsil osvetata za ubieniot tatko,majkata zdivnala so pogled kon neboto i rekla -imalo Gospod,sine,a sinot odgovoril:i na Gospod trebase da mu se pomogne,majko.
Од: Do Ljupco , ili Ljubco?
Датум: 27.02.2009 11:27:05
Aman Ljupco ziti leb, dosta se povikuvas na NARODOT samo zatoa sto 30% od nego glasale za ktitorot na crkvata Sv. Nikola na plostad. Razberi deka vo Makedonija ziveat uste 70% koi ne se od tvojot "NAROD".
Од: Predrag Terzioski
Датум: 27.02.2009 12:53:49
A dali e ustvno vo sekularna drzava (barem spored ustavot) izgradba na sakralni objekti da se finansira od budzet? Dali e ustavno samiot proekt direktno da go realizira vladina institucija vo ovoj slucaj Ministerstvoto za Kultura? Ako odgovorot e -da,togas DUI vednas treba da zapocne inicijativa za izgradba na grandiozna dzamija koja ke se finansira i realizira na ist nacin.
Од: Skopjanka
Датум: 27.02.2009 15:03:28
Vo moite sekavanja od posle zemjotresot, a spored nekoi sliki i pred nego, ostanata e slikata na Kameniot most zaedno so zgradata na Ibni Pajko i zgradata na Bankata. Po taa slika Skopje se prepoznava, isto kako sto Bitola se prepoznava po slikata na Sirok sokak. Dozvolete taka i da ostane. Ne ja nagrduvajte so nekoja nova devetokatnica. Pa kade ke ja sobere taa zgrada na toj mal prostor koj treba da se pretvori vo setaliste ili vo prostor kade ke se prodavaat stari knigi i antikviteti ili cveke. Ne go nagrduvajte gradot samo zaradi svojata sueta. Predomislete se dodeka ne e kasno. A i crkvata na plostadot ke bide golemo promasuvanje i stesnuvanje na plostadot.
Од: Verag
Датум: 27.02.2009 15:56:20
A koj патебе,фашисту Љупчо,те повика од престолнината на малогранштината,да кажуваш каков ќе биде центарот на градот во кои ние сме се родиле и живееме?До плоштадот имало и џамија,можеби вашиот пастир заедно со ДУИ ќе ја реконструира? Вашиот кич и примитивизам нека ве води за градби на башите куќи и дворови.
Од: skopjoljubec
Датум: 27.02.2009 16:01:03
Plostadot odolea na se i sesto niz godinive, ama na antickive varvari nema da moze da im se sprotistavi.Vo 21 vek crkva do crkva,a na popovite ocigledno im falat javni kuki.Da zivee kicot i VMRO
Од: Од редовен читател
Датум: 27.02.2009 16:20:23
Абре Љупчо, недоквакан еден! Абре, кога Господ делел простота, ти си се избуткал во првите редови и си заграбал највеќе. Зарем не гледаш дека не те бидува за коментари, остави тоа да го прават луѓе кои размислуваат со своја глава. Ти предлагам да не се јавуваш повеќе, туку да читаш и да учиш. Ќе ти треба!

Најди! во Утрински
Втора страница
Македонија не го заборава наследството на Трајковски
Verbatim