Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Мислења

Без ракавици

Кога овците учеа да летаат!

Јосиф Ќурчиев

По десетина дена еден куп кандидати за највисоката функција во државава и за локални шерифи и советници ќе излезат со своите идеи за нова светла иднина

Најнапред да потсетам: членови на сега веќе легендарниот „Летaчки циркус на Монти Пајтон“ беа Греем Чепмен, Џон Клиз, Тери Гилијам, Ерик Ајдл, Тери Џонс и Мајкл Пајлин. Меѓу 1969 и 1974 година тие создадоа четири телевизиски серии со вкупно 47 епизоди. Мојата генерација имаше среќа да ги следи во годините потоа, но тие не беа загубиле ништо од својата актуелност и „исчанченост“, подеднакво како што би било и денес. За жал, нема кој да ги емитува, веројатно токму поради нивната безвременост, а сигурно и затоа што во нив би се препознале многумина актуелни таканаречени политичари, бирократи, експерти за сешто-ништо и други квазитипови од различни општествени и културни милјеа. Многу подобри за заглупување се „штосовите“ на Бени Хил и тие можат да се емитуваат, за разлика од „Монти Пајтон“ кој боде и тера на размислување, а размислувањето, познато е, опасно е и го расипува карактерот. Од тие причини сметав дека е упатно да ги потсетам оние генерации што ја имаа среќата да ги видат епизодите на „Летачкиот циркус на Монти Пајтон“, и оние што ја немаа, да запознаат дел од нивната брилијатност, барем преку еден скеч кој тече вака:



Маж: А, сега...

Спикер: Летачкиот циркус на Монти Пајтон!

Се појавува меѓунаслов: „ОВЦИ“

(Сцена: Пасиште. Чистокрвен овчар, со валкан мантил и изветвен шешир, се потпира врз портата. Му се приближува еден градски денди, очигледно на одмор. Цело време се слуша ’мекање’, но не може да се види ниту една овца).

Денди: Добар ден.

Овчар: Ден...

Денди: Убаво време денеска, нели?

Овчар: Даа, даа...

Денди: И Вие сте на одмор, или?

Овчар: Нее... Јас живеам овде.

Денди: Ох, па и тоа е многу убаво. (Гледа кон полето пред него. И тој се потпира). Се извинувам, дали се тоа можеби овци?

Овчар: Даа...

Денди: Ах, да, па тоа се гледа, само... ама, што прават таму горе на дрвјата?

Овчар: Мошне оправдано прашање. Прашање што и мене особено ме окупира во изминативе недели. По зрело размислување, дојдов до заклучок дека тие таму се гнездат.

Денди: Се гнездат!?

Овчар: Даа...

Денди: Како птици?

Овчар: Даа... Токму така. Птиците се клучот на овој проблем. Според моето мислење, овие овци се во заблуда дека се птици. Посматрајте како се однесуваат: на пример, нивното настојување на задните нозе да го прескокнат пасиштето. (Во заднината се слуша мекање; обајцата со поглед ги бараат невидливите извори на шумолење). И сега, следете ги нивните обиди да летаат од дрво на дрво. Гледајте колку помалку летаат отколку што паѓаат. (Звук на овца што се струполува). Погледајте ја, на пример, онаа мајка-овца на оној даб отспротива. Очигледно се обидува да го обучи своето јагне да лета. (Мееее....трааас!). Е, токму тоа се случува кога слепецот води слепи.

Денди: Но, зошто сметаат дека се птици?

Овчар: Повторно, оправдано прашање. Едно е сигурно: овцата не е создадена да лета. Дури и сосем лесното седење на гранка и' предизвикува нечуени тешкотии. (Трааас-бум!) Како што гледате. А, што се однесува до летањето – нивните тела ни најмалку не се дораснати за проблемите за лет во воздухот. За жал, овците се исклучително тврдоглави. Ако си замислат нешто, не дозволуваат лесно да бидат одвратени.

Денди: Но, како воопшто можеле да дојдат на таква помисла?

Овчар: Преку Харолд. Тоа е оној брав отспротива, под јаворот. Тој е воопшто најопасниот ѕвер – многу е итар. Харолд е главниот овен. Тој процени дека животот на една овца се состои во тоа неколку месеци да се мота по пасиштето и потоа да биде изедена. Што е прилично депримирачка перспектива за амбициозен овен како него. Тој едноставно МОРАШЕ да се сети на летањето.

Денди: Но, ако е така... зошто едноставно не му го скинете вратот на Харолд?

Овчар: Па, поради енормните комерцијални можности - во случај да успее!!!

Да резимираме:

Овците си се овци. Подложни на манипулација. Да не беше така, немаше овцата Доли да биде прва клонирана. Иако, не е далеку денот кога ќе ни биде соопштено дека тоа е направено и со човек!



Овенот Харолд е манипулатор. Ги убедил овците дека можат да научат да летаат, иако самиот не верува во тоа. Тој не ја гледа реалноста, туку она што би сакал да се случи. Затоа се излежува во сенката на јаворот – па и покрај сета амбиција, ќе заврши во фурна!

Овчарот е како берзански шпекулант. Гледа како овците – акции – трескаат на земја, но ако само една се вивне и полета, не само што ќе ги покрие трошоците, туку ќе има ужасна комерцијална добивка. Ќе биде единствениот чие јато овци научило да лета! Светска атракција!

А, сега – во стилот на Монти Пајтон – нешто сосема „поразлично“!

По десетина дена, кај нас ќе започне официјалната кампања за претседателските и за локалните избори. Еден куп „Харолди“ и „овчари“ – кандидати за највисоката функција во државата и за локални шерифи и советници ќе излезат со своите проекти за нова светла иднина на државата и нејзините граѓани. Се разбира, ќе треба да бидат вешти во убедувањето. За разлика од овците на Монти Пајтон, овде некои и ќе полетаат – ќе седнат во фотелјите. Другите, како овчарот, ќе се надеваат на комерцијален успех: амбасадорско место, добивање проекти за споменици или вработување во општинската администрација. Така, некое местенце под сенка. Не мора да е јавор. Таа кафеана е во Мрзенци и има јагнешко што не успеало да му ја летне...

(Авторот е новинар)


Статијата е прочитана 1292 пати.

Испрати коментар

Од: Ace od Avstralija
Датум: 20.02.2009 00:18:48
Najgolema ovca e onoj sto misli deka gi napravil drugite ovci, neistomislenici, za nekioj gros... Lav Nikolavic Tolstoj
Од: Buden
Датум: 20.02.2009 00:53:45
Poslikovito - amin. A sega kaj da se ke se javat ovcite koi dezuraat vo stabot na Harold i ke ni se cudat nam, na Neverniot Toma, kako toa ne mozime da poveruvame deka ovcite, kaj da e, samo sto ne poletale. Ama se mi se cini deka i Harold prestana da veruva vo toa.
Од: BORIS
Датум: 20.02.2009 06:50:39
Nesporno i kristalno jasno VMRO e nishto drugo osven klonirani ovci /za zal na Makedonskata sudbina/ manipuliraat so pretezno niska edukativna tolpa, se po izrazito megunarodnata izolacija, predupreduvanjata na nacionalno civilizacisko osvestuvanje vladeachka partija ostanuva totalno gluva, furnata e zareana ????. ke ne bide ili pak............
Од: Ѓуро
Датум: 20.02.2009 07:11:12
Брада, секоја чест. Единствен новинар си. Моето почитување.
Од: pogled
Датум: 20.02.2009 08:08:26
1. Прекрасен текст 2. Се потрудила ли некоја наша телевизија да го прикаже “Монти Пајтонот“? 3. Зошто слични ТЕМИ, од наши автори, не се присутни во нашава книжевност и литература. Во нашиве театри? 4. Или подобра и посигуна е филозофијата “НЕ БРАНУВАЈ“.
Од: Раденковиќ
Датум: 20.02.2009 08:29:35
Сјајна парабола, поучно четиво кое, како и многу други текствои за човечката глупост кај нас, најчесто, стануваат без практична поента. Страшно је само што во учењето на овци да летаат учествуваме и ние со својето гласче, дадено од симпати или зарадаи партиска припадност на некоја од овчичките.
Од: seuste normalen
Датум: 20.02.2009 10:50:37
"Crna guja" i "Monti pajton" se zabraneti temi! Mozete da zamislite serijalot so Crna guja (Roj Atkinson) da se prikazuva za vreme na izborive! Boldrik vednas ke go prepoznaete na bina prv istoporen so portokalov penjoar, a Crni Gvujo so svitata se guraat vo objektiv! Mora da se seguvame iako djavojot ja odnese segata!
Од: devicanecot
Датум: 20.02.2009 10:50:53
Посликовито здравје. Фрчко е овцата, Харолд е Бранко.
Од: Vlatko D.Hisar
Датум: 20.02.2009 13:07:47
Ovcite znam koi se ama nekako Harold vo tvojov opis(mnogu itar) ne mi se poklopuva so ,,nasiov,, harold(toj e se samo ne mnogu itar).
Од: Verag
Датум: 20.02.2009 13:43:28
Девицанец,не ти текнало дека ти си овцата,еден од третина Македонци/
Од: vlado
Датум: 20.02.2009 14:16:26
Abe devicanec sto citas statii koga ne mozes da ja razberes poentata.Kako ke ja razberes koga veruvas deka si edna od ovcite sto ke poletaat.Pocekaj pa mozi ke letnes!?
Од: amelija
Датум: 20.02.2009 14:43:27
Odlicna komedija koja mozam da ja sporedam so izborite vo vremeto koga Branko Crvenkovski so svojot milozvucen glas se vrtese na kaseta vo togasno vreme i ni se obrakase so zborovite'' Na 15-ti septemvri Vlasta ke ja zememe vo svoi race"..Seuste se sekavaat i decata koi togas imaa samo po edna godinka...Ili pak deka nema da se kandidira za pretsedatel ama coekot si se kandidira..Gi izlaza ovcite...
Од: vaga
Датум: 20.02.2009 15:31:26
Slabo komentari,od gorespomenatite...Koga Vi velam jas deka DOTICNITE....ovci;bile , se , i ke si ostanat za zal PROSTA MASA ...(seuste ne ja svatile POENTATA.
Од: perica
Датум: 20.02.2009 16:56:40
Bravo Devicanec , samo ti ja svati poentata,Samo Branko i Frcko ostanale dole, nie drugite odavna sme poletani i letame se povisoko i povisoko, meeee

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Мислења