Сашо Татарчевски
диригент
Одбележувајќи ја 200-годишнината од смртта на големиот Јозеф Хајдн, со одбран тим на битолската Опера, вечерва во Центарот за култура во Битола во 20 ч. премиерно ја изведуваме музичката комедија „Аптекарот”, па сета моја енергија е насочена кон квалитетен перформанс. А, потоа ќе муабетиме со пријателите и со колегите во некое од кафулињата на Широк сокак и ќе ја анализираме премиерата.
Нино Величковски
пејач
Веќе една недела со „Кумановските тамбураши“ сме во Риека, Хрватска, каде што ќе останеме до 12 март. Настапивме за 14 февруари во македонски клуб, за прославата на нашиот св.Трифун и нивниот св. Валентин. До крајот на престојот имаме повеќе настапи, претежно во Риека, но и на други места во нејзина близина
Тихомир Стојановски
проф. на ФДУ
Веќе интензивно се подготвувам за 16. „Дионисови средби“, чиј уметнички директор сум, што ќе се одржат на 27 и 28 февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Очекуваме фолклорни групи од Пиринска и од Егејска Македонија. Во рамките на овие средби ќе го промовираме и документарниот филм „Ѕид“, снимен за време на посетата на Македонците во Пиринска Македонија. |