Број 3494  понеделник, 31 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
3494

Едиторијал

СДСМ да го предаде Карпош

Соња Крамарска

Две жени коси ќе искубат пред просториите на Општина Карпош за да докажат кој е подобар градоначалник. Дали сегашниот или некој претходен или иден. Вика едната, вика другата, ништо не ги разбравме. Зборуваа нешто за популарност, чесност, добрина, партиски вработувања.

Но, оставија лоша слика за државата. Затоа што случувањата во Карпош се всушност слика за случувањата во целата држава. Длабокиот антагонизам во кој западна македонското општество. Поларизираност до бескрај, која се заканува да го парализира функционирањето на целата заедница.

Двете жени не се ништо друго туку Стевчо Јакимовски и Коце Трајановски, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, Александар Бичиклиски и Емилијан Станковиќ.

Таква е атмосферата во земјата, за жал. Никој веќе не ги слуша туѓите аргументи, туку како рафал ги исфрла своите. Никој спрема никого нема почит. Човек просто да помисли дека веќе и физички се загрозуваме едни со други. Како во вестерн филмовите: „овде повеќе нема место за нас двајцата“!

Кога дојде на власт Груевски вети нула толеранција за криминалот и за корупцијата, но од тоа ветување излезе само нула толеранција едни кон други. Нула политичка толеранција, нула старосна толеранција, нула полова толеранција, нула социјална толеранција. Во оваа држава веќе не се разменуваат аргументи. Се разменуваат навреди и етикети.

Главниот виновник за таквата состојба, несомнено ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Но одговорноста е повеќе на страната на владејачката партија, бидејќи нивото на дискусијата во оваа земја почна да го спушта со прес-конференциите на Бичиклиски. Вина и одговорност на социјалдемократите е што ја прифатија таа игра и почнаа да возвраќаат со истиот тон.

Повеќе пати имам напишано дека јавните личности, особено политичките елити се модел за однесување на сите граѓани во едно општество. Ако тие викаат едни на други, така ќе викаат и граѓаните. Ако постои напнатост во нивните меѓусебни односи, тоа ќе се пренесе и на пошироката заедница. Токму така и се случи. Не е далеку денот кога, ако така продолжат работите, ќе почнат тепачки на партиски митинзи или на социјалните штрајкови.

ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија покажа низок капацитет за прифаќање на критика. Всушност, тие со критиките не можат воопшто да се носат. Пречувствителни се и гледаат да задушат секоја реакција што ќе се појави, а е инспирирана од опозицијата. Ја партизираа максимално јавната и државната администрација, а сега прстот го вперија во СДСМ.

Како да е СДСМ на власт а тие во опозиција.

Голем проблем е ако во една држава дијалогот се замени со отворено непријателство. Уште понепријатно е ако на тоа му кумуваат оние што се најповикани да промовираат и застапуваат вредности кои се одлика на цивилизирано општество. Груевски постојано се жали дека неединството во државата ни ги урива преговарачките позиции со Грција. Па, еве тоа нека му биде инспирација и мотив за подобрување на атмосферата во земјата.

Уште полошо е кога владејачка партија ќе поттикнува граѓански реакции до странските амбасади во земјата, како што се случи вчера. Така покажува дека е немоќна сама да излезе на крај со проблемите. А немоќна владејачка партија е катастрофа за една држава. Што се однесува до случајот со Карпош има само една можна завршница: СДСМ нека го предаде Карпош на ВМРО-ДПМНЕ. Заради мирот на граѓаните.


#
Статијата е прочитана 2364 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 27.01.2011 12:37:56
Alo Gruevski, alo VMRO. Stevce Jakimovski e idniot premier/
Од: забеган.
Датум: 27.01.2011 12:46:55
Каде сем во Македонија и некои државчина каде владе Диктатура.Протестира ПОЗИЦИЈАТА.Да ги убедат своите како ОПОЗИЦИЈАТА за сее крива.
Од: Трпе
Датум: 27.01.2011 12:49:07
Наместо да се карат како петли на буниште,најдобро ке биде да прифаќат тб дуели па целиот македонски народ да свати кој е во право а кој е во криво.Но некој кој се плаши от тв дуел ги прака своите статисти да изигруват глумци.А добар предлог е од локалната управа на дпмне-овците да и се отстапат и останатите четри каде градоначалници се од СДСМ.Е тогаш владата како ке ги оправдува и друг окривува за своите неспособности.Или пак ке кажуват дека друг е виновен а тие не се одовде.
Од: objektiven i partiski neopredelen
Датум: 27.01.2011 12:49:49
So sporedbata na Bicikliski so Emilijan Stankovic avtorkata napravila krajno neumesna i navredliva sporedba. Emilijan e diplomiran pravnik, cii sto diskusii mozebi nekomu ne mu se dopagjaat, no se argumentirani i so fakti. Bicikliski ne zasluzuva komentar. Zal da mu e na covek da go gleda sto se e spremen da kaze zatoa sto taka mu naredile. Vo sekoj slucaj, golem minus za avtorkata.
Од: pero magacinero
Датум: 27.01.2011 12:52:30
nikako ne mie jasno zosto vladata na gruevski koj go ima mnozinstvoto vo prlamentot kade sekoj zakon donesen od niv moze da pomine,nikako da im trgne za napred,neznaat,ili ne sakaat?
Од: deli
Датум: 27.01.2011 13:04:04
1. Kako što izgleda, mnogu lugje vo MK duša davaat za "svoja" politička partija. Dali naprimer šefot, ili drugite, što se na "partiski vrv" , bi dal nekogaš duša za niv? Nikad! Sitni čovečinja neka se zanesuvaat, neka se tepaat eden so drug, kosite neka si gi iškubat, neka diskutiraat vo kafani, barem gazdite ke imaat profit... Itn. Nee ni bitno, oti sve (ovo) e prolazno.. Počituvana autorke, pišuvate za tolerancija. Voopšto ovo, što go pročitav e odlično, No mi tekna po povod toj zbor "tolerancija" - zošto nekoi čitateli - komentatorii na UV ne ja toleriraat latinica, duri eden baraše od UV, komentari pišani na latinica da ne bidat objaveni... Što da mislam? NULA tolerancija.. Za sve - sem za sebe. Sebesi ke si tolerirame sve... I svoja ograničenost... Pozdrav
Од: konecno
Датум: 27.01.2011 13:10:43
Site ovie "prepukuvanja" megju DPMNE I SDSM sto ne dovedoja da megjunaroden sram kje prestanat ako Premierot se soglasi na TV duel so Branko.Taka od "prva raka"se kje razbereme i kje nema potreba da go slusame Biceto( bicikliski).Arno ama za TV duel treba argumentti i kontra argumenti koi DPMNE gi ima zaginato.Na TV duel ne se jadi burek.
Од: skp
Датум: 27.01.2011 13:11:33
Pa verojatno nasata vlast misli deka 4-te opstini koi ne i se pod vlast se precka za 100 -te cekori. Siroti vaka mozat da stasaat do 96. Zatoa im trebaat uste ovie 4 , slikata da bide celosna, 100%.
Од: zoran
Датум: 27.01.2011 13:13:08
portokalite nikako da naucat deka tie se vlast vo ova drzava a ne opozicija i treba da pocnat da se odnesuvaat odgovorno kon sekogo vo ova drzava.
Од: dimitar
Датум: 27.01.2011 13:13:23
abe kaj se videlo vlast da protestira pred opozicija , no sens ili nevidena rabota , a vo posldno vreme mnogu vmrovci ne zabelzuvam na socijalnava mrerza facebook. taka da na primer na raport so foje ima 15 000 fanovi , a kontra so najdebilska emislija na jofe ima okolu 500 clenovi , sto bi se reklo jasen e razmerot, ubavo e sto pogolem del od mladite denes pocnuvaat da stanuvaat kriticari na vladata , ne moze da bidat izolirani od svetot i da ne mozat nigde da izlezat a da vikaat ubavo e , iskrteno me raduva sto e taka , pozz do avtorkata
Од: do koga
Датум: 27.01.2011 13:30:12
Mislam deka najrazumo resenie sto moze ovaa vlada da go napravi vo momentov e da donese zakon so koj bi se ukinala opozicijata.Ovoj zakon sigurno bi pominal vo sobranie zosto imaat 2/3sko mnozinstvo.So ovoj akt bi se postignal tolku posakuvaniot mir vo drzavata.Togas vladata nema da ima dezuren vinovnik a so toa ce nema problemi zosto neli tie katili se tie koi gi pravat problemite.Mislam i deka vladata treba da go patentira izumot vo patentnoto biro,pozicijata da protestira pred opozicijata.Ebamiti drzava zavrtena naopaku!!!!!!!!!
Од: karpos4
Датум: 27.01.2011 13:32:04
Sonja....Vo Karpos problem ne e VMRO tuku javaslakot na Stevce i negovata logika da stava sopki zatoa sto samiot ne moze nisto da napravi...Pa da ve prasam sto vsusnost Stevce napravi za Karpos kako gradonacalnik ....poglednete gi trotoarite poglednete go onoj "spomenik na kulturata" narecen Mostot vo VLAE ..Poglednete go onoj most narecen Gazela koj e djabe frleni pari.....Problemot e vo toa sto serifot Stevce saka da dokaze deka e JAK i deka toj e zakon.....Najdobra solucija e ostavka i izbori vo Karpos......
Од: Marko
Датум: 27.01.2011 13:43:22
Сосема се сложувам дека за оваа ситуација се криви двете најголеми партии. ВМРО е сега на власт, но такво ниво на однесување имаше и кога беше опозиција. Не само Бичиклиски, такви беа и сите пред него. Жално е што СДСМ се спушти на тоа ниво на комуникација и со тоа ги губи своите симпатизери. Дали е нивниот портпарол правник или не, нема никаква врска (дури можебие и пожално е).
Од: spire
Датум: 27.01.2011 14:21:31
Tesko deka Grujo ke go osvoi Karpos!!!! Najurbana i najintelektualna Skopska opstina.......
Од: janem
Датум: 27.01.2011 15:18:29
nikoj
Од: futsal
Датум: 27.01.2011 15:21:26
Ete toa ti bilo sudbina. Sega sdsm igra na mali golcinja i gazi kako zaba sleper. Zatoa se veli koga volot riel, zemjata mu pagala na grbot. Izgleda deka sdsm bajagi riel. A uste kolku vreme ke igra futsal i ke gazi sleperi, toa samo Gekna znae.
Од: ivo
Датум: 27.01.2011 15:42:47
E, mora da gi plakate i vakvite opstestveni aktivnosti na partiite, isto kako i strajkovite i kontrastrajkovite, reformite i kontrareformite, protestite i kontraprotestite debatite i kontradebatite . Ako smetate deka netreba seto toa da go plakate ke ve kazni vlasta i ke rece deka ste "protiv drzavata" ! A tie se "za"!
Од: TRAJANKA
Датум: 27.01.2011 16:20:07
Do SPERE Vo PRAVOSI .
Од: anja
Датум: 28.01.2011 10:28:38
dobro svakate bre vmrovci deka vise nikoj ne ve saka,cak i tie vasite ne ve sakaat aman odete siiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii

Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Соња Маџовска
Мислења
Ивор Мицковски
Меридијани
Доминик Моиси
Интервју
Снежана Дакиќ-Микиќ

Живкица стана г-ѓа Каленикова

Бали добива македонски шмек

Мајкл Даглас
Се повампири поранешната жена

Шакира
Се сели во Барселона поради љубов