Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Мислења

Мислења

Се прашувам

Драган Поповски

Постои ли причина разни граници-маници, имиња-презимиња, знамиња- мамења да ни бидат пречка да се ослободиме од притисокот на „Тешкото“ и да се насмееме?

Слика прва

Патувајќи кон „нашето“ море, веќе по неколку километри поминати низ Косово ме затече амбиент сосема различен од оној од пред десетина години. Забележав модерни архитектонски зданија од метал и стакло, некакви нови симболи на моќ на современите „бизнисмени“ што својот капитал го печалат на начин само ним познат, шарени реклами, фонтани, „ергели“ од лимузини…, а покрај нив на неколку места и спомен обележја на некои млади момчиња кои несебично, но и наивно, ја парчосале својата младост во спев за идеалите за слобода, човекови права итн., за да му направат на некој од водачите - идоли да се почувствува холивудски. Забележав, секако, и знамиња, веќе избледени од времето…



Слика втора

Следејќи ги „едно па исто“ вестите на нашите шарени телевизии, присуствував на почитта што „високи“ претставници на државата им ја оддаваа на загинатите бранители на Карпалак, а наедно го забележав и дискретното ѕиркање на великодостоинствениците на своите часовници. Ужалените мајки стоеја малку понастрана. Секако, имаше и знамиња…

Има ли причина да набројувам вакви слики и од мојот семеен албум за прадедовците убиени за вистината за слободна Македонија од свои сограѓани кои, исто така, се бореле за истата вистина, но ја сфаќале малку поинаку. Или за најблиските кои ги преживеале бугарските окупаторски затвори, за потоа некој некаде, во некој Букурешт, Јалта или Охрид, со шампањско во рацете да донесе „историско“ решение на прашањата?

(Како пет – шестгодишно дете марширав низ улиците на градот рамо до рамо со другите и извикував гордо на цел глас колку што ме држеше грлото „Трст е наш!“, како да се работеше за живот и смрт. Можеби заради тоа мое дерење и се решил проблемот со Италијанците? Кој знае...?)

Се прашувам… дали воопшто да го прифатам одговорот од сеирџиите кои по се' останале, дека сето тоа е направено за нашата светла иднина. И, се прашувам… дали сегашното мое битисување треба да го засновам врз благодарноста на нечија смрт или, можеби, на нечиј живот посветен на науката, уметноста, културата? Се прашувам и тоа дали е можеби недостаток на патриотизам тоа што ми пречи што во нашата химна се опеваат само борците Гоце, Јане, Питу, а не и Климент, Прличев, Џинот, Рацин, кога делата на првите ги проблематизира секоја нова генерација домашни и меѓународни „експерти“, наметнувајќи им разни „...изми“, наспроти делата на вторите заради кои сме она што сме? Се прашувам… зошто преубавата „Ленка“ ја злоупотребуваат во ��ропагандите за „нашата борба за социјални права“, кога тоа е најљубовната песна на планетава? Се прашувам… зошто се' почесто кај многумина е „ин“ потребата за глорифицирање на Великиот Александар кој го освојувал светот со меч, наспроти „досадно“ големите Кирил и Методиј кои го освојувале светот со зборот и писмото? Се прашувам… од каде се појавија некакви гарки-марки, длабоко фрустрирани од сомнежот за сопствениот идентитет, па ни сервираат небулози за нашите корени кои се протегнале дури до Хималаите, базирајќи го тоа на бојата на очите на тамошните простодушни жители или на некои фолклорни шари кои се слични на нашиве (за среќа, се' уште не се сетиле да ги проанализираат шарите на јужноамериканските Инки).

Конечно, се прашувам... постои ли причина разни граници-маници, имиња-презимиња, знамиња-мамења да ни бидат пречка еднаш засекогаш да се ослободиме од притисокот на „Тешкото“ и да се насмееме?

Извинете, збунет сум, па се прашувам…



П.С. За оние кои сметаат дека сум наивен, благодарам. Тоа отсекогаш сум го сметал како комплимент.

(Aвторот е карикатурист и збунет патриот)


Статијата е прочитана 756 пати.

Испрати коментар

Од: boro
Датум: 05.09.2008 09:27:42
toplo mu preporacuvam na avtorot da otvori relevantni enciklopedii i ce vidi deka Kiril i Metodij bile Makedonci od Solunso. e sega tie Makedonci se onie potomci na Aleksandar pa neka razmisli dali kako takvi mu se prikladni vo tekstov?
Од: Viktor Soposki,Tetovo
Датум: 05.09.2008 09:32:46
Ne si sam prijatele.Mnozina ne ima.Ama karavanot nepovratno zaminuva.
Од: Nikola
Датум: 05.09.2008 09:52:01
Ne ste zbunet, vo pravo ste. Nekomu se potrebni Potemkinovi sela, potrebno mu e lazno zalazuvanja na narodot za negovata velicina, no nie sepak da se potrpeme na Lenka, na Denovite na Racin, na Pirejot na Andreevski, na graditelite na ona sto denes e Makedonija, no i na mnogute vistinski uspesni ludje sto se vo svetot, sto rabotat vo Google, vo istrazuvacki centri, sto nastapuvaat sirum svetot.
Од: xhovani
Датум: 05.09.2008 11:26:42
tocno e toa sto go kazuvas,samo ovo trebashe da go kazes pred 16 godini za da ne dojde jalta malta,ohrid.da ne dojde do karpallak.za da bideme isti ravnopravni vo ova tvorevina od 1945.samo luge kako vas ja dovedoa ova zemlja vo ova situacia ,dali treba da postoi ili ne.zosto go kazuvam ova,i sekogas ste go tretirale ova zemja deka e samo vase.....bevte vo zabluda.samo zaedno mozeme da ja spasime, drugo nema sansa samo edniot,ako ne saka drugiot ke odi vo istoria 1992-2009 do maj postoel deka postoel nesto..................
Од: ratka simonovska
Датум: 05.09.2008 11:32:58
sto ke ni e aleksandar makedonski, toj bil iskompleksiran megaloman i ubiec koj i od sopstvenata izvorna kultura se odrekol
Од: Ivan
Датум: 05.09.2008 13:36:05
Ic se ne pitajte, gospodine, zosto ne se slavat Prlicev, Dzinot, Miladinovci i dr. Ako bi trebalo da se slavat tie, togas ke se nalozi da se procita i tvorsstvoto im. I kako ke procita tamu sovremeniot potomok na Aleksanar? Ke procita deka e... bugarin. Koj mu stiska, neka cita!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Мислења
Во име на отецот...

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.