Откако политичкиот врв на Илинден се прекрсти јавно, следниот што ќе се крсти веројатно ќе биде нацијата. Амин
Се' уште може да се слушне во универзитетските институции во државава вицот во кој студентот на прашањето од колегите како поминал на испитот, одговорил дека се' било религиозно. Имено, кога ги добил прашањата од професорот, студентот почнал да се крсти, а штом почнал да одговара - се крстел професорот. Незнаењето на студентот обично го сметам за грешка на професорот или на едукацискиот систем, но за тоа друг пат. Уводот го направив да се надоврзам на настаните од празнувањето на Илинден годинава кога владините и партиските делегации на спомен-обележјата во Пелинце и Мечкин Камен приредија колективно крстење по три пати во духот на христијанската православната вера, додека, за среќа, албанскиот коалициски партнер остана достоинствен. Уште требаше да се приреди некој обред од муслиманските браќа, па вкупниот впечаток да остане религиозен, токму како во вицот на студентот и професорот. Настрана од тоа што вероисповедта е гарантирано уставно право на секој граѓанин на државата, морам да признаам дека отсекогаш сум имал впечаток дека живеам во секуларна држава. Навистина, тоа беше брутално наметнато во поранешниот систем кога, сепак, знаеше да се провлече некоја крштавка или венчавка во црква, се вапсуваа и јајца за Велигден, се одеше и на коледе во оние магливи и студени скопски зимски утра, за Божик.
Но, групното крштавање (не она на реката Треска, што е убав настан и што потписникот го направи на реката Јордан, токму онаму каде што Свети Јован го крстел Исуса) на македонскиот политички врв на еден ваков настан излезе од контролата на вкусот и ја доведе во прашање вистинската секуларност на државата. Никој нема ништо против господата да ја практицираат својата вера приватно, во домовите, на имендените и славите, венчавките и крштавките, да запалат свеќа за своите починати, за радост или болка, да појдат в црква, манастир, џамија, синагога и се' друго врзано со религијата. Но, невкусно е ако тоа се прави на најголемиот државен празник кога се празнуваат Илинденското востание и АСНОМ, кога е формирана модерната македонска држава. Не се сеќавам дека сум видел некој шеф или премиер на модерна европска држава да се прекрсти кога се празнува голем национален празник. На пример, претседателот на Франција да се прекрсти покрај гробот на незнаениот јунак и вечниот оган под Триумфалната капија на 14 јули во француската метропола . И покрај тоа што е неумесно за споредба, сепак, ми се наметнува театралното крстење на Радован Караџиќ, алијас д-р Драган Дабиќ, и пратениците во парламент��т на Република Српска пред почетокот и на крајот на заседанијата во виорот на крвавата босанска војна. Или, кога српските попови ги благословуваат српските џелати со темјан и крст пред нивниот поход на Сребреница. Не помалку важни во контекстот се и сличните постапки на католичкиот клер во Хрватска и во Херцег Босна или пак муслиманските обреди на муџахедините. Согласно со тие настани пренагласеното и наметнато вклучување на религијата во секојдневната политика не води кон ништо добро.
Денес секоја модерна европска држава во Европа е секуларна. Во француската терминологија секуларизмот е познат под поимот laїcitе'. Корените на стриктното одвојување на државата од црквата водат од Француската револуција, кога брутално се елиминира дотогаш влијателната католичка црква од извршната и судската власт. Но, вистинските принципи ги поставува регулативата од 1905 кога храбрата премиерка Емили Комб го донесува законот кој е и денес база на секуларизмот во Франција. Законот прокламира 4 основни постулати: 1. Ниедна религија нема да биде поддржана од државата, ниту политички ниту финансиски. 2. Секој има право да следи религија, но никој не е обврзан да го прави тоа. 3. Религиска едукација во училиштата е стриктно забранета. 4. Забрането е поставување нови религиски симболи на јавни места, вклучувајќи ги и гробиштата. На овие базични постулати, донесени пред повеќе од 100 години, убаво се надоврзува и најновиот закон за секуларноста и јавните религиозните симболи во училиштата потпишан од поранешниот француски претседател Жак Ширак и донесен во 2004 година со кој им се забранува на учениците во основно и во средно образование да носат религиски симболи, како што се крстови, шамии или еврејски капчиња, турбани и слично. И покрај сите отпори што се јавија од почетокот и закани за тужби пред Меѓунрадониот суд за човекови права, Законот функционира сосема добро и досега одолева на сите притисоци.
Но, црквата секогаш сакала политика, било да се работи за муслиманска и христијанска, односно католичка или православна. Мешајќи се во политиката, некогаш доминантно и агресивно, црквата донесе многу зла ширум светот од прастари времиња се' до ден денешен. Најреакционерните режими често наоѓале отворена поддршка кај црковните великодостоинственици. Тоа се Мусолини, Франко и Салазар во Италија, Шпанија и Португалија или воените хунти со диктатори од типот на генерал Пиноче во Латинска Америка. Поимот, инаку, е познат како клерофашизам. Слична, иако не иста, е улогата на религијата во босанската војна, усташкото движење и НДХ, џихадот во Иран, итн. Настаните на кои сме современици длабоко го потврдуваат тоа. Улогата на православната црква, исто така, знаела да биде негативна и деструктивна. Српските попови и нивниот отворен национализам, мавтањето со оружје (вистинско) на солунскиот владика и отворените закани кон нашата држава, ирационалните и исполитизираните проблеми меѓу одделни цркви, не се ни оддалеку чисто религиозни теми околу кои црквата молкум, во духот на христијанскиот мир божји, ќе ги реши на задоволство на сите верници. Така, од практицирањето на Христовото учење црквата знае да се претвори во монструм или примитивно орудие за политичка борба исполнета со флагрантни воени и цивилни злосторства. Или да биде експонент на нечија глупост и соучесник во нечии ирационални и апсурдни потфати. Не многу одамна, еден од министрите за образование во нова и демократска Македонија ги носеше поповите, патем, плашејќи ги децата, да ја осветуваат новата учебна година, па сето се претвори во накарадна бурлеска од која, за среќа, власта на време се откажа.
Така доаѓаме уште еднаш до колективното крстење на актуелниот политички врв. Настрана од тоа што сме мултикултурна, мултиетничка и мултирелигиозна држава, со што со право се гордееме, сегашниот квазирелигиозен театар не само што не е на црта на основните христијански принципи туку обратно, впечаток е дека токму тој се користи за приземен политички маркетинг. Ако на тоа се додаде опседнатоста на православниот дел од политичката елита со изградба на сакрални објекти од државниот буџет, поставувањето крстови на планините да се одбележи православната земја и повикување на бога каде што треба и каде што не треба, тогаш верноста кон бога се претвора во хипокризија која има употребна вредност, а јавното практицирање станува првокласен политички кич.
Па, господа, доколку навистина е полн буџетот, а има очигледно расположение во земјава да се гради, што е за пофалба, скратете по некој кат од стокатниците, прескокнете по некоја црква и изградете една нова болница во метрополата. Нека биде тоа нов универзитетски клинички центар, оној што пред извесно време го растуривте без да има елементарна потреба од тоа. Нека биде тоа современ објект во кој ќе има интегрирана врвна медицина и со кој државата ќе се гордее. Опремете го со најсовремена дијагностичка апаратура, овозможете непречен дотур на модерни и докажани медикаменти и тераписки средства, обезбедете висок болнички стандард. И, најважно од се', не полнете го со партиски кадри, оние што се активисти во вашите изборни штабови, партиски инструментариум и потрчковци, швалерки или швалери на партиските елити. Заборавете и на етничкиот клуч, туку соберете ги најдобрите, врвните и најафирмираните. Тие се знаат и не е тешко да се одберат. Таквиот нов клинички центар врзете го за нашиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, како што е ред и како што е практика во целиот свет. Нека биде достапен за сите болни граѓани од оваа земја, без разлика на социјалниот статус или етничката припадност. Тоа овој народ никогаш нема да го заборави. Зашто, кога се води битка за спасување на животот на болниот не помага ниту Исус, ниту безгрешната Марија, ниту апостолите, ниту крстењето, туку знаењето, современите лекови и протоколи, апаратурата, хигиената, стручноста. Тоа го велам, почитувани господа, од сопствено искуство, одговорно и свесно. Тешки се битките овде на земјава, околу нас, тие треба да се добијат и тие единствено се мерливи. За оние на небото има доволно време подоцна. А и Исус, сигурен сум, ќе најде разбирање за овој потег, зашто, како што вели стариот другар Леонард Коен, тој е морнар кој шета по водата, набљудувајќи не од својата осамена дрвена кула и тоне во нашите судбини како камен.
Сега, откако политичкиот врв се прекрсти јавно, следниот што ќе се крсти ќе биде веројатно нацијата. Амин.
Vednash na pochetokot od mojov komentar,da kazam toa deka i ovoj tekst vprochem kako i site dosega objaveni na pochituvaniot prof. dr. Ninoslav Ivanovski , go prochitav bukvalno vo eden zdiv.
Ke se vozdrzam od pravenje sporedba pomedju ona shto e napishano vo tekstot i sostojbata vo zemjata vo koja ziveam poslednive bezmalku trinaeset godini (Kanada), i ke ostavam vie pochituvan doktore da donesete vashe lichno viduvanje, so najavenata vasha poseta na Quebec city i Toronto, na koja poseta iskreno se raduvam.
Од: marija
Датум: 05.09.2008 05:28:20
Pozdrav do gospodinot Ninoslav Ivanovski za napisanata statija.
Од: Itar Pejo
Датум: 05.09.2008 08:49:47
Treska e zabraneta za kapenje a dozvolena za krstavanje. Lugeto masovno bile krstavani vo lajna (Se izvinuvam za vulgarnosta, ama nema drug zbor.) Zlonamernite ce recat kavi vreminja, takvi krstavanja.
Од: boro
Датум: 05.09.2008 09:21:09
tezata e interesna ama ne mi e jasni zosto avtorot si zema za pravo da i ukazuva na vladata sto da pravi so budzetot. da ne bese zaklucniot del od tekstot vakov ce smetav deka avtorot ima konzistenten stav, vaka toj se poistovetuva so drugite platenici vo vesnikov.
Од: MILAN
Датум: 05.09.2008 09:39:00
Kako sto gi tera Vladata rabotite, ni ostanuva samo krstenje. Neka ni e Gospod na pomos, ama izgleda i toj dignal race od nas pa i so religijata vo skolite ni nema spas.
Од: opelovski mirce
Датум: 05.09.2008 10:27:33
Jas neznam sto mu bese najgolemata poenta na gos. pr.Ako sekoj ima pravo na kako sto ja on narekuva "religiozna opredelba" religiozno zvuci malku prenaglaseno.I nego toa go asocira na srbite sto pravele pa i hrvatite. E prvo da znae deka ima covekot dve lica. Edno fizicko drugo duhovno.A toa on sto cel zivot misli od glava a ne od srce koj mu e kriv.Popovite ne se simbolite na religijata.Oni se tamu kade sto si i ti "vie"profesore.Otidete tamu malce vo vnatresnosta i posetite nekoj manastir.Zapoznaete se so toa duhovnicite kako ziveat pa naucite malku i od toj del.Da vidite kako disciplinirano i duhovno se zivee. Pozdrav.
Од: Битола
Датум: 05.09.2008 10:40:01
Хи ,хи ,хииииии-БРАВО Итар Пео.
Од: Atanasija
Датум: 05.09.2008 10:44:26
Dobro sogleduvanje na sostojbite.Ima edna prikazna vo koja se veli:i na Gospod treba da mu pomognes za da ti pomogne.Treba nesto da napravis za sebe ",i za drugite i za drugi",se stihovi na Liljana Calovska.
No lugjeto od vlasta ,pa i od biznis-sferata,pravat nesto vo svoja slava.Pogednete gi crkvite vo Radovis i na leviot breg na Vardar vo Skopje,a na povidok e i crkva na plostadot Makedonija!
Velat-takvi se vreminjata
Velam-kakvi lugje takvi vreminja.Lugjeto go pravat vremeto,poseebno onie od vlasta,i ubavite vreminja se imenuvaat so zlatno doba,na primer na Perikle,no ne na Platon,na Sokrat,na Evripid i ponovo-na Hazburzite i tn.
Vremeto ni go pravat lugjeto od vlasta,toa treba da se znae-i,kakva vlast -takvi gradbi.Zosto,na primer,biznismenite,na svojot platen spisok ne stavija lekari i sestri so medicinska kola da dava lekarski uslugi na zitelite od podalecnite mesta?Prosto,tie sakaat mavzolei i osloboduvanje od danokToa e nivnata posvetenost vo verata.
Од: Maре
Датум: 05.09.2008 15:10:30
Nino samo da te pozdravam...super si kako i sekogas.
Од: Slobodan Rajcevski
Датум: 05.09.2008 15:34:19
Rado gi citam kolumnite na profesorot Ivanovski i sekogas opfaca aktuelni temi koi objektivno gi analizira i sugerira ispravni resenija.Bravo skolski.
Од: Весна
Датум: 05.09.2008 15:48:31
Господине Ивановски, откако го прочитав Вашиот текст заклучив дека најверојатно не сте прочитале ниту едно од четирите евангелија, како и поголемиот број македонски „интелектуалци“, кои си дозволуваат дрско да критикуваат нешто за што немаат ниту основни сознанија. Верувајте ми дека Исус не е „морнар кој тоне во нашите судбини како камен“.