Број 3629  среда, 13 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Доверителите не потрчаа кај извршителите

Гордана Дувњак


Доверителите не потрчаа во судовите да ја префрлат наплатата на тужените долгови врз извршителите. Првичните сознанија од скопскиот граѓански суд, во кој се наоѓаат најголемиот број извршни предмети, платни налози, тужби за неплатени сметки од комуналните и услужните претпријатија, говорат дека за првите две недели само 10 приватни доверители и 15 фирми побарале од судот предметот да се предаде на извршител кој самиот го избрале.

И покрај тоа што примената на новите законски новини стартуваше од први јули, на доверителите како да не им се брза, па по добриот стар обичај, го чекаат последниот момент. Трансферот на извршни предмети треба да заврши до 31 декември оваа година, по што веќе ќе нема можност да се наплатат тие побарувања. На територијата на сите судови има околу 500.000 вакви предмети, од кои повеќе од половината се во скопскиот граѓански суд.

Само со трансферот на извршни предмети, Основниот суд Скопје 2, треба да се ослободи од близу 300.000 предмети, кои досега целосно го блокираа и го правеа неажурен, и покрај големиот број решени предмети.

„Трансферот на извршни предмети ќе биде револуционерен исчекор, бидејќи на овој начин судовите ќе се ослободат од баластот на предмети и ќе можат да се посветат на спорните предмети“, вели претседателот на скопскиот граѓански суд, Бекир Шаини. Тој потсетува дека низ практиката имало и толку банални предмети кога се правеле големи трошоци за тужени долгови и од едно евро (60 денари). Ангажирањето, пак, на судијата и другиот судски персонал, материјалните трошоци, повеќекратно го зголемувал долгот.

Според некои неофицијални процени што ги правел Судски совет, чинењето на еден судиски предмет во двата скопски суда е околу 1.600 денари, а дури 5.000 денари во кратовскиот суд.

Инаку, заклучно со мај оваа година, најголемиот суд во државата –скопска „двојка“ имал незавршени 285.823 извршни предмети, од кои 285.612 се меѓу физички и меѓу правни и физички лица, додека само 211 предмети се стопански предмети, кои се однесуваат доверителски однос меѓу правни лица.

„Кај долговите што ги побаруваат комуналните претпријатија, ни се јавуваше ситуација една иста странка да биде тужена повеќе пати. На пример, некој граѓанин да биде тужен за една тековна година, или, пак, за неколку месеци заедно. Поради економичност и ефикасност на постапката, решивме сите тие да ги споиме, па така бројот на предмети од 285.823 се сведе на 130.673 предмети“, објаснува првиот човек на скопска двојка.

Според податоците од оваа судска институција, од вкупниот број предмети, 77.445 се со правосилна судска пресуда и ќе одат директно кај извршителите, додека 53.228 се неправосилни и ќе завршат кај нотар. Таму ќе биде спроведена соодветна процедура, па само спорните предмети, на кои има приговор ќе се вратат назад во судовите.










































#
Статијата е прочитана 922 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Колку вредат возилата на „Перо Наков“

"""