Број 3665  четврток, 25 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Насловна








Site Meter
3665

Вајнхаус

„Авалон“: Не е наша вина што Ејми беше очајна

Организаторите на концертот во Белград им се извинија на сите присутни. Tие објаснија дека воопшто не можеле да влијаат врз пејачката зашто им бил забранет секаков контакт

Катерина Шекеровска

l по откажаните концерти во Истанбул и во Атина, неизвесен е останатиот дел од европската турнеја

l парите за влезници нема да се враќаат

l концертот во Белград – најлош во историјата

Контроверзната британска пејачка Ејми Вајнхаус ги откажа своите настапи во Истанбул и во Атина, дел од европската турнеја, како последица на скандалот што го предизвика во саботата на Калемегдан во Белград, кога пред тамошната публика се појави во алкохолизирана (дрогирана) состојба.

Концертот на Ејми е на добар пат да биде прогласен за најлош концерт во музичката историја, а уште еден поразителен факт е што зад неговата организација стои македонската продукциска куќа „Авалон“, на чија адреса одат критиките за фијаското на Калемегдан.

„Не е наша вина што Ејми беше очајна, ниту, пак, наша заслуга што Моби беше брилијантен“, се оправдуваат од „Авалон“. Но, што навистина се случи и како триумфалното враќање на Ејми одеднаш се претвори во најлош кошмар? „Ние како организатори прв пат ја видовме кога се качи на бината и последен пат кога слезе од истата бина! Ни беше забранет секаков контакт и тоа јасно го нагласивме уште на прес-конференцијата во Белград пред 10 дена, дека тоа е ставка што стои во договорот и која не е невообичаена за секој договор со светските артисти“, објаснуваат од „Авалон“. Оттаму потенцираат дека „на наша и ваша голема жалост“ Ејми се појавила на време на сцената и ги „одработила“ своите минимални, со договор предвидени 60 минути. „Во ниеден договор со светските изведувачи не се наведува како треба да изгледа тоа! Како организатори направивме се' да биде од прва класа за овој ивент да изгледа светски и воопшто не треба да се извинуваме за нешто на што не можевме воопшто да влијаеме, но, сепак, најискрено им се извинуваме на сите присутни“.

Во меѓувреме стаса и соопштението од менаџментот на Ејми, во кое информираат дека по скандалот во Белград пејачката се враќа дома и ги откажува настапите во Истанбул и во Атина. „Таа би сакала да им се извини на своите фанови што очекуваат да ја видат во шоуата, но чувствува дека ова е вистинската работа што треба да ја направи“, се вели во соопштението, во кое не се прецизира што ќе се случува со другите закажани концерти од европската турнеја и дали воопшто ќе се појави на 8 јули во Шпанија.

Од она што со сигурност го знаеме е дека и покрај критиките и некои барања за враќање на парите за влезници, нема основа за нивно рефундирање. Хонорарот на Ејми, кој е деловна тајна, е исплатен уште пред неколку месеци и оттаму не постои никаква можност за обесштетување на присутните, особено зашто таа си го исполнила договорот и си ги „одработила“ своите 60 минути на сцената.

Веста за скандалот на Ејми во Белград е топ-тема во балканските и во странските медиуми. Вистинска трагедија e што ги идеализираме поп-ѕвездите како што е таа, констатира „Дејли мејл“. Ејми не успеа да го одржи ни ветувањето за новиот албум што никако да се појави во продавниците. Нејзиниот несигурен настап пред четири месеци во Дубаи беше прекинат, а токму белградското шоу требаше да биде гламурозно враќање на проблематичната ѕвезда, која штотуку дојде од рехабилитација.

Но, очигледно не требало ни да излегува оттаму. Барем немаше да ја малтретира 20-илјадната публика и да ги поздравува Атина и ��ујорк среде Белград. Нејзиниот концерт, дефинитивно, ќе се памети како еден од најлошите, за што потсетување во секое време може да добиете на интернет каде што има снимки од едночасовното мрморење, паѓање, станување, тресење глупости на Калемегдан...

Се' погласно се поставува прашањето до кога може Ејми да издржи вака пред да се убие? И како луѓето околу неа можеа да и' дозволат јавно да се избламира, да крахира? Сама си ја крои својата мизерија, но одговорност, сепак, има и во нејзиниот менаџерски тим, кој ако не може да ја стопира во сопственото злоупотребување, може да и' забрани да го прави тоа на сцената. Барем светот да не гледа. Да не ни се случува трагедија пред очи.

Што е со сите оние тинејџерки што и' се восхитуваат и се обидуваат да ја копираат? И кои се' уште мислат дека нејзиното однесување е кул?

Коментар

Бев таму, беше тажно да се гледа. Срам да му е на нејзиниот менаџмент што и' дозволи да излезе на сцена во таква состојба. Таа не е за обвинување - неа и' е потребна помош

посетителка

Тажно. Тажно ми е сето тоа. Тажен сум што таа воопшто се наоѓа во таква состојба и тажно ми е поради публиката што дојде да го гледа тоа. Тоа беше грозно реално шоу

СергеJ ТрифуновиЌ




#
Статијата е прочитана 5436 пати.

Испрати коментар

Од: Krste-Toronto
Датум: 21.06.2011 00:50:17
Se razbira deka organizatorot ne moze da bide kriv ako nekoj imal los nastap.Pa ne sviri organizatorot?! Devojkata e Luda vprocem poradi toa idat I da ja gledaat! Jas da receme sum gi gledal Duran Duran vo Canada,pejacot eden ton ne pogodi,cvilese cel koncert...pa nikoj ne pomisli deka org e vinoven
Од: ELENA
Датум: 21.06.2011 08:10:50
Секако организаторот не е крив, ама требал да следи што се случува со кариерата на пејачката. Тотално промашување за организаторот. И кој сега ќе им верува кога следен пат ќе се фалат дека носат големи ѕвезди на овие простори (ама големи ѕвезди во пад)
Од: vesna
Датум: 21.06.2011 08:49:05
Zatoa i ja ostavile na bina 60 min, vo nikakva sostojba za da go ispolni dogovorot, menadzerot si ja znae rabotata i tuka rabotata e zavrsena.
Од: v inarija
Датум: 21.06.2011 10:26:50
surov, surov profesionalizam, za zal i nasite avalonci se vlezeni vo taa arena. ne gi pere vardar!
Од: Трајче Трпевски
Датум: 21.06.2011 10:27:30
Ако Авалон поседува снимки и видео докази - без проблем може да покрене тужба за непрофесионално однесување на другата договорна страна.
Од: mene
Датум: 21.06.2011 10:52:00
Istovo bese i vo Dubai. Zali boze parite frleni za ovaa nesreka koja se narekuva dzvezda.
Од: ivo
Датум: 21.06.2011 10:59:17
Taka ti e toa, koga site se "strucnjaci" ! Togas nikoj ne e kriv?! Slucajno, pokraj drugite znaenja, i jas sum galiba nekoj "strucnjak za avtorski prava" ! Duri i koga timot na izveduvacot e posilen od organizatorot , seto toa se resava vo pregovori! Ovie velat: Nikoj neznae kako toa ke izgleda koga se raboti za "svetski izveduvaci" ! Kako moze da neznae ! ...Vo dogovorot se naveduvaat pesnite ...1...2...3...4... koi treba da gi izvede i obvrskata da gi izvede identicno ili slicno na matricite, prethodnite CD -a i drugite zapisi na deloto, pesnata..."... Inaku i "baba mi znae " plati pred vreme, i ne prasuvaj nisto, oti "taka treba"!? Cudo sto voopsto se pojavila na scenata i sto mrmorela!? Kako i sekogas, odgovorni za nestrucnost ima, a dali i koj se oseka osteten, toa e prasanje na krajniot konsument, publikata! Koj li "strucnjak" im go sklepa dogovorot?
Од: Daniela
Д��тум: 21.06.2011 11:34:34
Ma da Elena treba vo Avalon da zemat doktor koj ke gi pregleduva zvezdite pred tie da dojdat na koncert ili telefonski broj od roditelite za da tocno ja znaat nivnata zdrastvena sostojba bidejki menadjement nejzin gi lazese deka taa e dobro ,ma daj ne lupajte gluposti bre ,razmisluvate li pred da napisete nesto ,organizatorot nemoze da znae ako menadjmentot od Anglija nesaka toa da se otkrie,koj e pojak edna regionalna produkcija ili menadjment na edna svetska zvezda koja zarabotuva milioni i milioni dolari godisno, totalen disparitet vo mok a vie kazuvate ova trebale ona trebale .Organizatorot ne moze da gi snosi posledicite za kvalitetot na koncertot
Од: franc
Датум: 21.06.2011 11:49:46
organizatorot ne e voopstp kriv za fijaskoto na Amy. licno bev vo belgrad na koncertot i mozam da kazam deka ostanatiot del od koncertot (predgrupite i moby) bese fantasticen. cestitki za avalon i im davam celosna podrska za organiziranje na drugi koncerti.pozz
Од: Mudrec
Датум: 21.06.2011 11:56:37
Sto ima vrska Avalon ako tipkata e izdrogirana? Kriv e nejziniot manager sto dozvolil nastap. Inaku, najnova vest od denes e deka Amy ke gi vrati parite za da ne rizikuvaat ponatamosni kritiki.
Од: Goko Mileski
Датум: 21.06.2011 12:15:30
Од каде па вие знаете дека е пропуст на менаџментот? Што ако и ова не е таен договор меѓу Ејми и нејзиниот тим, кој треба да резултира со нејзина поголема слава. Сетете се на Северина и нејзината популарност по објавувањето на скандалозното видео и слики на интернет. Истото се случува и неколку пати со Ејми и многу други како нив. Тоа е дел од нивниот валкан бизнис.
Од: vlajko
Датум: 21.06.2011 14:17:42
pa vo sekoj slucaj objasnenieto na avalonci ne e vo red,ne deka mislam deka tie se vinovni,no vo zelbata za prigotvyvanje golemi spektakli,zaboravile edno-edukacija.kako nedovolno educirani potpisuvaat sekakvi dogovori,pa posle ne bile krivi.ona sto trebaa da go kazat,e deka ke obavat konsultacii so vrvni advokatski kuki,experti vo taa i taa oblast,koi ke go kontaktiraat menagmentot na toj olos,koj verojatno e ist kako nea,zatoa sto luge so malku doblest sami ke gi refundiraa sredstvata po takov debakl.,i deka ke podnesat tuzba za IZMAMA protiv peackata i nejziniot tim.pa i da ne uspeat,a ke uspeat,barem ke se proslavat.zamislete eden hirurg ,koj sto ima dogovor da operira eden sat,da go napravi toa vo takva sostojba,kakvi ke bidat posledicite i reperkusiite po istiot
Од: Којчо од Кочани
Датум: 21.06.2011 14:35:49
Абе Авалон многу сакаат да се дуваат со успеси, а сега свиткаа опаш. Не сум убеден дека направиле се што можат за да обезбедат добар концерт, како што и се уверив пред неколку години кога го откажаа концертот на Леб и Сол во Битола. На 2 саати пред концерт на сите вести дадоа информација дека концертот ќе се одржи, цела МК и пошироко се забра во Битола, и тамо копуците го откажаа концертот бидејќи врнело. Па копуци едни, ко да не можеше да има план Б на затворен простор, што всушност и се случи на одложениот датум кога се одржа концертот. Ама прво ги прошетаа луѓето до Битола... ајвани!
Од: valeri
Датум: 21.06.2011 14:39:31
Ah, da, da, Avalonci se "ispraa". Oni nisto ne znaele, ne videle, ne bile tamu..., ama na Ejmi i platile pred tri meseci ( od banka vo Gostivar), ama ona ne im kazala sto ke pravi eden cas na binata... Ma profesinalci nevideni. Do sega ni ja navreduvaa inteligencijata vo Makedonija, sega pocnaa i vo balkanski razmeri ;) Aj da vidime kako ke pominat vo Belgrad?
Од: РНД
Датум: 21.06.2011 14:47:43
Ако организаторот смета дека не е негова вина нека им ги врати парите за карта на луѓето што присуствувале на “концертот“ - па после можат и по судски пат да и ги земат на “ѕвездата“...
Од: jimmy1
Датум: 21.06.2011 15:09:54
Ocajna ili letva pijana???? Od koga pijanstvoto stana ocaj?
Од: iva xD
Датум: 21.06.2011 15:49:58
kako ne mu e sram na menadzerot, vaka kje i ja unishti karierata na Emy ja posramotil pred cela javnost kako mozela ona da bide kriva koga vo takva sostojba ne moze da razmisluva ne e sposobna, po ova ponizuvanje mozebi i Emy kje se obide da si go odzede zivotot a za toa sekako menadzerot kje bide vinoven, zoshto toj znaejkji kakva e nejzinata sostojba ja ostavil na scena da se ponizuva,....pozz Iva !

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ГЛОБАЛИСТ
Љупчо Поповски
ЕДИТОРИЈАЛ
Гордана Дувњак
Поглед
Сашко Ѓ. Димовски
Мислења
Махи Несими
Кој ја извози „ланчијата“ на Бошкоски до Кисела Вода

Пет минути интервју
Сакам да пливам на Олимпијадата во Лондон

Томи Стефановски, маратонски пливач
Живот
Срце „создадено“ од тенко црево

Ал Пачино со „блу реј“ верзија на „Скарфејс“

"""