Дали со бришењето на спорните делови ќе се избрише и штетата што му е нанесена на реномето на Академијата?
Александра М. Митевска
Одлуката на МАНУ да коригира делови од Македонската енциклопедија дојде како очекуван расплет на едно напнато сиже во кое политичката клима во земјава се вжештува до точка на вриење. До точка што може да претставува вовед во политичка криза, поради опасноста да се предизвика нов раздор во меѓуетничките односи, да се искомплицираат релациите со некои од соседите и со дел од западните сојузници.
Добра вест е дека академиците попуштија под притисокот на јавното мислење и се согласија да го спасат тоа што се' уште може да се спаси од проектот, кој првично беше промовиран како нова македонска гордост. Лошата вест е дека, и по се', останува чувството дека домашниот труст на мозоци повторно се стави во функција на дневната политика.
Тоа не се обидоа да го демантираат ниту самите академици, бидејќи повеќето од нив го премолчеа скандалот (без разлика дали партиципирале или не во проектот што го финансираше Владата). Не помогна ниту молкот на премиерот Никола Груевски, кој, инсистирајќи на тоа дека МАНУ е независна институција, упорно избегнуваше да го коментира тоа што се случуваше по промоцијата на енциклопедијата (настан на кој лично присуствуваше и зборуваше). Неговите зборови дека „проектот на МАНУ го сублимира сознанието на современата македонска научна мисла за комплексниот лик на земјава, народот и државата“ не добија сатисфакција откако енциклопедијата излезе на виделина.
Иако последниве денови постојано беше присутен во јавноста и присуствуваше и на најмаргинални настани, Груевски упорно одбиваше да ја коментира темата што го крена на нозе целиот албански политички камп и испровоцира жестоки реакции од НВО-секторот и опозицијата. И која целосно ги поклопи другите актуелни (и егзистенцијални) теми, како влошената економска слика на државата или превирањата на надворешен план.
Поранешниот министер и пратеник Никола Поповски деновиве ќе забележи дека работата врз енциклопедијата била само продолжување на политичката доктрина на оваа власт и оти нема ништо случајно во делови од овој труд.
„Само да не се излаже некој дека божем МАНУ нешто самостојно промовирала, а власта станува заложник на тие идеи. Сосема е обратно. Тоа што се случува во МАНУ е нивно класично заложништво на една погубна филозофија на политичко размислување и владеење во земјава“, пишува Поповски во својата колумна во „Дневник“.
Според него, во МАНУ постои јадро од академици и нивни соработници од државниот универзитет во Скопје, кои имаат многу погрешно сфаќање за Македонија и за нејзината иднина. Тие со години молчат и седат прикриени се' додека не се создадат услови да излезат на сонце и да го земат погрешниот бајрак во раце.
Добрата волја, сепак, да се ревидираат „фактите“ (пред кои, како што велеше редакторот Блаже Ристески, молчат и боговите), можеби ќе ги смири страстите што ги разгоре првото издание на енциклопедијата. Но, во колективната меморија, веројатно, уште долго време ќе остане врежана штетата што им беше нанесена и на соживотот и на угледот на МАНУ. Како што и теоријата од 2001 година за размена на територии со Албанците, во која свој придонес, исто така, имаа поединци од МАНУ, стана дел од неформалната биографија на тогашниот премиер Љупчо Георгиевски. Сепак, таквите теории, пласирани во екот на конфликтот, не добија легитимитет на изборите во 2002 година. Затоа, пак, оставката на тогашниот претседател на Академијата, Георги Ефремов, не ја избриша од потсвеста на нацијата тезата за размена на територии, која дава знаци на живот при секој поголем предизвик на кој ќе наиде соживотот во пострамковна Македонија.
Од тој аспект, и сега се наметнува прашањето кој ќе ја понесе одговорноста за нарушувањето на политичката конфигурација во критичен период за државата и за повторното компромитирање на МАНУ - до степен на нејзино поистоветување со САНУ во ерата на Слободан Милошевиќ? И до точка што ќе ги поттикне политичките претставници на Албанците да ја сервираат идејата за формирање паралелна академија, а албанските интелектуалци да размислуваат за објавување „своја“ енциклопедија.
„Текстот ќе доживее меѓународен бродолом и ќе се смета за неспособност на македонската интелигенција да создаде услови за заеднички живот, олицетворен во донекаде дефинитивен акт на правење енциклопедија“, заклучува во својата колумна професорот Љубомир Фрчкоски.
Тој посочува дека семето што успеа да го рашири овој мал, но отровен дел од енциклопедијата е дека нема волја за напредок во меѓуетничкото интегрирање, туку дека се' е ставено под тепих и чека време да експлодира. „Кукавичкото јајце снесено во Академијата на оние кои мразат, има цена на понижување на кое институцијата ќе биде изложена“.
Дали со едноставно бришење на спорните делови од енциклопедијата може да се амортизира ударот што му беше нанесен на реномето на МАНУ?
Промоцијата на магистерскиот труд на премиерот Груевски кон крајот на 2007 година, токму во одаите на највисоката научна институција, можеби беше само пикантерија, но тој гест, сепак, ги отслика искривените релации меѓу власта и поединци од МАНУ. Релации што испливаа на површина и за време на неодамнешните претседателски избори, кога дел од академиците и од универзитетските професори вклучени во подготовката на енциклопедијата ја поддржаа кандидатурата на фаворитот на власта.
Тоа е причина повеќе академиците овојпат барем да и' објаснат на јавноста според кои критериуми се селектирале изворите кога, на пример, се пишувало за историјатот на населувањето на Албанците на овие простори? Да кажат според кои стандарди се избирале личностите што се сретнуваат во енциклопедијата, се одредувало кому колкав простор ќе му биде отстапен и со какви квалификации ќе биде опишан?
Reakciite okolu enciklopedijata se tragikomichni.Na poshirokata javnost integralno ne i se prenesni tekstovite,ne i se poznati izvorite na informacii.Od druga strana mesto strucna kritika imame politichki govori/so zakani i omraza/ bez nauchna kritika.Balkanot seushte gi sonuva sonishtata na 19 vek,ne se opameti vo dvaesetiot,prodolzi i vo dvaeset i prviot.
Ne cheka zanimliva idnina.
Од: mitko ne pie nafta
Датум: 25.09.2009 00:44:06
Vistinata za naseluvanjeto na Albancite ne e napisana vo Enciklopedijata nitu taa ke bide nekogas napisana. A vistina e deka mnozinstvoto od niv se naseleni posle zemjotresot vo Skopje. Posebno posle osumdesetite godini. Dali vo novata Enciklopedija ke bide napisano deka mnozinstvoto od niv dobija drzavjanstvo vikendot za vreme na izborite vo 1994 godina? Mene ovie prasanja me interesiraat vo vrska so nivnoto naseluvanja. Dali Turcite naseluvale Albanci vo sesnaesetiot vek ili nekoi od niv gi imalo tuka pred toa VOOPSTO NE ME INTERESIRA?
Од: Goce
Датум: 25.09.2009 01:13:05
МАНУ неправедно ја отфрла античката историја на Македонија и воопшто не го истакнува наследството од тој период
Рaспаѓањето на поранешна СФРЈ ја ослободи македонската археологија и историја од изолацијата во сопствената држава заради туѓи и други интереси кон Македонија и Македонците. Археолошките артефакти и историографијата не претставуваат антиквизација, ниту нивното истражување претставува романтизам, туку објективизација на идентитетот
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2009 07:17:16
Се сложувам со констатацијата да е добро што ќе има ревидирање таму каде научно ќе се докаже ,,фабричката грешка,, но не преку политички притисок.Тогаш правиме уште поголема грешка.Се цитираат колумнисти опозиционери кој неверувам дека прочитале и пасус од енциклопедијата а здушно критикуваат.Ве прашувам зошто него цитирате директорот на лексикографскиот завод на Хрватска,кој вели никако повлекување на енциклопедијата а грешките научно се утврдат и отклонат,никакво политиканство.Вероватно не ви одговара ваква изјава од веќе познати причини.
Од: Универзи..
Датум: 25.09.2009 08:06:35
Да се нема мерка од одговорниот уредник Б. Ристовски е сфатливо? Но да си ги стави стави двата негови зетa и комплетира неговата фамилија простое е несфаливо. А да нема врвни историчари кои дале значаен придонес во македонската историографија, ректори на Скопскиот универзитет е крајно неморално и несфатливо. Голем удел има и одговорниот Михалјо Миновски, пензиониран професор кој од лични побуди ја правеше екипата. Крајно несериозно и од едниот и од другиот.
Од: Objektivno viduvanje
Датум: 25.09.2009 08:24:52
Celokupnata odgovornost za ovoj neuspesen proekt treba da si ja prevzemat clenovite na redakciskiot odbor. Cudno e sto nivnite iminja seuste ne se objaveni, sto sugerira deka po procenka na mediumite nekoi od niv treba da bidat zastiteni od odgovornost.
Site clenovi na redakciskiot odbor treba da dadat ostavki (ili da bidat smeneti) i da se formira nov redakciski odbor koj ke napravi kompletna revizija na enciklopedijata.
Од: Болен М. Дојчин®
Датум: 25.09.2009 08:28:50
Какво добро во попуштањето под притисокот на Широките Полуписмени Маси, кои го формираат Јавното „мислење“?! Па истите маси се За, или Против (во зависност од партиското определување) и за Бладините Кичфигурини, иако немаат ни Трунка познавање од Теорија на Уметноста!! За какви тоа „западни сојузници“ говорите?! Сојузот е вообичаено усмерен против некого, а МК не е ни членка на некој воен сојуз, а уште помалку на ЕУ! Праќањето живо месо за отстрел, во окупирани држави, и не е баш за некоја пофалба, нели! Дали некогаш сте прочитале нешто од меморандумот на САНУ, за да може да го поистоветите со МАНУ? Или, (Како во случајот со Младина, Студент и сл.) она што го пишуваа во печатот разни квазинаучни политичарчиња и пискарала, спремни за политичко воздигнување, ви дава за право да критикувате нешто што не сте го виделе? Секако, се поставува и прашањето: Дали Науката треба да се повинува на општонародното „мислење“, или на Научните Факти и Докази? Вистината - за некого може да биде и Болна!
Од: Itar Pejo
Датум: 25.09.2009 09:05:47
So netrpenie ja ocekuvam makedonskata enciklopedija od oblasta na prirodnite nauki!
Од: Velimir Cvejic
Датум: 25.09.2009 10:01:36
MANU vo mrezata na medimuite, sto postojano e raspnata za da ne dozvolaat da se kazuva vistinata. Snosti na MOT bese prikazana procuena avstsriska pretstava vo koja na najbrutalen nacin prikazana e manipulcija na mediumite so "ovcite". Tokmu akterot ja nosese so sebe ovcata na koja pisuvase "Ja sum zrtva". Sekako golem broj gledacai ne ja razbra pretstvata bidejci nivnite umovi se vo sopatsvenost na manipulanti - mediumite koi sto se viso sluzba na oligarhijata. Mediumite uspea ja da go prinudat Sinodot da ja gi povlece potpisite od Dogovorot so SPC. Sega ja prinudia MANU da ja revidira Enciklopedijata. No, kolkusto barat protivnicite nikogas nema tolku da se promeni Encikopedijata, ednstveno celosno da se popvlece. No, ona sto narod go slusna deka tamu pisuva, a ne im e po kefot na neprijateli na Makedonija, zadovolen e bidejci i toj isto toa go pocustvuva na svojot zivot, a bogami i smrta. Da smeela Akademijata vo 1955 godina da napise deka Tito e kotraverzna licnost, ne bi se sluc
Од: upaten vo kriteriumite na MANU
Датум: 25.09.2009 10:46:45
Prasuvate po koi kriteriumi se izbirale licnostite koi se sretnuvaat vo enciklopedijata. Pa normalno e da gi koristele istite kriteriumi po koi se stanuva clen na MANU: nikakvi!
Од: Адам од Говрлево
Датум: 25.09.2009 12:31:42
Очигледно редакцијата потфрлила оти не ги разгледала критички пристигнатите материјали. Оттаму многу пропусти во многу недшта, без принцип и достоинство, туку набутале се и сешто и секого, без да се размислува што е потврдена вредмост општо за РМ и во неа од сите области, па лепеле фаци што и во средините во кои делуваат не се осведочени вредности за да бидат во Енциклопедијата...