Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Мислења

Мислења

Заложници на рејтинзите

Филип Петровски

Дали има основа да сметаме дека сите некогашни вмровски првенци треба да бидат избербатени, за да остане само еден лик што сите ќе го обожаваат

Да бидам искрен, веќе неколку седмици се подготвувам да пишувам за две теми, кои сметам дека и тоа како се релевантни за Македонија. Едната се однесува на шведското претседавање со ЕУ, а другата е посетата на Обама на Русија, односно руско-американскиот самит, што имаше значајни моменти и кој може во иднина да ги смени во многу работите во светската геополитика. Кај нас, како по обичај, овие настани поминаа без да им се даде некоја поголема важност. Ние сме закопани во нашите ровови, во нашите „плитки“ умови и не ни е многу битна поголема слика, туку најбитно ни е на соседот очите да му ги извадиме. А потоа кога ќе поминат шансите, кога нема да ги сознаеме вистинските моменти, тогаш цел свет ни е виновен и секако дека сите се против нас и во заговор. Дека сме им толку многу значајни на сите светски сили и велесили. Од уста не не' вадат...

Како и да е, се чини дека еднаш седмично не е доволно да се испишат стотина редови и во нив да се промисли на релевантен начин се' што се случува околу нас. За жал, гореспомнатите настани ми побегнаа поради други, исто така, значајни теми. Тие и оваа седмица ќе им го отстапат местото на некои домашни случки, кои сами од себе се наметнаа да бидат коментирани. Имено, некако чудно и „по малку“ синхронизирано се случија некои напади во медиумите. Прво се објави анкетата на меѓународниот републикански институт, со која, меѓу другото, се истражува и рејтингот на партиите и на политичарите. Според досегашните истражувања, овој институт покажал голема прецизност во определувањето на рејтингот. Често погодуваат точно во процент, што секако им дава право да се гордеат дека ги прави релевантни и секако отпорни на секаков вид притисоци, кои кај нас се честа појава. Последниве години се чини дека потребата од висок рејтинг станува неопходна работа во македонската политика и поради тоа политичарите се подготвени да сторат се'. Меѓу другото, да потрошат немерено државни, односно народни пари на бесмислени кампањи, што имаат само цел да го исперат мозокот, како и да вршат притисок врз мерачите на рејтингот, за резултатите да бидат во нивна корист. Не е непознато во режимите кои се склони кон перење мозок посегнувањето и по други методи за да се создава слика на „совршеност“ и да се велича лидерот.

Анкетата на ИРИ покажа дека рејтингот на премиерот е драматично опаднат меѓу двете мерења. Ова стана голем проблем на државно ниво затоа што ваков тренд прв пат по подолго време се забележува. Тој тренд се заканува да стане и поизразен во наредниот период затоа што допрва економските проблеми ќе добијат на сила, како и проблемот со името за што, според надворешните притисоци, се бара решение во многу скоро време. Иако за тие проблеми се говори кај нас како за апсолвирани прашања. Но, забивањето на главата в песок не ги решава проблемите. Лично очекувам дека најголемите проблеми ќе дојдат во септември. Тогаш традиционално се зголемува потребата за трошење на ресурси за семејствата, а сето тоа по скапите летни денови. Затоа ова се елементи кои ќе се надградуваат во незадоволството од власта, која владее само врз основа на бесконечно давање ветувања, кои не ги исполнува. Целото незадоволство и тоа како ќе се покаже во наредните мерења на рејтинг. Проблем!



Сите што не се „заспани“ или, пак, „успиени“ забележаа дека веднаш, да не речам во истиот момент, се почна со одговор на паднатиот рејтинг. Се пронајде виновникот. Тоа е Љубе Бошкоски. Лоциран како проблем, затоа што им нуди алтернатива на сите разочарани членови на ДПМНЕ, тој беше изложен на брутално распнување во сите медиуми кои работат под диктат на Владата. Не се избираа средства тој да се дискредитира затоа што се осмелил да има поинакво мислење, затоа што сака да се занимава со политика, која деновиве е резервирана само за безлични послушници. Сетете се само на армијата пратеници за кои ништо не знаете, освен дека имаат теледиригирани инструкции како да се држи во покорност целиот систем. Има и други, тазе дојдени од други партии, претежно пребегнати од СДСМ. За да бидат на власт. Тие најсилно плукаат и се најпогодни за да се користат како јаничари. Не е само Боцевски таков. Ги има безброј. Тоа вмровците го гледаат. Истите оние кои на терен ја донесоа победата. И принудени се да молчат. Се' до моментот кога на сцена се појави ортодоксниот брат Љубе. Да ве потсетам дека Груевски и Влатко Ѓорчев први трчаа со него да се поздрават на аеродром. Ние што пристигнувањето скромно го следевме преку ТВ-екраните добивме впечаток дека Влатко повеќе го сака од своето семејство. Тој лик, сега се гледа, се залепил таму, за потребите на пропагандата. Да се создава слика дека патриотот Љубе е со нив. Не знам колку пати пред враќањето на Љубе бевме известувани дека го посетиле министрите на Груевски (Миле, Ставрески и др.) во Хаг. Па, се надевам, не сте со толку кратко паметење да не се сеќавате како беше пред 15 месеци. Сите даваа изјави, пишуваа реферати како било кога го посетиле легендарниот Љубе во Хаг. И одеднаш се' се промени. Кога разбраа дека не ќе биде лесно да се контролира, дека има свое мислење (па макар и да е погрешно), веднаш беше отпишан. Плус веќе не можеше пред народот да се користи како ЕПП секој ден, се врати од Хаг.

Но, една страдна македонска душа се' уште е таму. Јохан е се' уште таму. И затоа е и повеќе од соодветен се' уште да се користи во пропагандни цели. Тоа се прави систематски и вулгарно, не поради Јохан и неговата жртва за Македонија, туку поради потребата да се создава висок рејтинг. Па, пропагандисти, дали сметате дека ние обичните луѓе тоа не можеме да го видиме? Еве како пример ќе го земам Дершовиц (адвокат на Јохан), кој се вмеша во случајот. Но, тоа е и повеќе од нормално. Тој е ангажиран, односно платен од Владата. Според тоа, се знае каде лежи неговата лојалност. Патем, може ли некој да одговори колку Дершовиц чини и на кој начин му се плаќа? Или и тоа, како и стотици други случаи на трошење на државни пари ќе останат во доменот на државна тајна.



Сега едно трик прашање. Го поврзувате ли нападот врз Љупчо од страна на Пауновски во овој ист контекст? Има ли основа да сметаме дека сите некогашни вмровски првенци треба да бидат избербатени, за да остане само еден лик што сите ќе го обожаваат.

Ех, залудно се троши корпусот на македонската енергија. Понекогаш сето тоа ми изгледа како добро смислена стратегија за да не' нема.

(Авторот е докторант по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk


Статијата е прочитана 1710 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 25.07.2009 00:11:01
ова сп Рејтинзите Филипче е некако ВМРО-вски специјалитет... со погубни последици по Македонија... Наздравје Македонијо, сама си одбра НАРЦИСОИДИ...
Од: Getoizacija
Датум: 25.07.2009 01:26:23
Кога оди премиерот или некој министер (МНР Милошоски, МВР Јанкуловска, МНО Коњаноски) во странство, па дури и во Авганистан, Индија и други далечни земји, тие редовно со себе, на државна сметка, си водат свои лојални новинари (од редовите на владината „ПР индустрија“), кои од час на час информираат за „мошне важните“ средби и разговори со своите домаќини! Меѓутоа, не видов кој било македонски печатен или електронски медиум да прати свој новинар кој би информирал за неодамнешната посета на Барак Обама на Москва! Веројатно затоа што требаше самите да ги покријат трошоците! Ваква гетоизација каква што се практикува во Македонија не постои повеќе ни во најзаостанатите земји во светот!
Од: Aljabakot
Датум: 25.07.2009 02:41:14
Neznam i ne mozam da razberam zarem tolku sme prokolnati.Bravo za tebe Filip,ke dojdat pravite makedonci na celo na ovaa drzava onie koi ja branea,onie koi si ja sakat verata i tatkovinata.VREME E.
Од: Ace Velkoski
Датум: 25.07.2009 02:45:40
Filip, ti od VMRO si dobil: a). 4 godini pratenik b). 3 godini konzul vo New York so 2500 dolari plata c). 4 godini direktror na 150 vraboteni vo Gradski biblioteki. Jas od VMRO dobiv vrabotuvanje i plata od 13.500 denari. Denes TI SI NEZADOVOLEN, a ja i pontamu sum LOJALEN na VMRO i Makedonija. Kako ne ti e sram Filipe?
Од: patriot
Датум: 25.07.2009 03:14:03
v.Gorcev i grijo posakuvaa Ljube da ostane vo Hag a Johan da se vrati, oni i takaa potajno se nadevaa, ali se sluci sprotivno, pa kakvo pomaganje na ljube, Grujo nikogas ne mu pomagal nitu planiral, Buckovski najmnogu mu pomogna na Ljube dodeka bese premier. A segasniot advokat od USA na Johan, 100% naplaka plus ya sekoja iyjava sto ke mu ja pobaraat od vladata da ja dade vo javnosta, pa i koga dojde vo MK vo mart,se gledase deka ne mue zgodno na covekot da go obvinuva Ljube za nesto sto nema osnova
Од: nacional-patriot
Датум: 25.07.2009 03:49:38
Filipe.odbegna da go spomnes rejtingot na VMRO sproti SDSM 3:1,a ja odbegna i viznata liberalizacija.pusta tvoja zelba deka SDSM ke se vrati na vlast.
Од: mitko veli rejtingot ke bide socuvan
Датум: 25.07.2009 03:54:17
Ostavete go Grujo toj e najdobar premier vo najdobrata Vlada na RM i zatoa toj e najpopularen i so najgolem rejting. Sepak, za da ova ostane vaka predlagam nekolku merki. Prvo da se najmat uste nekolku iljadi kopaci i arheolozi i Djolevci za da vo pogolem obem se otkrie grandioznosta i ubavinata na naseto minato. Vtoro, da se otpecatat nekolku iljadi Grcki znaminja so kukast krst. Treto, da se izgradat nekolku nepotrebni objekti na gradskiot plostad, i pri toa da se natepaat decistana so svircinja. Cetvrto, da se prodolzi so lazenjeto deka imeto i identitetot nema da bidat smeneti. Peto, da se zemat zaemi od stranstvo. Sesto, da se isecat site drvja vo pogolemite gradovi. Sedum da se vrabotat uste 50 iljadi lica vo administracijata. Osum, da se otvori ambasada na Hunzite. Devet, da se dade poveke vlast na Stavre-kumot. Deset da se odlikuvaat Milenko, Latas, Jadi Burek i Bubamarkata. Ete ako se primeni seto ova Grujo ke ni ostane najsakan.
Од: pozdrav do Filip
Датум: 25.07.2009 04:08:28
Taka e bre Filip sve sto kaza vo pravo si. Zatoa pazi se sledniot na spisokot na Gruevski sigurno si TI zosto sekoj sto ke mu se suprostavi Grujo odma go apsi ili go proglasuva za predavnik na Makedonija. Ne im se plasi udri gi po nos za da se znae tacno koj e prav Makedonski VMROVEC. Jas ne sum od tvojata partija, ja sum simpatizer na SDSM ama toa ne znaci deka gi mrazam vmrovcite vsusnost i treba da ima pozicija i opozicija i smatram deka sme site Makedonci so isti celi i dobrini za Makedonija samo so razlicni stavovi i toa ne e loso ama toa neka bide posteno a ne vaka podmolno kako sto pravi Gruevski. Smeski i bruki se so ova rejtinzive. A za Brat Ljube mizerni se.Do vcera go velicaa heroj go pravea a denes plukaat po nego. Duri mene kako sdsmovec krivo mi e za covekot. Pa majku mu kakov-takov sepak e Makedonec i sreken sum sto izleze nas covek od Hag. Grujo bi bil presreken pak da go butne u Hag. Pa i onaa Sonja Trculovska kako ne i e sram. Si go prodava mazot za rejtingot na Grujo
Од: Читател
Датум: 25.07.2009 06:38:28
Од ден на ден се повеќе ми се бендисуваат Вашиве колумни бидејќи според мене реално ги отсликувате состојбите и настаните (аналитички на некој начин) и што е побитно нудите и свое видување за излез од ваквите состојби.
Од: beko
Датум: 25.07.2009 06:39:54
mi godese citanjeto na ovaa statija druzejki se so prvoto utrinsko kafe.Postoi logika vo seto sto e napisano od mladiot politikolog Filipovski.Edinstveno mozemi medju redovi trebase da ja ufrli i neodamnesnata rekonstrukcija na vladata zato sto mozese da najde svoe mesto vo celata pozadina na ovaa prikazna.prijaten tropski vikend za nas citatelite koi sto ke pieme ladna vodicka od friziderot, a na onie so veke redovno gi pominuvaatvikendite po nasite najpoznati turisticki destinacii pa i nadvor od Makedonija im poracuvam, neka se potrudat i idnata rabotna nedela da ni bide zanimliva pred se mislam za politickite lavirinti niz koi sto ne setaat eve veke dve decenii.Zrtveni jarci imalo i ke ima vo idnina, vprocem po toa sme poznati posiroko...pozzzz
Од: mene
Датум: 25.07.2009 06:42:19
На Балканот ништо ново.
Од: BABUSH
Датум: 25.07.2009 07:50:30
FILIP za zal cesto pati vistinata boli, narod na Makedonija bez razlika na partisa oboenos krajno e i alarmantno da pocne da razmisluva odnosno REZONIRA so svojata sopstvena "ladna glava" partijska zaslepenost e katastrofa vo ovoj slucaj aludiram na N.Gruevski da ne bide pogresno razbrano nesum protivnik na PREMIEROT NITU NA BILO KOJ, interesot na drzavata i narodi mora da e na prioritetno mesto valkani i prenapumpani prpagandi ??????????????? pozdrav do sovesni luge.
Од: gragjanin
Датум: 25.07.2009 09:32:23
Filip, odlichno pishuvash ali i ti patis od sindromot na delenje na makedonskiot politichki atom, imeno, si se zakacil za Bocevski pa toa ti e. Od Goce Delcev navamu koj golem ili pak star vmroec nesto pametno kazal vo svetot za Makedonija, nastrana inaetite, falbite i siledjistvoto? Bilo sto? "Srushete go shengenskiot sid!" se zborovi na Bocevski koi odeknaa niz cela Evropa. I drugo, daj napisi tekst sto e razlikata megju vmrOvcite i sdsmOvcite? Sto e desnica a sto e levica vo MK? Da ti pomognam so prashalnik. Dali si Za drzavni subvencii ili protiv? Za nacionalizacija na energetski sektor ili privatizacija? Za drzavna sopstvenost vrz zemjiste ili privatna? Za formiranje drzavni kompanii ili privatni? Ako odgovorot e ZA togash ti si ekstremen levichar, problemot e vo toa shto segashnava vmrOvska Vlada na desnicata isto e ZA! Zborot mi e, ti mozhesh i posushtinski analizi da napishesh, daj obidi se.
Од: Маја Казакова
Датум: 25.07.2009 10:52:32
Не грижете се..Сите мораат да поминат по тој редослед.Ги прават омилени а потоа неизбежно е да ти ги направат неомилени.
Од: јас
Датум: 25.07.2009 13:41:56
Не сакам да коментирам , ама морам?! До Ace Velkoski : Добро бре ,треба да напишам „човек“, ама не си тоа , туку си една гнила вмровска цепаница, која со укање и викање , можеби и со некоја клоца по несимпатичните противници , си „заслужил“ работно место од твојот овчар!!!! И пази , мајкуму , не си задоволен од платата? Па овцо една портокалова, требало повеќе да викаш и поголем број на гласови да му донесеш на овчарот , на последните избори...Уште имаш храброст и смелост тоа јавно да го кажеш, без трунка срам...Од таквите како тебе страда Македонија!!!!
Од: jug
Датум: 25.07.2009 14:32:56
ACE VELKOVSKI ne treba da bidat partiite tie sto ke vrabotuvaat. So toa ne se soglasuva nikoj pa i EVROPA i cel SVET. Ace ako nekoj od tvojata partija go cita ovoj tvoj komentar treba pod hitno daa se zalozi ti da ja izgubis tvojata partijski dobiena rabota.
Од: zaki
Датум: 25.07.2009 16:04:42
vo edna demokratska drzava sekoj ima pravo da dejstvuva politicki i svojata politicka ponuda da ja prezentira pred glasackoto telo.svedoci sme deka politickoto dejstvuvanje na boskoski e docekano na noz od strana na vladata .dokolku vladata misli deka vodi pravilna politika togas nema potreba da se plasi od ostanatite politicki natprevaruvaci.se plasi od konkurencija samo onoj sto nema dobra ponuda.vo konkretniov slucaj politikata na vladata dozivuva fijasko na site polinja.golem broj glasaci se izmameni i sega so eliminacija na konkurencijata se saka da se opstoi.toa e pogresno i se vraka kako bumerang.makedonskiot narod pokaza deka politicki e dovolno educiran i deka nikoj nemoze da go prelaze nitu so sila da go tera da glasa.poslednata anketa na iri kazuva edna rabota deka glasacite se za vmro dpmne 31 procenti no za gruevski se samo 24.toa znaci deka edna tretina od glasackoto telo na vmro dpmne smeta deka treba drug covek za pretsedatel na partijata.zatoa pocna lovot na vesterki
Од: verag
Датум: 25.07.2009 16:18:20
господине Аце Велковски,секој си има своја цена,а твојата очигледно е мала,како и на повеќето Македонци. Но некои повеќе си се ценат,а можеби со право.Има луѓе што размислуват,не одат слепо како волови во јарам,па затоа го менуваат мислењето.
Од: stela
Датум: 25.07.2009 16:29:44
Filipe!!!!!! Tebe ti e Bocevski nokjna mora. Ne mi se veruva deka mojot omilen vesnik seuste te trpi so tvoite nebulozi. Ti, koj iznikna vo VMRO od najsramnite protesti (da im se zabrani na albancite da ucat na svoj majcin jazik) denes mi zboruvas za covekovi prava, evrointegracii i demokratii. Sramota e da se objavuva tekst na tolku dvolicen, sebicen i egoisticen covek.
Од: razgolena vistina
Датум: 25.07.2009 18:13:15
Ova shto go napishal ACE VELKOVSKI, toa e razgoluvanje na grdata vistina: shto eden Makedonec podrazbira pod poimot partija. Edno i edinstveno, AGENCIJA ZA VRABOTUVANJE!. Ete, tolku od demokratiii, pluralizmi, dijalozi, evropski zakoni i ostanati poimi. Zatoa i sme -kade shto sme!
Од: zoro
Датум: 25.07.2009 21:16:44
Абе бадијала ние си ја празниме душата на овие страни и оставаме ИП адреси за да може полесно ФАМИЛИЈАТА да не лоцира.и прислушува. Бадијала е , рејтингот и изборите кажуваат дека ВМРО сто години ќе владае ама со една техничка грешка за уште некоја година Македонија ќе се вика БУГАРИЈА и АЛБАНИЈА. Изи кам изи го ( лесно дојдено лесно си оди)
Од: Goran
Датум: 25.07.2009 22:55:48
Bravo be Ace, si imas plata od 13500 denari, super, da znaev i jas da se zaclenev u partija, a ne eve vece 8 godina bez rabota, i so zavrsen tehnoloski fakultet i so eden kup pari dadeno od penzijata na majka mi za kursevi, za edukacija i za sto ti ne... Nego sto gubam vreme, ajde brgu da idam vo nekoj stab da vidam dali uste zapisuvaat...
Од: OLIVERA
Датум: 26.07.2009 05:23:47
Me interesira tvoeto mislenje za svedskoto pretsedavanje. Ja cekam skoro taa kolumna. Vo MK imas inspiracija sekojdnevna za novi kolumni pa ako sekoja nedela gi detektiras problemite vo Makedonija, ke dojde na red spanskoto pretsedavanje
Од: ivana
Датум: 26.07.2009 13:16:55
gledame denovive orkestrirana hajka nasocena kon makedonski politicari od strana na vladata...se pokazuvaat muskuli kon ljupco,ljube,kon bucko itn..no dali mozat da pokazat muskuli eve na primer na besimi...vcera gopspodinot odrza sredba so stopanskata komora na "severozapadna makedonija" sostavena isklucivo od albanci...vo prevod taa komora moze da se narece komora na ilirida...znaci ministrite od dui vodat paralelna politika..nesto slicno kako paralelizmite sto gi pravese milan martik vo knin vo hrvatska..vidovme kako zavrsija rabotite..besimi ke im daval 100 miliona evra na firmite do ovaa komora t.e.na firmite od ilirida za da moze da prodolzat da ne plakaat danok..i gruevski molk..ne kaza dali so negov amanet e sredbata...ne kaza nisto..a vamu na makedonci muskuli pokazuva..ako samo neka prodolzi...posle nekoe vreme ke bara pomos od tie kon koi vodi hajki..ke mu tropne ilirida na vrata pa ke go prasam....
Од: bale
Датум: 26.07.2009 15:56:46
Овој Аце Велкоски за жал ја открива суровата вистина на Македонија.... и сиротиот мисли дека е во право... демек ВМРО ми даде работа,имам плата од 13500 денари и сепак си сум задоволен... но знаете што е најтрагично кај ВМРО-вциве??? Најтрагично е тоа што Аце Велкоски како партиски војник и за амбасадор да го предложат тој ќе прифати??? Дали е за амбасадор или не не е битно!!! Важно ВМРО го предложи и така ќе биде??? Quo vadis Македонијо.....
Од: Bogoja Struga
Датум: 26.07.2009 16:40:00
Bravo bre Filipce si nasol vesnik koj ce imas svoi simpatizeri da te falat od se srce .Ama zaboraj da kazis koj te prifati da bides ona sto si i pratenik i denes da rakovodis so najgolemata biblioteka.Ako toa go stekna neznaci i deka cel zivot nekoj treba da te cuka po ramenici.A za ona so Brat Lube da trvrdis deka nekoj se plasi od nego neti drzi posto Brat Lube javno kaza SEGA IMAM USTE EDNA FAMILIJA I TREBA DA IM POMPGNEME A TOA E FAMILIJATA TARCULOSKI.Filipce bidi dosleden odgovorimi dali toj Brat Lube nenajde eden den vo edna godina da e poseti taa familija,barem edno kafe da se napie vo nivnata kuca ,da im kupi eden sladolet na decata od Johan,ili da im plati po edna karta do Hag od parite sto mu gi berevne po cel svet samo da bidet dvajcata oslobodeni.Zatoa Filipce nemesaj loncina go vidovne i Lubco i Lube.

Најди! во Утрински
Мислења