Што прават денеска
Ване Јовчев
музичар
Првиот дел од денот е веќе привикнување кон работните обврски што ме очекуваат од есен. Одам до училиштето каде што работам, каде што почнавме да се подготвуваме за учебната година. Попладне дома имам мајстори, а вечер проба со „Синтезис“ и договор за настапите што не' очекуваат.
Силвана Плевнеш
пејачка на „Силви бенд“
Летово ни беше комбинација на убавото со работните обврски. Уживавме во многубројните настапи на културните лета низ Македонија со песните од нашиот проект „Коштана“. Преку викенд настапуваме во Охрид на плажата „Потпеш“, па денешниов ден ни е ден за уживање. Всушност, оваа недела ни е за одмор, па од септември продолжуваме со турнејата.
Валентин Николовски
уредник во Сител
Понекогаш ми се чини дека од работа во мојот живот веќе и нема време за некакви тајни. Едноставно, од 9,30 наутро, па до полноќ сум на работа, дежурен на Вестите на Сител. Но, не се жалам - веќе сум научен дека додека трае обновата, нема одмор, ха, ха. Или, додека другите се на одмор, некој треба и да работи. |