Што прават денеска
Душан Љубисављевиќ-Дуле
пејач
Како за почеток на неделата, работите ми се дефинирани од почеток до крај на денот. Распоредот е следен: појадок дома, во меѓувреме малку на „Фејсбук“ и комуникација со моите пријатели, а потоа заминувам во студио кај Александар Митевски каде што снимам нова песна. По завршувањето на обврските заминувам на вечера во Тетово.
Зоран Смилевски
фудбалски тренер
Моментно сум во Скопје на одмор што навистина ми е потребен, особено по напорната сезона во Иран. Деновиве очекувам нова понуда за ангажман во оваа азиска држава од каде што имам убави впечатоци, но не е исклучена ниту варијантата да заминам во Јужна Кореја.
Љупчо Петрушевски-Бубе
стилист
Почетокот на денот и' го посветувам на мојата другарка со која заедно го пиеме првото утринско кафе. Потоа, околу 12 часот сум во моето студио ИН каде што ме очекуваат редовните, но и нови клиенти. По завршувањето на работното време продолжувам на вечера со персоналот од студиото. |