Што прават денеска
Биба Додева
пејачка
Претпладневниот дел од денот ми е резервиран за „Борка“ и за средување на некои проекти што треба да се реализираат во наредниот период. Попладне имам средби со моите соработници за да се договориме за некои песни за албумот што го подготвувам, како и за песната што треба да ја снимам за претстојниот „Охрид фест“.
Ристо Таков
академски сликар
Подолго време живеам во Канада, но секоја година минувам по пет месеци во прекрасниот Охрид, каде што имам стан и голем број пријатели од спортот и од уметноста. Од охридското крајбрежје потекнуваат многу мои слики, а во слободно време играм шах. На последното првенство на Охрид за пензионери го освоив третото место!
Даниела Лазаревска
кикбоксерка
Поради породилно отсуство, извесно време бев надвор од рингот. Деновиве започнав со подготовки, сакам да ја продолжам кариерата на професионалниот ринг доколку најдам добар менаџер. Во Македонија и на Балканот ги освоив сите титули, а бев и светска вицепрвенка. Кикбоксот и мојот син Вилијам се мојата најголема љубов. |