Дневен Хороскоп
Овен
Ве изненадува што сите нешта станаа јасни. Беше потребно време за да сфатите кој сте и што се можете. Успехот е неминовен, но ќе мора малку да се помачите. Не бидете нестрпливи. Ситуацијата бара повеќе флексибилност, а помалку нервирање. Исходот ќе биди крајно поволен. Некои од вас чувствуваат малаксаност и склони се на намален имунитет.
Бик
Доколку се занимавате со пропаганда може да очекувате успех проследен со голема финансиска добивка. Активни ќе бидите и во уметничкиот живот. Ќе уживате во убавите и скапоцените работи. Ќе имате влијание на околината, посебно на некоја личност од која можете да имате корист. Изненадниот излив на страст спрема саканата личност ќе доведе до блага вознемиреност.
Близнаци
Морате да ги потиснувате чувствата. Внимание ќе ви пружи личност која не ја сакате. Размислувате за некој со кој заради многу околности не можете да остварите емотивна врска, туку ќе мора да се задоволите само од моментите. Преку глава ви се ограничувањата во љубовниот живот. Не ја трошете енергијата на глупости.
Рак
Вистински советник сте кога станува збор за егзистенцијалните проблеми. Љубовта е главна движечка сила и смисла во вашиот живот, потребна ви е како никогаш досега, но сте опкржени со погрешни личности. Имате впечаток дека никој не ве разбира. Сами сте го избрале тоа, па немате право да се жалите. Избегнувајте цигари и алкохол.
Лав
Одморете се и уживајте во семејната идила. Не дозволувајте му на никој да ви ја расипи. Доколку сте сами, ќе се чувствувате осамено како никогаш досега. Многу Лавови во овој период се обидуваат да ги стабилизираат брачно-партнерските односи, додека некои сакаат да запловат во брачните води. Можни се проблеми со видот и крвната слика.
Девица
Одморот ќе ви помогне да си ја повратите силата и да закрепнете од малаксаноста. Со партнерот се обидувате да најдете заеднички јазик. Бидејќи мислите дека секогаш сте во право не сте толерантни. Доволно е само да се корегирате и се ќе биди во најдобар ред. Моментално некои работи останале нерешени, но наскоро се ќе биди како што сте замислиле.
Терезија
Уметничкиот сензибилитет е изразен, па ќе уживате во убавите работи, но ќе ви смета се што не ги задоволува вашите строги критериуми. Може ќе ви се јави желба со партнерот да ги анализирате неговите проблеми. Денот е лош за се што има врска со практичните работи, но е одличен за дружење и занимавање со уметност. Обратете внимание на здравјето.
Скорпија
Чувството на неизвеснот ви делува деструктивно на вашиот нервен систем. За се има лек, така со преиспитување на некои планови може да дојдете до решение. Можеби претерувате. Слободните Скорпии на јавно место може да ја сретнат љубовта на својот живот. Среќата во коцкањето е минлива работа. Не дозволувајте овој порак да фати свои корени.
Стрелец
Иако на прв поглед делувате ведро, се обидувате длабоко во себе да го скриете емотивното преживување. Си поставувате безброј прашања за вашата врска, но не успевате да најдете денес одговор. Па штом е така не се оптеретувајте залудно. После редовно сработените обврски, нема да се излежувате, туку ќе се забавувате во исклучително пријатно друштво.
Јарец
На сите полиња фантастично функционирате. Прекрасно се чувствувате. Задоволни сте од деловната соработка и од контактите. Мирољубиво и алтруистички сте расположени. Таквата состојба обидете се да ја пренесите на блиската околина, бидејќи им е потребна вашата подршка и помош. Склоноста кон болки од ревматска природа ви е изразена, па пожелно е да се релаксирате.
Водолија
Бидете оптимист. Само така ќе успеете да излезите од нерешливите проблеми. Доколку сами се убедите дека може да ги решите, тоа ќе ви тргне од рака. Потрудете се од моменталната ситуација да извлечите максимална корист. Вашиот систем на вредности се менува, што е нормална појава. Промените се нешто за што тежнеете.
Риби
Обидете се да извршите минимум од она што морате, за да не се чувствувате бесполезно. Една од причините што сте мрзливи е ослабениот имунитет, но исто така може да биде и саканата личност. Изгледа дека контролата ви бега од раце, бидејќи сте претерале со изливите на нежност. Грешите доколку сметате дека партнерот не ви враќа со иста мера.
|