Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Плус милион евра за „Филип Втори“

Кардиохируршката болница „Филип Втори“ да добие дополнителна квота од околу еден милион евра за изведување операции за до крајот на годинава. Но, овие пари „Филип Втори“ може да ги добие само ако го потпише новиот договор со Фондот за здравствено осигурување. Вака одлучил Управниот одбор на ФЗО, од каде што сметаат дека дополнителните средства ќе бидат доволни за кардиохируршки операции за два месеца - ноември и декември.

На овој начин фондот би му излегол во пресрет на „Филип Втори“, каде што веќе е истрошена годишната квота за операции. Новиот договор што го нуди ФЗО предвидува некои услуги на болницата да и' се наплатуваат по пониски цени од сегашните, кои се дури и за 2.000 евра пониски, а се исти како и цените на другата болница што има договор со државата за кардиохируршки операции.

„Договорот што го нудиме има исти услови како и за сите други. Овој договор им го нудиме од јуни“, вели Бранко Аџигогов, портпарол на Фондот.

Кога минатата недела „Филип Втори“ го отвори проблемот за тоа дека не може без согласност од ФЗО да ги прифаќаат пациентите за операции, зашто е исполнета годишната државна квота, од оваа болница понудениот договор го прогласија за неповолен. Од „Филип Втори“ вчера не одговорија дали ќе ја прифатат новата понуда од фондот.

Инаку, за вратената пациентка, за која врева крена конкурентската болница „Систина“, Министерството за здравство оцени дека никој не е виновен. „Пациентката била примена и ставена под постојан медицински надзор и третман во Клиниката за кардиологија. Таму се извршени сите неопходни дијагностички процедури и прегледи, при што и' е утврдена соодветна дијагноза и потреба од хируршка интервенција. Службени лица од Кардиологија контактирале со двете приватни здравствени установи, а семејството на пациентката немала личен контакт со вработени од овие две установи“, оценила здравствено санитарната инспекција при Министерството за здравство. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1935 пати.

Испрати коментар

Од: Vodno
Датум: 25.10.2010 12:10:20
Dali Zan Mitrev ce ja vrati razlikata od 2-3000 evra po operacija koj gi zemase od Fondot celi 10 godini. Ce treba DPMNE i SDSM da mu gi vratat parite sto im gi dade za kampanjite??? Konecno dojde vo Skopje kardiohirurg koj operra po svetski standardi i so smrtnost koja e ista so onaa vo svetot. Do koga Zan ce go sprecuva otvoranjto na drzavna Kardiohirurgija? Da bese vo Germanija ce bese obicen hirurg so 10 000 Evra plata mesecno a ne multimilioner so diskutabilna strucnost.
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 25.10.2010 15:22:26
Државата му поклони клиника (владата на Кљусев)!Ненаситниот сега повторно очекува пари од државата!Жан беше меѓу другото и главниот противник за отворање на државна кардиохирургија!Потполно се согласувам со Vodno дека се работи за дискутабилна стручност,но можеби повеќе за алчна душичка!
Од: Stipsko koruptivno lobi
Датум: 25.10.2010 21:59:10
Koga g-d. Zan Mitrev ce gi vrati 8000.000 marki, koi togasniot minister za odbrana gKljusev mu gi dodele od kasata na MO vo opremuvanje na kardiohirurskoto oddelenie. Isto taka toj so godini ne placase ni kirija ni pak sredstva za odrzuvanje ( parno, elk. energ. liftovi isl) i seto toa odese na tovar na Voena bolnica. Duri i angiografot koi go poklonija Grcite mu bese podaren na Dr Zan,. na sto reagiraa grcite, bidejci istiot bese namenet za javna zdrav. ustanova. Za seto toa se znaese i znae no se molci. Togas ze molcese od strav od Kljusev i koruptivnata kompanija smesana vo toj maten nastan , a Mitrev se prestavuvase kako golem patriot i svetski strucnjak koj eve dosol da i pomogne na MKD. Neka kaze Zan Mitrev so koj poceten kapital e formirana Filip II , ama iskreno.

Најди! во Утрински
На прво место
И ние станови за богаташи имаме






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker