Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Масовно и свечено одбележан Велигден

Големиот празник беше прославен во сите православни храмови, а централното чествување беше во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Во сите храмови на Македонската православна црква верниците масовно го одбележаа најголемиот и најзначајниот христијански празник - Воскресението Христово. Централното одбележување на празникот над празниците беше во саботата вечер во Соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде што во храмот, но и во околните улици кои беа затворени за сообраќај, имаше неколку илјади верници. Во неделата во истата црква архиепископот г.г. Стефан ја одржа утринската Велигденска литургија на која, заедно со верниците присуствуваше и претседателот на државата, Бранко Црвенковски.

Во своето празнично послание поглаварот на Македонската православна црква потсети дека Велигден е најголем празник, зашто тој го слави животот. „Христос воскресна и се исполнија пророштвата, се исполнија очекувањата, а надежите станаа реалност. Тој ден е најзначајниот во сета историја на светот и човекот, зашто на тој ден блеснаа светлината и вистината“. Обраќајќи им се на верниците, архиепископот г.г. Стефан се осврна и на актуелната ситуација во државата, напомнувајќи дека „неправдите кон нас не се ништо ново. Тие и овој пат само можат и треба да ни помогнат да станеме поединствени и поцврсти во барањето на нашиот национален идентитет и во зачувувањето на се' што е македонско. Сите ние, како чеда на Македонија, должни сме да придонесеме во запазувањето на нашето вековно минато и на нашата сегашност, зашто само така ќе обезбедиме и трајна македонска иднина“.

Поглаварот на МПЦ порача дека „ние сме народ кој знае да се радува на Велигден и на сите празници, како што знае и да трпи страданија, да поднесува голготи и распетија. На овој спасоносен ден посакувам воскреснатиот господ да ни дарува сили да истраеме во искушенијата и неправдите, да го зачуваме духовниот мир и националното достоинство, зашто така ни прилега како на древен, охристовен и богољубив, библиски и човекољубив народ и да покажеме единство во верата и почитување во меѓусебните однесувања“.

Традиционално Охрид и овој Велигден беше духовниот центар во кој големиот празник го одбележаа 8.000 туристи од околните земји, но и од Хрватска. Овој пат, туристите од Грција не неа бројни како минатите години, но беа забележани неколку автобуси кои дојдоа во Охр��д за да се запознаат со древните храмови и манастири.

Велигденското празнување беше најсвечено во возобновениот Светиклиментов храм на Плаошник, каде што илјадници верници со запалени свеќи го чекаа полноќното чукање на камбаните кои го означија Христовото воскреснување. Оние што беа таму рекоа дека привилегија е Велигден да се пречека во Охрид, балканскиот Ерусалим и едно од најсветите места во православието.

„Дојдовме од Скопје да го пречекаме големиот ден на Плаошник. Овде покрај нас - Македонците бројни се и странците. Добро е што Охрид полека почнува да го развива и религиозниот туризам“, велат група верници од Скопје. Тие сметаат дека за Велигден треба да се биде дома или во Охрид. Многумина, пак, потенцираа дека се среќни што се во древниот Охрид и што можат да раскажуваат дека тоа е градот во кој има 365 цркви колку што има денови во годината. (Б.Ј.-С.И.)

 


Статијата е прочитана 492 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Партиските идентитети ќе решаваат на изборите
Вербатим
Нема кина? Е па, нема