Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Горан Тодоровски
естраден уметник

Денот го почнувам во О.У. “Јоаким Крчоски“ каде што имам редовни обврски како професор по биологија. Потоа, треба да се сретнам со Благица Павловска, да се договориме за фестивалот во Валандово на кој таа ќе настапи со моја песна. Вечерта ќе им ја посветам на пријателите, најверојатно во домашен амбиент.

Горан Колевски
шеф- координатор во ПИОМ

По празниците, вторникот го започнувам со вообичаени обврски на работа. Попладнето е резервирано за најдрагите- ќерките Анастазија, второодделенка , седуммесечната Теодора и сопругата. Доколку е убаво времето, сигурно ќе се прошетаме до кејот- постарата ќерка ќе вози ролерки.

Вероника Чадловска
сопственик на студиото „Афродита“

Овој ден ќе ми помине во подготовки- утре треба да заминам за Германија на семинар и промоција на нови козметички препарати, па очекувам максимална лична експедитивност. Секако, ова ќе биде можност да им го честитам празникот на моите пријатели и познајници.

 

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ