Кавадарци - Над 200 конфекционерки од грчката текстилна фабрика „Вебер-текс“ во Кавадарци вчера излегоа на протест во кругот на фабриката, бидејќи неколку месеци не им биле исплатени платите и придонесите. Конфекционерките обвинија дека грчкиот газда со комбе полно со стока налетал на нив додека тие го блокирале плашејќи се дека нема да им плати ако ја однесе стоката.
„Ме удри со ретровизорот, секунда беше во прашање. Да не се тргневме, ќе имаше поголем инцидент. Со возилото го скина катанецот што го ставивме“, рече една од конфекционерките, која подоцна заврши на Нервното одделение во кавадаречката болница.
И останатите рекоа дека биле неколку месеци под стрес и седативи оти работеле за без пари. Се жалеа дека неисплатените плати им создавале секојдневни проблеми оти не можеле да си ги платат сметките за струја, вода, телефон, а немале и со што да се прехранат.
Градоначалникот Александар Панов, кој ги посети конфекционерките и разговараше со газдата, им вети дека ќе посредува со ЕВН околу можноста за разбирање и неисклучување на снабдувањето со струја се' додека да има биле исплатени парите. Газдата се согласил овие денови да им ги исплати платите за февруари и за март, но конфекционерките бараат исплата на целиот заостанат долг и покривање на придонесите. (А.Д.)
Ova se najgolemite problemi vo Makedonija. Ostavanje na cedilo na rajata. Ova e rasturanje na opstestvoto, pocnuvajki od familijata (opsta bezparica) preku domino efekt do rasturanje na drzavata. Ubeden sum deka nikoj nema da napravi nisto kako i do sega, za spas od isceznuvanje na svojot narod.
"Drzava koja ne e sposobna da ja cuva cesta na svoite gragjani, ne e dostojna da postoi na svetov." - A. Hitler
Од: Ристо М
Датум: 03.06.2010 05:15:41
Требаше уште другиот ден по првиот месец на не исплата да штрајкувате а не да работите три месеци бес пари глупав Македонски народ,тоа се Кози дали невие јасно тие ја ограбија ЕУ вас ќе ве жалат?
Од: Goran
Датум: 03.06.2010 09:23:53
Sramota,toa da go pravi vo grčka,neplaćanje na plati koi se od 1500 do 2000 € ,neplaćanje struja,doprinosi će go vidam kako će pomone , a ovde 150 € po rabotnik i pa ne im isplaća i toa od nova godina navamu.Nema prekuvremeno,pauza,nikakvi čovekovi prava kako vo konc logor rabotata jadni luđe za korka leb.Neka si povedat račun Inspekciite za ovie "grčki biznismeni"da si gi plaćaat obvrskite prema Državata i rabotnicite a ako ne kluč,i taka rabotat đabe lugjeto
Од: master
Датум: 03.06.2010 09:49:27
Kade se inspektorite,si molcat i se grstat so pari.Da im se provere steknatiot imot.Kavadarci e na pat celosno da izumre,pocnuvajki od lozarstvoto pa do sekoja druga granka.Funkcioniraat samo 30-40 dukani i toa vo centarot na gradot.Raboti samo kladilnici i banki.Sekoj 4-ti dukan e opljackan ili e pokusano da se pljacka,kriminalot i drogata se vo mnogu golem podem.Celnicite na gradot se vo izguben prevod,kade se stranskite investicii,kade se vrabotuvanjata na mladite???
Од: Gox
Датум: 03.06.2010 10:56:15
Samo u Makedonija moze da se sluci 1 gazda da izgazi 200 rabotnici i pritoa posledici da imaat samo rabotnicite..Dodeka na nekoj ne mu letne glava,ke bide vaka,a dotogas,rabotete prekuvremeno,za praznici,vo tri smeni prekuvremeno i strajkuvajte posle 1 godina neisplateni plati.Makedonce,makedonce,zal mi e sto i jas sum makedonce..
Од: jean luc picard
Датум: 03.06.2010 11:03:26
кај се тука инспекторите и УЈП да го казнат газдата со 20.000 евра како што ги казнуваат нашите фирми само за 1 ден доцнење со платите??!! овој грков со месеци абер немал да ги исплати работниците, и никому ништо! уште се сили и ќе ги гази луѓето! море лисици и право у апс за ваквите идиоти! да скапе у затвор!
Од: nn
Датум: 03.06.2010 11:59:20
Kade se trudovite inspektori.za edna pleskavica se kupuvaat vo kavadarci.kaj da se zavrtis kriminal.sekoja vecer po 10-15 krazbi a plicijata si spie.kade e ujp.znaat da naplacat kazni i po telefon.site inspektori so inspektorska plata vili i stanovi si iznakupija a gulo koj go ferma
Од: makedonce
Датум: 03.06.2010 13:26:46
koa si ovca sekoj ke te strizi...prost makedonski narod raboti so meseci bez pari taka i vi treba....