Болен татко тепал дете
Во својот дом, во виничкото село Јакимово, 30-годишниот С.В. извршил семејно насилство врз неговата мајка и седумгодишниот син. Детето било удрено со тупаница по глава, а потоа со стаклен пепелник го удрил и по лицето, нанесувајќи му видлива повреда под десното око. На детето му е укажана лекарска помош во ЈЗУ-Виница. Со оглед на тоа што С.В. е лице со нарушено психичко здравје за него е одредена мерка упатување на лекување во психијатриска установа во Негорци. (Љ.С.) |