Сашо Пижевски,
"Хавана бенд"
Денот го почнувам ударнички - со кафиња и до пладне сум во студио кај Аце, ги досредуваме песните. Доцниот ручек во "ДМ" ќе биде предувертира на добрите работи што треба да се случат - прво одиме на "Кинегонда" да го гледаме Дац, а потоа сите во емисијата НЗС кај Мирчевски на Канал 5.
Ѓорге Васиќ,
протокол во Министерство за образование и наука
Вообичаени работи и протоколарни средби во Министерството за образование и наука. Агендата се менува од час на час и, најверојатно, ќе останам на работа до доцна попладне. Потоа ја носам ќерка ми Евгенија на одбојкарски тренинг во клубот "Форца". Вечерта ќе си дозволам кафе-муабет со пријателите.
Сашко Ѓеоргиев,
стилист
Продолжувам со работа во моето студио "Арс-нова" во Охрид. По матурантите, сега на ред се помладите, полуматурантите, кои денес ќе ги средувам. Градот некако оживеа и се' е турбо. Попладнето ми е слободно, ќе ги разгледувам материјалите од Франција, од работното патување од кое неодамна се вратив.
|