Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма

И гроздоберска фаланга!

Наум Николовски, Кавадарци

Туристичко-стопанската манифестација „Тиквешки гроздобер“ е една од најстарите манифестации од ваков карактер во државата, чие одржување почна во педесетите години на минатиот век.

По извесно прекинување (во осумдесетите години) со залагање на челниците на локалната самоуправа, во претходниот и во овој мандат, манифестацијата се обнови. И така треба да биде.

Основната идеја беше, разбирливо и сега, како до содржини, кои ќе го промовираат винскиот туризам во Тиквешко, идеја што не е нова и по чија содржина се трага. Токму во „Тиквешкиот гроздобер“ се гледаат основите и моделитетите што ова подрачје ќе го направат стопански интересно и во деновите пред и по манифестацијата. Тиквешкиот гроздобер во секој случај го афирмира регионот како централно подрачје за производство на грозје и на вино.

Токму затоа изненади отсуството на економските пунктови, досегашниот Саем на вино и производи, лани промовираниот „Вински пат“, експонираноста на ВВ „Тиквеш“, локалните приватни винарски визби...

Изгледа не е изненадување отсуството на симболите на лозата и на виното на централната „Карневалска поворка“. Во годинашново скратено стотинаметарско издание, се вклучи и турнејата на т.н. „Македонска фаланга“ (по Крушево, Берово...). Педесетина деца, во картонски кореографски кич, што покажа дека дури и гроздоберот не може да мине без детската „фаланга“ демонстрација на своевиден популизам и аматеризам.

Со отворени дилеми дали „фалангата“ пред три-четири илјади години садела лозје, произведувала вино во Тиквешко или само пиела? Како перјаница на тогашната внатрешно-револуционерна организација? Или денешниве скокнале од новата национална арена „Филип Втори“, па преку автопатот „Александар Македонски“, навратија во Кавадарци?

Сериозно, манифестацијата треба да се заштити од дневно-политички популизам. За да ја задржи својата смисла.

 


#
Статијата е прочитана 587 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 12.09.2009 07:23:57
Naume, pa VMRO-vcinjava cela drzava e pretvorija vo KIC a ne Tikveskiot grozdober...... Jas bi ja narekol NEPISMENA VMRO_vska FALANGA...
Од: kris
Датум: 12.09.2009 17:47:01
Se cudamkako Grujo i vo Kina na Ekonomskiot forum ne mu ja odnese VMRO-vskata falanga.............. navistina glupavo deluva,na Tikveski grozdober FALANGA???????????????
Од: DBGT
Датум: 12.09.2009 21:11:07
Vo lozjeto i vinoto ne lezat parite...tuku vo makedonskata falanga.pa Naume ne ke e loso da se naprave vo Makedonija edna falangijada a ne da se ode od grad vo grad so detski falangi4inja..
Од: Ace od Avstralija
Датум: 13.09.2009 07:18:20
Sto vi smeta (na mal %, komunisticko, SDSMovski oboeni izrodi) Falangata? Taa bila narecena MAKEDONSKA FALANGA, a ne grcka, atinska, tebanska... zatoa povece respekt kon falanga i se sto e Makedonsko, ne od patriotski pricini, tuku da znaat komsiite deka ne se "popametni" i deka ne pieme mastilo.Zosto da se otkazeme od nesto iskonsko? Jas sum mnogu gord na tatko mi Apostol, dedo mi Kraljo, pradedo mi Neso, cukundedo Mitar... A Vie?

Најди! во Утрински
Писма
Градоначалникот Роберт Ѓоргиев како конфликтна личност