Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Билјана Драгиќевиќ-Пројкоска

актерка

Викендов сум ангажирана околу еден голем кастинг за статисти за три филма, што ќе се одржи в недела, во МКЦ. Саботата ми е за технички и психолошки подготовки за средби и работа со многу луѓе и метеж в недела.

Ненад Секирарски

моден креатор

Иако е викенд, саботното претпладне сигурно ми е работно, а може да се продолжи и за подолг период од денот. Веќе почнувам да ја подготвувам колекцијата со која ќе се претставам на Модната недела во Белград, што ќе се случува од 15 до 26 октомври. Неделата се надевам дека ќе ми остане за одмор.

Росица Голабоска

новинарка

Работните обврски ми ја диктираат организацијата на денот. Бродската несреќа и случувањата во Охрид не ми даваат одишка ниту за викендот. Вечерва ќе се обидам да направам репортажа за осветувањето на камбанаријата во манастирот „Свети Јован Бигорски“ и да ги пренесам моите импресии оттаму.

 


#
Најди! во Утрински