Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
На прво место

Мрачни прогнози за Македонија од известувачот на ЕУ


Статусот кандидат во ЕУ не носи и напредок: Ерик Мејер

Судењето во Хаг драматично ќе го одложи членството на нашата земја во ЕУ, прогнозира Ерик Мејер

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Известувачот на ЕУ за Македонија, Ерик Мејер, се пожали дека не може да влијае на содржината на сопствениот извештај што ќе се гласа идниот месец, бидејќи желбата во Европскиот парламент и во Советот да се избегне грчко вето е толку силна што не била прифатена ниту една од неговите критики на наша сметка.

„Желбата да се избегне грчкото вето, без оглед на цената, веројатно е вистинската причина за инерцијата што ја покажуваат ЕП и Советот“, изјави Мејер, тврдејќи дека резултат на тоа е „великодушноста“ во процената на ситуацијата во земјата, толкава што ниту една од неговите забелешки не била прифатена од европарламентарците.

Тоа е спротивно од впечатокот во нашата држава дека во ЕУ, всушност, се бараат причини како да се оправда застојот на Македонија за да не се види дека причина за тоа е името. „Веројатно оваа мрачна перспектива ги убеди членовите на Комитетот за надворешна политика да бидат великодушни во оцената, па дел од моите критики, базирани на моите сознанија од прва рака во Македонија, за изненадување, не наидоа на поддршка од мнозинството парламентарци“, се пожали Мејер.

Европарламентарците немале слух за неговата забелешка дека властите во Македонија за време на последните избори не направиле ништо однапред да ги спречат инцидентите, како и за оцената дека се неприфатливи апсењата за корупција пред телевизија на битни членови на опозицијата без да се презентираат докази за вината. Исто така, европарламентарците не застанале зад неговата критика за усвојувањето на законите по ургентна процедура, нешта што ги имаше во првата верзија на неговиот извештај, но се избришаа.

Таа великодушност, според Мејер, сепак, не може да ја забрза евроинтеграцијата на земјата, која како да е заборавена последните години, бидејќи доби кандидатски статус во иста година со Хрватска и додека Хрватска е пред прием, Македонија не почна ни преговори. Негативната порака до другите земји од Западен Балкан, смета Мејер, е дека статусот земја-кандидат повеќе не значи ништо ако не носи напредок, а во македонскиот случај причина за тоа е спорот околу името на државата, околу кој Мејер се' повеќе се приклонува кон грчката позиција.

Неговата реакција, по се' изгледа, мотивирана е токму од оваа причина, бидејќи тврди дека е доволно Македонија да прифати додавка на името на државата, како што се северна или горна, и Грција би се согласила со тоа. Барањето до Атина да не користи вето за евроинтеграцијата на Македонија, што беше вметнато од други европарламентарци, тој го оценува како „морален повик до Грција“, што не и' го скратува правото да стави вето на земјите што бараат членство.

За да биде поуверлив дека Македонија е заборавена по своја вина, бидејќи не го решава проблемот што може да се реши, Мејер ја посочува одлуката на македонската Влада да поведе постапка во Судот во Хаг, која не води кон ништо друго туку кон застој на преговорите.

„По ова евроинтеграцијата на земјата ќе се соочи со развлечена стагнација, а дали исходот ќе биде одлагање од 10, 20 или 30 години е тешко да се каже, но постои шанса сите други држави од бивша Југославија, кои сега не се ни кандидати, да станат членки пред Македонија. Се плашам дека друг парламентарец ќе пишува извештаи за земјата многу по моето пензионирање“, смета Мејер.

Мејер, инаку, не е дел од влијателните големи парламентарни групи во Европскиот парламент, па тоа го објаснува и фактот дека не успева да ги наметне своите ставови, бидејќи членовите на најголемата групација застанаа на друга позиција – дека состојбата со недавањето датум за преговори е неодржлива и дека ветото не е пожелна опција.

Неговата реакција се совпадна со обидите на заменик-шефот на грчката дипломатијата, Јанис Валинакис, да влијае на европарламентарците, три недели пред гласањето во Стразбур, да се приклонат на ставот дека Македонија не заслужува чекор напред во ЕУ, не поради името, туку затоа што и натаму е проблематична држава.


Статијата е прочитана 1838 пати.

Испрати коментар

Од: Buden
Датум: 20.02.2009 00:28:31
A be se e ova maslo na Branko, zimi Makedon ako ve lazam. Ajde Grujo i ostala bando pakuvaj kuferite i pravec Idrizovo!!!
Од: Јуне
Датум: 20.02.2009 00:48:05
Премиерот и камарилата околу него мислат дека можат да ја манипулираат меѓународната заедница како што доскоро успеваа да ја манипулираат гетоизираната македонска јавност! Факт е дека актуелната влада, за разлика од владите на СДСМ, може да се пофали дека „ставила камен на камен“. Меѓутоа, треба да се има предвид дека сегашната влада располага со три пати поголем буџет, од кој неконтролирано троши големи пари за сопственото рекламирање. Една домаќинска влада со толкав буџет ќе направеше многу повеќе! Странските експерти предупредуваат дека политиката на владата води кон уништување на стопанството, а економските дилетанти во владата мислат дека проблемите во стопанството може да ги реши со зголемувањето/полнењето на буџетот!? Мошне опасно е кога комплексот од Прилеп се лечи со Харвард, Оксворд, Кембриџ.... Таа комбинација не одговара посебно и поради тоа што Прилеп сепак го има пресудниот збор!
Од: Оли Јулчовски - Струмица
Датум: 20.02.2009 07:37:58
Ме зачудува упорноста на Европа,Никако да сватат дека УШИТЕ на Вождот се затворени со ,,НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ТАМПОНИ,,Тој го слуша само,,ГЛАСОТ НА НАРОДОТ,,на Томич,,ЦРНОТО плаво офарбано БУМБАРЧЕ и сигурно со двете уши ,,НАЈ НОВИНАРИШТЕТО ЛАТАС,,А ослепениот Македонски народ од што е,,СИТ,, со полн СТОМАВ ќе размисле убаво дали да му даде уште една Власт,Да го избере неговата,,МАША,,Иванов за Претседате.Е дури тогаш Европа ќе се откаже од нас како ИЗГУБЕН случај.
Од: jovan
Датум: 20.02.2009 08:02:27
Nemora od nadvor da ni kazuvaat vo kakva kasa sme. Nie ovde mnogu podobro gledame sto e sto, no ete, propagandata raboti, a surovina za propaganda sekogas ima. No i Hitlerovata masinerija edno vreme blagodarenie na propagandata ostvari "solidni uspesi i rejtinzi" no da ne spomenuvam kako i kade zavrsi.
Од: Maja
Датум: 20.02.2009 08:02:28
По ова евроинтеграцијата на земјата ќе се соочи со развлечена стагнација, а дали исходот ќе биде одлагање од 10, 20 или 30 години е тешко да се каже, но постои шанса сите други држави од бивша Југославија, кои сега не се ни кандидати, да станат членки пред Македонија. Се плашам дека друг парламентарец ќе пишува извештаи за земјата многу по моето пензионирање“, смета Мејер. Eve dragi sonarodnici što imame vo nasledstvo od Crni Grujo.
Од: opulete se
Датум: 20.02.2009 08:02:56
Погледнете што се работи. Бранко и Фрќко ќе ги наполнат известувачите со најцрни информаци за Македонија, па после по медиумите ја напаѓаат владата дека нивните прогнози биле мрачни. На таквите извештаи и известувачи како овој Ерик Мејер, кој не се потрудил да ја разбере вистината, не им веруваат веќе ни во ЕУ. Токму затоа "ниту една од неговите забелешки не била прифатена од европарламентарците."
Од: dragan
Датум: 20.02.2009 08:34:23
kolku ne objektivni komentari , od prosti citateli, mislam deka ne samo sto mrazat nekoja politika na politicka partija , no se mrazat i samite sebe. neka lupnat tie prazni glavi i neka razmislat, koja e prichinata za se ovaa ... pa podobro da gi kolnat i psovaat atinjanite, odkolku samite da se mrazat, i na toj nacin da iskazuvaat maloumnost
Од: stole
Датум: 20.02.2009 08:42:40
Vladata "OSTVARUVA" ja realizira svojata programa "naddozidana" vo juris vo borba protiv NATO i EU. ako vlezeme vo NATO i EU ke mora da se pocituvaat zakoni a se dodeka sme izolirani VMRO- DRPNIME ke si ja teraat po svoe i ke si uzivaat, ke si se tovaraat i ke ne ubeduvaat deka mnogu nie ubavo. Imame vlada "TITANIK" tesko nas.
Од: jimmy1
Датум: 20.02.2009 09:47:40
Pa dali sme imale nekogas nekakva svetla prognoza od ovie birokrati? Imavme malku posvetla nadez koga go voveduvavme Ohridskior gnasen dogovor, koga go menuvavme ustavot za da gi zadovolime albanskite teroristi, koga amnestiravme ubijci i siluvaci, koga gi zaposluvavme albancite vo zdravstvoto i vo MVR bez nikakvi strucni spremi, koga gi stavavme teroristite vo vladata, odnosno za sve sto pravevme vo koris na albanskite zapadni milenicinja, a odkako sve toa se zavrsi sekogas imame samo mracni prognozi. Mozebi ke dobieme svetla prognoza togas koga ke ne snema kako drzava, kako makedonci koga nasata nacija nema da postoi, toa Evropa go zapocna uste vo 1913 god. so podelbata na makedonija i ke prodolzi se dodeka se izbrise sve sto e Makedonsko, od drzava, do nacija, istorija odnosno sve sto ima nekakvi makedonski belezi. Toa e nasa greska sto mnogu se svrtime kon zapadot pa sonceto namesto da ne deni, ne stemnuva. Sonceto nikgas ne izgreva od zapad, pa zatoa i nikogas nema da ne osvetli.
Од: Kuzman
Датум: 20.02.2009 09:55:24
Ja gledaat vistinata i evroparlamentarcite, problemot so Makedonija e neprifakanjeto Makedoncite da bidat tie sto se, baranjeto da se smenat za eventualno clenstvo. Makedonija ne e problematicna zemja, tuku e pretstavena kako takva od sredini koi imaat interes toa taka da bide pretstaveno. Edni za napredok vo politickata kariera, drugi od frustracija nesto da se smeni, treti od omraza kon onie koi ne razmisluvaat kako niv i posakuvaat grcka superiornost kako vo vremeto koga tie odlucuvaa za Makedoncite, gi progonuvaa i prisilno asimiliraa. Zalosno kako se smenaa rabotite od konecno postignata samostalnost vo 1991 do diskusija da bideme drugi denes. Zar e mozno takva bezrbetnost. Zar ne e pravilno grcija da se sooci so realnosta za postoecki Makedonci i pravilno site zaedno da postoime.
Од: Goran od Slovenija
Датум: 20.02.2009 10:33:54
Eh, bando Makedonska, zatoa ne ima nas Makedoncite segde po svetot, taka e koga imame banditski vlasti od 1990 pa navaka, begame od sopstvenata drzava. TRAGEDIJA
Од: Kavadarcanec
Датум: 20.02.2009 11:01:40
Pa neli za problematicnite izbori dobivme kazna, sto uste sakaat od EU. Ovoj evroparlamentarec kako da raboti protiv nas i otvara prasanja koi veke se zatvoreni. Jasno e kako den zosto tolku godini nie ne mozeme da se integrirame nikade, ne mora sega EU da glumat naivni.
Од: zabegan
Датум: 20.02.2009 11:26:27
НЕЈЕ точно сите не лажат ко ни вели ГРУЈО добро ние мора да му веруваме. САМО ТОЈ знае да ја дозакопа МАКЕДОНИЈА.
Од: b
Датум: 20.02.2009 11:59:12
Што е пак сега ова. Кому да верувам? На Европјаниве дека е мрак или на Љубчо од Битола, Ирина од Кавадарци и слични на нив, дека ни е се мед и млеко.
Од: evropa
Датум: 20.02.2009 13:56:19
Majer za zal e vo pravo mak nema da vleze vo eu i za 30god i pokraj toa do togas site vibsi yu rep da stanat clenovi smesno neli?no realno mora da prifatime banalna pridavka gorna,dolna, sevrna .nova ,crna,bela seedno samo da sme vo eu samo toa ima idnina a 30god?pa do togas albancite ce izlezat od mak a mak nema ni da prezivee narod poradi siromastija ce bara da se priklucime kon bug drugi kon srbija treti kon albanija.no vmro ako ne prifaca sds ce.
Од: До „opulete se“
Датум: 20.02.2009 15:57:04
Е ај прво ти се опули,па после јави се.
Од: Боро до opulete se
Датум: 20.02.2009 17:17:48
Значи зрачиш со ВМРО-изам - ЕУ добива информации за Македонија од АМБАСАДОРИТЕ, не од Бране и Фрле...
Од: amelija
Датум: 20.02.2009 17:19:02
Politika, kako na najlesen nacin Evroparlamentarcite da ni go smenat imeto.Zarem ne trebase dosega da bideme clenka vo NATO ? Srabotete ovaa, srabotete onaa i na kraj Grcija so svoeto lobi si poigra so site evropejci pa duri uspea i Amerika da ja raznisa na politicki plan......Gluposti

Најди! во Утрински
На прво место
Се топи популарноста на премиерот Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ