Што прават денеска
Катерина Шехтанска-Лаковски
актерка
Денешниот ден е во знак на прославата на петтиот роденден на син ми. Неизбежно и на нас преминува неговата возбуда за славењето во игротека со другарчињата од градинка. Сепак, во светот на возрасните, мене денес ме очекува и проба за испитната претставата „Дон Жуан“, чија премиера ќе биде на 23 јуни.
Маргарита Христова
пејачка Денес го почнувам првиот продолжен викенд во сезонава, во Грција, некаде на краците на Халкидики. Минатата недела имав настап на концерт во Турција, во рамките на „Истанбул - европски град на културата“, а во јули ме очекува учество на еден фестивал на Тенерифе. Во меѓувреме планирам да правам викенд-одмори на најблиското море до Битола.
Дивна Пешиќ
сликарка и стрелачка
Во периодов работам на еден нов циклус слики т.е. се подготвувам за изложба во октомври, надвор од Македонија. Така, најголем дел од денот минувам во ателјето - работно, што добро ми доаѓа на жештиниве. Сепак, пред да се зафатам со работа, утринава ме очекува патување на релација Кавадарци- Скопје. |