Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Мислења

Мислења

Битола - град на афери?

Слободан Најдовски

Станува ли Битола повторно град на политички афери создадени во скопските кујни?

Време е на одмори и си помислив дека треба да ја посветам колумната на некоја убава релаксирачка тема. А имав и убав повод. Минатата недела во Битола гостуваше театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петерсбург. Воодушевија со нивната изведба на Шекспировата „Сон на летната ноќ“. Театарската сала беше преполна, а публиката на крајот од претставата ја покажа својата воодушевеност со неколкуминутното ракоплескање и овации за руските артисти.

Но, како секој битолчанец, овие денови не можам да се оттргнам од случајот на земјоделецот Душко Илиевски. Нема човек од градот под Пелистер што во своите меѓусебни разговори, се разбира, секој од свој агол, не дискутира на оваа тема. Заедничко за сите е дека тој е жртва на политиката и на сопствената борба за остварување на своите права. Случајот на битолскиот поранешен млекар отвори неколку прашања поврзани со човековите права, но и прашања околу одговорноста на претставниците на извршната власт, кои ја водат постапката, како и производството на афери во функција на политиката.

По притворањето на битолските земјоделци речиси секој ден имаше информации дека и во други места се пронајдени произведувачи на марихуана. Де во Свети Николе во нечиј двор де се пронајдени две растителни стебла во Прилепско. Сакајќи да покаже дека исто се однесува за секој што наводно се занимава со производство на марихуана, власта не' наведе на мислење дека насекаде низ Македонија се одгледува оваа супстанција. Ако е така, тогаш секој човек ќе си го постави прашањето - што правеле надлежните во македонските институции за борба против дрогата и каде е нивната одговорност.

Колку и да сака човек независно да гледа на случајот, сепак, првиот впечаток, кој со ништо не може да се избрише, е дека тој има политичка заднина и дека е насочен кон загрозување на слободата на говорот. Истовремено, неизбежен е и впечатокот дека се испрати и порака до другите земјоделци, но и до сите незадоволници, како големо гласачко тело на владејачката партија, дека може да ги снајде истата судбина ако го кренат гласот за подобрување на својата состојба и да бараат правда. По овој настан, ретко некој од нив ќе прозбори за аферата „Сведмилк“. Најверојатно, власта не се исплаши толку од Душко, туку од неговиот придонес за ослободување на стравот кај земјоделците.

Очекувана и оправдана е реакцијата на битолската опозиција,кога станува збор за човек што само пред извесно време учествуваше на нивни собир и најверојатно поради тоа трпи последици. Нивните активности ги поддржаа и голем број партиски неопределени граѓани. Сите тие, со исклучок на неколкумина инструирани, наводно, припадници на некоја невладина организација за борба против дрогата, убедени се во невиноста на земјоделците. Но, бедна е реакцијата на Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, која по неколкудневен молк, се огласи во јавноста со обвинување кон опозицијата, а ниту со збор за конкретниот случај. Како поинаку да реагираат кога повеќето од нив знаат за какво семејство станува збор, а мораат да читаат напишани соопштенија. Знаат и тоа дека ѓ��нималци, какви што се Душко и неговите, се жилави луѓе и не се предаваат. Затоа на повиците за изјаснување за конкретниот случај, претставниците на владејачката партија во градот се обидуваат да го избегнат вистинскиот одговор. Со тврдењето дека опозицијата брани производител на дрога, тие однапред ги осудија обвинетите.Тоа е притисок врз институциите, бидејќи го соопштуваат ставот на власта.

Посебно за размислување е прашањето - зошто изостанува јавната реакција на битолските интелектуалци, настрана оние што се резултат на изнесување на партиски ставови. Најчесто под изговор дека не сакаат да го изнесат ставот со образложение за да не се сфати како мешање во самата правосудна постапка, всушност, како да сакаат да ја потврдат максимата дека молчењето е злато.

Давањето потпис за поддршка на Душко не го гледам само како поткрепа за него, туку многу повеќе како поддршка на правото за слобода на говорот. Како поддршка и барање испратено до надлежните институции да не подлегнат на политичкиот притисок на власта, туку напротив, да се однесуваат во согласност со законите. Ако независно функционираа институциите денес ќе имаше разрешница на случајот „Сведмилк“ и најверојатно ќе немаше потреба од случајот во кој е инволвирано семејството Илиевски. Никој нема право на амнестирање од одговорност повикувајќи се на политичката припадност. Но, уште повеќе власта не смее да си дозволи да прогонува некого за спротивставување на нејзината политика.

Дали со случувањата околу семејството Илиевски започнува и битката за следните парламентарни избори во Битола? Станува ли Битола повторно град на политички афери создадени во скопските кујни? Ова има мирис, ако и не смрди на тоа.

Речиси секогаш пред избори Битола е во жижата на збиднувањата и се случуваат настани што ги одредуваат изборните резултати уште изборите незапочнати. Но, за жал, секогаш тоа се непријатни случувања со поразителни последици по битолчани. Колку за потсетување. Во 1997 година аферата ТАТ ги одреди победниците на парламентарните избори во 1998 година. Во 2002 година, како град од кој беа најголемиот број трагично загинати во конфликтот, тоа битно влијаеше врз изразувањето на волјата на гласачите. Така беше и во 2006 година кога протестираа најголемиот број земјоделци за неплатениот тутун и пченица, но и незадоволниците од продажбата на „Лозар“ и на ЕСМ, како и поради евентуалната продажба на деловните единици поврзани со РЕК „Битола“. Сето тоа доведуваше до однапред наметнати изборни теми и запоставување на вистински дебати поврзани со иднината на Битола. Дали и на следните избори главниот акцент кај нас ќе бидат аферите, но овој пат, од типот на „Сведмилк“, криминалот во РЕК, притворањето на членовите на семејството Илиевски или допрва ќе има и други. Најверојатно, повторно ќе изостане дебатата за тоа во кој правец ќе се развива Битола и што е тоа што ќе го понудат кандидатите за пратеници во овој регион.

Затоа општествената, интелектуалната, а пред се', политичката јавност на Битола треба да и' се спротивстави на политиката која има цел да создаде терен исклучиво погоден за создавање афери. Потребно е да се застане во одбрана на семејството Илиевски за да се покаже дека битолчани се сити од афери со политички призвук. Треба да се даде целосна поддршка на сите кои бараат разрешување на аферите од типот на „Сведмилк“. Битолската јавност треба да побара од сегашната власт што поскоро, ако не и веднаш, да ги реши наводните случаи. Да побара тие да имаат свој завршен епилог пред започнување на изборните кампањи и на следните избори да се дебатира за иднината, а не за минатото на Битола. Политиката за иднината треба самостојно да се креира во Битола, а не да се произведуваат афери во скопските кафулиња и канцеларии.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1947 пати.

Испрати коментар

Од: zrak
Датум: 27.07.2010 07:00:22
SRAM DA VI E 20g GO UNISTUVATE NARODOT[pa mozi i zasluzuva koga ne misli so svoja glava]
Од: Marko
Датум: 27.07.2010 08:35:31
Avtorot ne samo sto e poranesen pratenik,tuku e i poranesen direktor na J.P. Pazari-Bitola.Dodeka toj bese direktor,toa javno pretprijatie bese raskrcmuvano,pagase vo dolgovi,ednostavno receno,vo toa vreme vo Bitola go tresea aferi bas tokmu J.P. Pazari.
Од: petar
Датум: 27.07.2010 09:45:33
Овој МАРКО баш нема појма.Кога авторот на колумната беше директор на Ј.П.Пазари тоа беше најдоброто финансиско работење на Пазари.Нека ги погледне извештаите во општина кај неговите луѓе
Од: dosada do smrt
Датум: 27.07.2010 10:25:47
Kako sakate da vi se prodava vesnikot so vakvi dosadni kolumnisti?? Zarem go chita nekoj chovekov?
Од: kaktus
Датум: 27.07.2010 11:48:01
Ете и тоа кај нас се случува. Некој букаџија со рурална провиниенција, се обвинил за нешто што го сторил или не го сторил-фактичко прашање што се докажува во судска постапка, а партиските гангови го користат за политичка фарба (читај магла). Приказна што ја знаат и децата: Некој волк украл јагне... Овчарите го фатиле, го врзале и почнале да го тепаат. Волкот се бранел: “Не сум крив што сум сиб“. Овчарите му одговориле: “Не дека си сив, туку дека украде јагне!“ Наравоучението кој секој разумен човек би требало да го сфати, изгледа не е сфатливо за авторот.
Од: Maca
Датум: 27.07.2010 12:15:52
E bre Marko !!! Zosto nekazis sega kako e JP Pazari ? Direktor imavte od vladeeckata partija. So napraj toj povejke ? Si prefrlase sredstva vo negovite firmi. I ti da se naogjase vo kozata na Dusko, kako i vo kozata na drugite mlekari ke te videv so ke praese . Zosto i Konjanovski izbega od REK.? Masinski ing e po struka , sobarase vo ministerstvoto za odbrana . Ili izdrpa dokaj so mozese i ja kidna . Seto ona so go zborase Bendevska izleze na videlina . Sega toj neka mu ja vrajka ostetata. Navistina sekogas Bitola ja tresat aferi pred izbori zatoa sto od Bitola zavisat mnogu glasovi. Gotovi ste VMROVCI nema povratok.. Kraj.

Најди! во Утрински
Мислења
Врзани раце