Официјалната српска политика има проблеми: како да и' објасни на јавноста зошто оружјето, кое го подготвуваше таа за другите, е свртено против неа
БЕЛГРАД - Неколку дена по првиот шок поради, како што овде се' почесто официјално се зборува, за пристрасното и политички обоено советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата (МСП) за Косово, српската официјална политика има голем проблем: како рационално и убедливо да му објасни, пред се', на домашното јавно мислење, зошто оружјето, кое таа го подготвуваше за другите, се сврте против неа. За волја на вистината, српскиот државен врв тоа и не се обидува, барем не во официјалните реакции и коментари, туку по логиката „нема врска, одиме натаму“ (забелешка на Владимир Глигоров), настојува да ја замагли новосоздадената ситуација и го релативизира, по многумина, несомнениот крах на сопствената надворешна политика. Курс кој на Србија, барем кога станува збор за Косово и за евроинтеграциите, и' ги врза рацете.
Отфрлајќи каков било облик на одговорност за (уште едно) стратегиско промашување во процената и можните потези, државното раководство во Белград не отстапува од вообичаениот манир на главнината на српската политика (и владејачка) елита, бранејќи ги националните и државните интереси на начин кој, речиси по правило, дополнително и' ја влошува позицијата, всушност, да манифестира дека претерано не се оддалечила од авантуристичкиот надворешно-политички стил на Милошевиќ, како што истакнува професорот по меѓународно право, д-р Воин Димитриевиќ. Значи, по таа матрица, изгубена е (по вина на другите, пред се') само една битка, следуваат нови, кои Србија, за волја на вистината, во радикално променет амбиент по Хаг, уште потешко може да ги добие, а многу лесно да ги изгуби. Сега сите карти се фрлаат на септемвриското заседание на Генералното собрание на ОН, усвојување резолуција со која би се принудиле косовските Албанци да седнат на преговарачка маса и со Србија да побараат формула за новиот статус на Косово. Се игнорираат пораките дека од тоа нема да има ништо, па преговорите, всушност, се можни, но за техничките прашања на релација Косово - Србија се премолчува дека Косово во Хаг се здоби со голема и, според многумина, недостижна предност. Пропагандната матрица на белградските власти затоа се насочува на форсирање на тезата дека советодавното мислење на МСП за Косово ќе ги поттикне сите сепаратистички движења во светот (а ги има околу 80) да кренат глава и да тргнат по примерот на Приштина.
Шефот на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, покрај Борис Тадиќ, главниот креатор на најновиот неуспех на српската надворешна политика, чија оставка (или смена) се' позачестено се бара и во домашните и во странските кругови, сепак, не се предава: тој не гледа дека Белград во нешто погрешил, освен можеби во верувањето дека Хашкиот суд ќе биде коректен. Но, затоа непогрешливо открива дека МСП ја „отвори Пандорината кутија“, бидејќи „ја зголемува опасноста од сепаратистички движења и во други делови во светот“. Според него, светот ќе се спаси од таа несреќа, односно Пандорината кутија ќе биде благовремена затворена, ако во септември Генералното собрание на О�� изгласа резолуција и почне новата рунда на српско-албански преговори. Бидејќи ова негово инсистирање експертите го оценуваат како прилично поедноставено толкување на реалната опасност од разгорувањето сепаратизам од косовски тип, а тоа, повторно, со чуден сплет околности, коинцидира со експресно пристигнатите пораки од Бања Лука и од северниот дел на Косовска Митровица, дилема за тоа што на Србија и' е помило - грижата за судбината на светот или, пак, обид да се закамуфлира сопствената вина за погрешните потези - ќе биде предмет на тукушто почнатите жестоки дебати во самата Србија. Изјавата на Милорад Додик дека, во погоден момент, и Република Српска би можела да тргне по примерот на косовските Албанци, како и барањето на екстремните националисти од Митровица (собрани околу партијата на Воислав Шешељ, Томислав Николиќ и Воислав Коштуница), северот на Косово веднаш да прогласи отцепување од Приштина, како да се насочени, пред се', на тоа да се зајакне „аргументацијата“ на Белград и, пред повторното префрлање на проблемот на Косово од правен (МСП) на политички (ГС на ОН) терен, се испрати порака дека и ние Србите имаме коњ за трка.
Дека со стратегијата за повлекување потези, со кои, всушност, се купува време, а позицијата на Србија не се подобрува, се продолжува и покрај евидентните неуспеси, сведочи и најновиот, за многумина домашни аналитичари, необјасниви маневри на српскиот државен врв. Собранието на Србија итно свика седница со парламентарното мнозинство на владејачката коалиција да се верификува ставот на власта дека Хашкиот суд не ја легализираше косовската независност и да се маргинализира значењето на одлуката на МСП. Барем во очите на домашната јавност. Ако тоа е, колку-толку, логичен обид на власта да се избегне преиспитувањето на одговорноста за крахот на својата надворешна политика, некои политички аналитичари не можат рационално да разјаснат зошто Белград го ескивираше контактот со официјалните лица во Брисел токму пред почнатиот самит на министри на ЕУ и неговата понуда заедно да напишат текст за резолуција за Генералното собрание на ОН. Тоа е, секако, уште еден гаф на српската надворешна политика, би се рекло, непромислена реакција на ставот од Хаг, што со други зборови - доколку не се прифатат „препораките“ на ЕУ дека Косово и Србија мора да најдат модел за заемна комуникација и регулирање на бројните прашања во нивните односи - може да значи дека и самата Србија полека, но сигурно се откажува од евроинтеграциите.
Spored komentarot na dr Igor Janev, srpskoto prashanje beshe nejasno postaveno, imeno dali dokumentot - deklaracijata e legalen. Trebashe, spored Janev da se postavi prashanje dali e napravena secesija od srbija t.e. dali e kreiran nelegalen praven status so nelegalni pravni efekti, sprotivno na clen 2 od Povelbata na OON?Srbite pogrshno postavile prashanje za MSP, imeno da li e deklaracijata vo soglasnost so m. pravo. Trebashe da se postavi prashanje : Da li e pravniot staus so pravnite posledici shto proizleguva od deklariranjeto nezavisnoet vo soglasnost so clen 2 od Povelbata na ON? Sega srbite dobile ocekuan odgovor!! Na srbite im se krivi CIA odno. MASONI koj imeno potplatile sudiite na MSP. Zoshto, ako neznzele kako da postavat prashanje PROSTO ne prashale: Da li e secesijata na Kosovo od Srbija vo soglasnost so M.pravo?
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 27.07.2010 03:19:54
Ivane Se ova, sto i se dogagja na Srbija ne e Srbija. Samiot si znaes ,kako i Jas. Srbija nikogas nemala nejzin Reprezantativec,Milosevic i Seselj Toa bese pocetok na Srpskata vistina,ama poltronite bea pogolemi od niv, Vuk Draskovic-Titovac,Drazicevac,Tadicevac,,,Molitveni" Dorucek vo Bela kuca & Company.! American NPR-National Propaganda Radio,a Oni go vikaat National Public Radio,sekogas reklamirase za Milosevic 5 milioni $ dolari nagrada,a za Kolapsot na Milosevic potrosile 140 milioni $..
Од: ЦК СКВМРО
Датум: 27.07.2010 09:04:16
Сличноста на будалаштините со Самобендисаната власт во Белград и онаа во Скопје е огромна!Еден парламентарец говореше во Скупштината,откривајќи ја главната причина:Самобендисаност,до граници на Дрска Вообразена„големина“,но и за правниот тим експерти,од кој отсуствуваат Правници и Експерти,за платени „советници“кои и припаѓаат на страната која упорно сака да ја види Србија на дното и без КиМ!Говореше Јасно и за Кривотворењето на Меѓународното право од страна на Судот во Хаг,кој е со јасно одредени двојни стандарди за Србија и Македонија!Не знам со какво право се очекува невозможност за Поделба на БиХ,Косово,Македонија,на уште поситни делови?!Ја признавам Независноста на:Фландрија,Баскија,Корзика,Апулија,Курдистан, С.Косово,Р.Српска,Илирида,Румелија,Тракија,Епир,Трансилванија,Бохемија.. Та нели,народите имаат право на Рушење и Делби?Оцрнување на одбраната на Националниот интерес,како „милошевиќевизам“е својствено за Уредник на „Борба“!Одлично научил да и’ се додворува на политиката!
Од: Nikola-Germanija
Датум: 27.07.2010 10:31:49
Ic ne gi zalam Srbite.Sledno "Kosovo" po se izgleda ke bide Sandzak,kade Srbite gi pravat istite greski kako na pocetokot na kosovskata kriza na krajot na 70tite godini vo minatiot vek i ne se ucat od greskite,i ne se ucat.BALKANSKA TVRDOGLAVOST NEVIDENA!Zarem e mozno Balkanot da ne se uci od greskite vo minatoto? Sekogas koga udri so glava vo zid,toj uste mu stoi na pat!KS e izedena mandza za SRB,pa oni kolku sakat neka go crtat KS vo Kartata na SRB.Istoto vazi i za sporot izmegju MPC i SPC.Trpenie samo.Sto ke im "egzarhot" Vraniskovski sega,koga toj ne smee da se pojavi vo Mkskata javnost i se krie kako -sega i po redoven praven pat osuden-lopov i kriminalec?Nema zosto da se molime.Koj ceka,ke doceka (MPC vo slucajov)!MK treba da ja prosiruva sorabotkata so KS na site mozni polinja.Vo Srbite nitu gledam bratucedi,uste pomalku brakja,tuku ednostalno komsii kakvi sto ni se GR i AL.Ne isklucuvam situacijata okolu KS pozitivno da vlie i vrz MK od aspekt na evroatlantskata integracija;-).
Од: od mene
Датум: 27.07.2010 11:43:24
Ne mozam da se otrgnam od custvoto deke g-not Torov voopsto ne gi saka Srbite. Covekot kako da e platen da pisuva protiv niv.
Za zal na site nas ni nedostasuva realnoto ili da bidam poprecizen pravednoto gledanje na rabotite. Primer Srbite na nas Makedoncite ne ni ja priznavaat crkvata a nie za "vozvrat" go priznavme Kosovo. Istoto ona Kosovo koe "sakom i kapom" i pomagase na "nasata" ONA vo 2001. Site treba da ucime od svoite greski i svoite postapki, a ako veke merime na kantar ne da gi merime samo tugite greski tuku i svoite. I za kraj edno prasanje: Posle presudata vo Hag, koi ke bidat argumentite na zapadot da spreci nekoj drug region, po terkot na Kosovo, da proglasi nezavisnost? A ima mnogu zainteresirani - Kurdi, Bosanski Srbi, Albanci od Presevo, Albanci od Makedonija, Baskijci...
Srbite napravija mnogu greski no zarem tie se edinstvenite. Germanija napravi dve svetski vojni vo koi zaginaa desetici milioni ljude pa nikoj ne i odzema del od nejzinata teritorija!!!