Законска рамка за изградба на катна гаража во Аеродром
Во близина на Транспортниот центар, во делот од Маџир Маало што потпаѓа под Општина Аеродром, ќе се гради катна гаража. Ова е овозможено со нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот „Скопјанка“, урбанистичка единица Б, што вчера го усвоија општинските советници. Катната гаража ќе има приближно 2.000 квадратни метри во основа и бруто- површина за изградба од 14.500 квадрати. Планот дозволува објектот да има висина од шест ката и приземје, од кои 30 отсто ќе имаат комерцијална намена. Покрај катната гаража, планот, со кој е опфатен простор со површина од еден хектар, предвидува и изградба на новопроектирана улица „Борис Кидрич“. |