Што прават денеска
Александар Деловски
„Имиџ ПР“
По утринското растрчување на кејот, брзо туширање и директно на работа. Колку е деновиве интересно и предизвикувачки таму, никој не би рекол дека е сезона на одмори. Вечер – на кошевите кај „Ѓорги“ повторно се обидувам да им докажам на синот и на неговите братучеди дека „се' уште не сум за фрлање“.
Игор Паскоски
џудо тренер
По големиот успех на џудистите од мојот клуб „Миоки“ во Сплит, на купот Јадран, деновиве сакам малку да се одморам од досегашната напорна сезона. Во Сплит, во конкуренција на 55 клуба од 19 држави, моите џудисти освоија еден златен медал и пет бронзени.
Антоанета Кирова-Веселиновска
раководител на комерцијала
Денес ме очекуваат деловни разговори на работното место во „Офис плус“ со најдобрите домашни и странски фирми околу набавката на нов канцелариски материјал, машини и придружен прибор. По завршувањето на обврските на работа, вториот дел од денот им го посветувам на блиските и драги луѓе.
|