Што прават денеска
Искра Шукарова
кореографка
Денеска го одржувам првиот час со моите студенти на Државната академија за класичен и современ танц при ФМУ. Покрај тоа, се подготвувам за неколку скорешни презентации на мои кореографии: на фестивалот ИДЕНС, во Турција, во рамките на Истанбул - град на културата, а потоа во Шпанија. Истовремено го подготвувам и третото издание на фестивалот „Локомоушн“, што почнува на 16 октомври во Скопје.
Драган Вучиќ
музичар и ТВ-водител
Што се прави пред почеток на нова емисија? Нормално, се бркаат спонзори. Тоа го правам и денес и се подготвувам за стартот на мојата нова емисија „Некогаш и сега“, што ќе се емитува од 4 октомври на ТВ Канал 5, секој понеделник, во живо од 22 часот.
Јулија
пејачка
Денот ми почнува рано, со оглед дека сум гостинка на утринската програма на МТВ. Потоа продолжувам со состаноци и договори за издавање на моето ново ЦД, што треба да излезе во издание на „Мистер компани“. Покрај тоа, договарам и снимање на спот за песната „Кажи мило“, што ја изведов на последниот „Лешочки фолк-фестивал“. |