Овен
Ги преценувате своите можности, што подоцна може да се одрази на вашиот и онака осетлив нервен систем. Слободното време искористете го за занимавање со вашето хоби. Ви се препорачува повеќе шетање покрај вода. Тоа ќе ви даде инспирација, па ќе бидете на самиот праг на создавање на животни дела. Имате целосна подршка од партнерот.
Бик
Со стрпливоста, штедењето, и со сите тешкотиии, ќе морате да се соочите. Нека ве теши помислата дека решението е на дофат на рацете и засега никако не смеете да се откажете. Не очајувајте, туку искористете ги сите тајни адути. Не е пожелно да барате од некој нешто што сами не сте спремни да го направите.
Близнаци
Тема на денот ви се брачните односи. На тој план сте осетливи и барате повеќе од вообичаеното. Сметате дека партнерот бара многу, а возвратува во мала мера. Бидејќи проблемот е субјективен, обидете се на извесно време да се дистанцирате. Лесно ќе ги поднесите обврските кои вашето семејство од вас бара да ги извршите.
Рак
Успесите во поглед на здравјето и работата и понатаму ве следат. Бидејќи непријатностите се позади вас, наредните дена ќе бидете во фаза на правење на планови за долгото топло лето. Во предвид изгледа доаѓа само топла домашна бања, освен доколку не отпатувате на некое егзотично место.
Лав
Денот е создаден за љубов. Кога човек подобро ќе размилси, секој ден е добар за љубов, но вие не сте секогаш рсположени. Искористете ги поволните планетарни аспекти и посветете повеќе внимание на саканата личност. Постарите Лавови повеќе време ќе поминуваат со своите деца и внуки. Спортот исто така е идеално решение за добро расположение.
Девица
Се подготвувате за долг одмор, меѓутоа семејните обврски не ви дозволуваат слободното време да го искористите на соодветен начин. Не дозволувајте околностите да ве исфрлат од колосек, туку сфатете ги како составен дел од животот. Некоја работа заради душевниот мир и среќа ќе мора да ја завршите.
Терезија
Почекајте уште некој ден и ситуацијата ќе ви се исристализира. Не ви е лесно, но излезот на моменталните проблеми се гледа на површината. Летото доаѓа, па би требало да ви биде подобро од сите аспекти. Сонцето носи оптимизам во вашиот живот и ви помага на предизвиците да гледате опуштено и креативно. Успехот е на повидок.
Скорпија
Кризата е позади вас. Се чувствувате како нови. Функционирате во склад на ситуацијата и од неа извлекувате максимална корист. Активни сте од кога и да е, па искористете ја зголемената енергија што ја имате за повеќе конструктивни нешта. Со Овновите воспоставувате феноменални односи.
Стрелец
Се се одвива по планот, но никако да го увидите тоа. И понатаму сте сомнителни, но без причина. Морате да ги совладате стравовите, посебно оние кои се поврзани со иднината. Од преголемата окупираност не можете да уживате во сегашните моменти. Во тоа се состои и главниот проблем.
Јарец
И понатаму сте во фаза на фантазирање. Пишувате песни, па со тоа некако ќе успеете да ги одбегнете стапиците што ги содржат идните случувања. Одете во природа. Уживајте доколку не можете во друштвото на вашите најблики, тогаш во увавината на природата и уметничките дела. Важно е да не очајувајте. Пријателите ви се спас.
Водолија
Лошо се чувствувате бидејќи сте невротични и склони кон претерување. Морате секогаш на умда го имате фактот колкави се вашите можности и во склад со нив однесувајте се. Во спротивност, малаксаноста и мрзливоста можат да ви го расипат расположението. Бавете се со духовни теми и ќе го најдете внатрешниот мир.
Риби
Осаменоста ќе ви годи, бидејќи на мир ќе можете да размислите за некои ваши планови и идеи. Доколку не сте во можност да си го дозволите тој "луксуз" и бидете опкружени постојано со луѓе, ќе се обидете да работите. Поради некоја работа сте незадоволни. Лесно е да ја прифатите вината на другите, но што е со вашата?
|