Број 3315  четврток, 24 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Грчки клуб може да игра во македонско првенство

Миле Спиркоски, комесар за натпревари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), вели дека Статутот на ФФМ дозволува прием на странска екипа за настап во нашето првенство. Но, условите под кои може да се реализира една таква идеја не се прецизирани бидејќи ФФМ не се соочила со таков или сличен пример досега.

„Статутот го дозволува тоа. Зошто да не. Но, условите за тоа дополнително треба да се прецизираат. Не се прецизирани од проста причина што досега не сме имале таква ситуација. За такво нешто одлучува Управниот одбор на ФФМ, откако клубот официјално ќе поднесе барање. Потоа ќе се расправа за критериумите и условите под кои еден странски клуб може да се натпреварува во македонското првенство“, ни изјави Спиркоски. (С.Д.)


#
Статијата е прочитана 1480 пати.

Испрати коментар

Од: Mила Македонијо
Датум: 24.06.2010 08:06:40
Грција нема да дозволи. Таа си е тешка фашизоидна творба. Знае дека има бар 800.000 луге со македонско потекло и не гњави за името. Едноставно нема да дозволи со сите средства. А Арис и Ираклис се клубови за кои навиваат Македонците од Грција. Ке има уште вести. Само молам луге што незнаат за ситуацијата во Грција да не тресат од ракав.
Од: Да живее фудбалот!!!
Датум: 24.06.2010 10:43:27
Нека дојдат. Ионака нема за кого да навивам.
Од: Борче
Датум: 24.06.2010 12:02:49
Грците си направија пародија со нашето знаме, а нашите помислија дека навистина сакаат да дојдат да играат кај нас. А за тоа колку Македонци има во Грција покажуваат изборите на кои за партијата "Виножито" едвај гласаа 3000 луѓе од кои повеќето Грци од јужна Грција. Најголемиот дел Македонци од Егејско денес живеат во Бугарија кои се преселени таму со договорот за размена на население меѓу Грција и Бугарија. Така што, да не си создаваме илузии и да не го замајуваме народот.
Од: Petrovski Branko
Датум: 24.06.2010 12:11:26
Ve molam za edna ispravka. Aris i iraklis se Makedonski klubovi koi nastapuvaat vo Grckata prva liga.
Од: RND
Датум: 24.06.2010 12:12:15
Barem makedonskata liga ke dobie na kvalitet. Kako sto stojat sega rabotite nema golema razlika pomegu natprevarite na pionerite i na prvite sostavi.

Најди! во Утрински
Македонија
„Ираклис“ ги запали страстите со македонските знамиња
Под клуч уште три сали за операција