Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
На прво место

Зошто се мразат Црвенковски и Груевски

Психолошка вивисекција на дуелот меѓу двајцата лидери, според делото на Сем Вакнин „Фатална самозаљубеност“

Соња Крамарска

Кога политичарот за својот соперник ќе рече дека е ноќен кошмар за граѓаните, првата мисла што паѓа на ум е дека тука не е во прашање само политичко ривалство, туку и нешто друго. Таква квалификација даде Груевски за Црвенковски, но таа не е единствената во арсеналот „комплименти“ што си ги разменуваат на јавната сцена шефот на Владата и шефот на опозицијата. Како да се крвни непријатели, а не политички неистомисленици.

За разлика од Црвенковски, чии напади врз Груевски се повеќе насочени кон неговата политика, премиерот и неговите сојузници користат многу посочни навреди кон Црвенковски кој е нивен претходник во генерациска смисла: „истрошен политичар“, „гробар на македонската економија“, „ноќен кошмар за граѓаните“.

Црвенковски припаѓа на таканаречената прва генерација политичари во постјугословенска Македонија, Груевски моментно е главниот играч од редовите на втората генерација. И двајцата имаат иста цел - да ги придобијат граѓанските симпатии и да бидат лидери на земјата во новиот милениум.

Тогаш, во што е проблемот?

Сем Вакнин, автор на книгата „Фатална самозаљубеност“ во која се занимава со нарцисоидноста како човечка особина, во есејот „Таткоубиство: како младите лидери ги третираат нивните претходници“ вели дека младите лидери ги третираат лидерите од претходната генерација како омразени фигури што ги потсетуваат на нивните татковци. „Тоа особено се случува кога детството на младиот лидер било одбележано со трауми дали поради малтретирањето или отсуството на неговиот татко“, вели Вакнин.

Длабоко закопаните чувства на инфериорност и несигурност резултираат и со завист кон претходниот лидер. „Колку помалку си ги контролира чувствата на себе величање, толку повеќе младиот или нов лидер прибегнува кон нарцисоидна одбрана и се' повеќе има потреба од нарцисоидна поддршка како внимание и понизно ласкање“, пишува Вакнин во своето дело.

Груевски, во екот на непријателствата со Црвенковски, кога беше претседател на државата, возвраќајќи му на Црвенковски за критиките, ќе рече: „Основата идеја зошто влегов во политиката е да се смени ликот на политичарот од транзицијата, кој е одговорен за ова дереџе до кое е стигната државата, во човек што ја зборува вистината“.

Ќе успее ли Груевски во оваа своја мисија, со оглед на тоа дека веќе четири и пол години е на власт, а критиките дека ја сменил формата на владеење, но не и суштината, се се' погласни. Колку повеќе растат критиките, толку повеќе се мотивира Црвенковски, а односите меѓу двајцата лидери се пред експлозија. Прашање на ден е кога во парламентот ќе избие инцидент меѓу пратениците приврзаници на Груевски и на Црвенковски.

„Нарцисоидноста често е комбинирана со пасивна агресија: подбивање со стариот или претходен лидер, јавно негово или нејзино понижување, се' со цел да се покаже нему или нејзе кој е шефот“, елаборира Вакнин во своите анализи на односите меѓу старите и новите лидери, не на овие простори туку генерално како психолошка категорија.

Кај младиот лидер, според Вакнин, се активираат сите видови на одбранбени механизми во психолошка смисла - отфрлање секаква критика, омаловажување на постариот лидер со цел да ги оправда своите постапки кон него, префрлање на сопствените грешки и погрешни процени на стариот лидер. Идеализација на нацијата или на сопствената политичка партија, оцрнување на стариот лидер со атрибути како ѓавол, корумпиран, некомпетентен, а истовремени припишувајќи си на себе само позитивни особини.

Во истражувањата на Вакнин, кој е долгогодишен жител на Македонија од израелско потекло, и некогашен личен приј��тел на премиерот Груевски, може да се најде објаснување и за феноменот „висока популарност на Груевски во услови кога Македонија на оствари забележителен напредок во развојот“.

Новите лидери во земјите од поранешниот комунистички блок и, генерално, во сиромашните земји, вели Вакнин, се обични луѓе без биографија кои немаат постигнато ништо пред нивното појавување во политиката. Тие излегуваат на сцената од никаде и најчесто народот ги прифаќа како месии. Нивната единствена должност е иднината, тие немаат историја и се над историјата. Всушност, недостигот на биографија е она што ги квалификува тие лидери да ја претставуваат грандиозната иднина, објаснува тој во своите анализи.

„Колку повеќе овие лидери отстапуваат од своите првични ветувања, толку им стануваат помили на своите граѓани кои ги доживуваат како слични на себе. И нивниот лидер како и тие се мачи, се обидува, доживува неуспех, како и тие и тој има своите слабости, пороци и мани“, вели Вакнин во поглавјето од својата книга за нарцисоидноста „Силни мажи и политички театри“.

И сега следува шлагот што нуди објаснување за ��акедонскиот феномен на идеализирање на Груевски од народот без оглед што резултатите на неговата Влада се слаби и речиси невидливи. „Сето тоа создава една голема психоза или зависност меѓу водачот и народот“, заклучува Вакнин во своето независно истражување.


#
Статијата е прочитана 3124 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 18.12.2010 12:20:00
:))) Mnogu ubavo kazano. Konecno eden tekst na nivo. Tokmu taka. Skoro site sto se na politickata scena vo Makedonija nemaat postignato nisto znacajno, zatoa najcesto i se falat so "dostignuvanja" od tipot "diploma" :) i na toa se i ostanuva. Normalno vo edna sredina kako sto e Makedonija covek i nema mesto bas kaj da se realizira, zatoa i mnogu mladi zaminuvaat. Moite roditeli koi se postari i rabotele za vreme na YU cesto vikaat deka ova sto e denes Mk ne e voopsto drzava i tuka zastanuva se. Dali navistina imame drzava?
Од: забеган.
Датум: 18.12.2010 12:45:08
Не да се мрзат меѓу себе него се плашат едниот од другијот.И двајцата се заглавени.Но еден ден и двајцата ќе си го добијат тоа што ги следува.Кој колку заслужил.По мое Грујо со фамилиата е позаглавен.
Од: Петар
Датум: 18.12.2010 13:01:59
Господинот Вакнин во Македонија е повеќе од 15 години. Што точно работи и од што живее овде незнам. Но постојано се појавува во јавноста како врвен стручњак по финансии и секогаш со изјави и податоци што секој просечен граѓанин ги знае. Сега гледам дека е и врвен стручњак за политика и голем психолог и аналитичар за карактерите на нашите политичари. Оние пак што него го анализираат велат: обичен шарлатан. Патем, по толку години поминати во Македонија, не научи ни еден македонски збор.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 18.12.2010 13:03:53
Значи според теоријата на Вакнин сите пратеници во Македонија се сираци. Од нив ништо паметно нема да слушнеш, освен истурање на сопствениот гнев преку парламентот.
Од: "vodolija"
Датум: 18.12.2010 13:19:05
MISLAM:Deka Gruevski za politika e TABULA RAZA! Ako Gruevski vlegol vo politikata,so osnovnata ideja da go smeni likot na politicarot od tranzicijata,za kogo smeta deka e odgovoren za ova deredze do koe e stignata drzavata,togas toa e NEPOBITEN FAKT DEKA Gruevski terorizmot preku ideologijata go koristi kako model vo negovata borba za postignuvanje politicki ,partijski i individualni celi,togas si ja sece grankata na koja sedi.Poradi ovakov ideolosko-teroristicki duh,kakov go ima Gruevski, Grcija vo 46/49 g. od Grcija protera 50.000 vozrasni i 28.000 maloletni deca pod 18 g. vozrast. Gruevski treba da se TRANSFORMIRA A NE DA SE PRERODUVA !!!???
Од: SPIRIDON
Датум: 18.12.2010 13:29:43
Od kaj e be va Vaknin,da ne e od Pirava ili da ne e diplomiral u Prilepa grada,poetski rečeno ta tolko nogu znae za pravata priroda na Bane i Nikolčo.Ne bare gi e dumkal,teorija na teta Filimena.I sea ja ti gi branitelite,i via pomaranđestite,Feliksčeto,Mileto,mene,tebe i sličnite Latasčinja,bumbarčinja,jadi trici si urda za sirenje,strina mi,ta i via ž*tnikavite,profesorkata,interesen vokabolar šo e pravo,samo razočaruva šo plakala so slovenečkite arhitetki,tvorcite na "planica" u Skopje,demek, i sličnite karokani,branitelite na deloto na B.C.,po pomaranđestata teorija,ja tigi so izbliv na "nežnosti i komplimenti eden za drug i nijnite vodači.I?Šo air od toa?A može pa ima nadež.Nadežta go krepe čoveka.I ja sum istio kako ni.Mislam ima nadež za vaa naša Makedonija.Makedonija i se e možno.
Од: Moris
Датум: 18.12.2010 14:04:57
Se mrazat oti ne se sakaat . Mnogu ednostavno. Zosto da se sakaat koga se vo sostojba da si gozemat ona najmiloto so go sakaat.Toa najmiloto do sega ne im se deacat rodeni tuku VLASTA. Ete zatoa se mrazat.
Од: caki
Датум: 18.12.2010 14:50:18
E vodolijo,spored tebe Makedoncite od Egejot gi izbrkale zatoa sto bile teroristi!!Jas mislev za da im ja zemat zemjata...
Од: aleksandar
Датум: 18.12.2010 15:37:26
dali se mrazat ili sakaat toe e vas zaklucok samo neznam kako moze da gi stavite vo ist kos ovi dvaica ,kako moze da se stavi gruevski vo ist kos so covek sto ne postignal nisto vo zivotot
Од: trpe od gradcko
Датум: 18.12.2010 16:24:08
Zivejte vo siromstijata i izloacija na Gruveski....
Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.12.2010 18:47:29
Се мразат оти сакаат да владеат,а владеењето носи нели и имиџ на успешен политичар,за другите бенефити од владеењето оставам на фантазијата на коментаторите да искоментираат.Да го парафразирам vodolija,омразата каде лидерот од Бихаќка е поголема оти ТАБУЛА РАЗА ЧЕТИРИ ПАТИ ПО РЕД ГО УРНИСА ИЗБОРНО.Човечки е да толку мразиш по толку порази.
Од: Hari
Датум: 18.12.2010 18:54:32
Aleksandar verojatno misli samo na honorarot, no za edno si vo pravo, deka avtorot sporeduva babi i zabi. Branko napravi drzava vo eden kriticen moment. Gruevski kako minister vo Vladata na Ljubco sozdade vojna i pustos a sega amnestiran od toa vreme ne znam zosto ja opljacka drzavata so svojata familija i ja bruka po cel svet ovaa Makedonija. Mislam deka ova se fakti a ne naracani komentari.
Од: pp
Датум: 18.12.2010 19:21:25
tragedija. analiza za dvajca obicni lugje.
Од: srebre
Датум: 18.12.2010 21:53:37
nese mrazat tuku igrat teatar boze se mrazat a srzta im e istada opstanat na vlast sto podolgu...samo se menuvat vo teatarska uloga te premier te opzocija.......slednoto sto ce bide grujo ce se kanditira za pretsedatel hahaha....
Од: jovan
Датум: 18.12.2010 22:28:10
Zosto se mrazat? Pa za da zabavljaat narod sto pouspesno. Ni analizite na Sem Vaknin ni Frojdovskite analizi ovde nemaat nikakva vrska. Ovde se raboti isklucivo za pari i pljackanje. Nisto drugo. Ova e analiza za bezbednosnite sluzbi,bidejki stom barata stanuva mala,krokodilite pocnuvaat megusebe da se jadat.Sega za sega "gi jadat"malite krokodili, pa mesto ima se uste i za dvajcata,ama se plasat do koga.
Од: Тоше
Датум: 18.12.2010 23:39:23
Мореее ... Да не сака Грујо да го земе местото на Бранко? Да стане лидер на СДСМ! Таквата патолошка опседнатост, може и така да се толкува
Од: cede
Датум: 19.12.2010 02:22:11
samo zatvor za dvaicata.I toa vo edna ista kelija.Sekoj den da imaat posetiteli od nezadovolni gragjani i da gi skubat i da gi klocaat, a tie kako bespomosni kukli da pretaat za site zlodela sto mu gi napravija na narodot
Од: ?!
Датум: 19.12.2010 09:52:53
Едно не си знаеме.И двајцата ја ставија на коцка дури државата,зардаи безбројните итар пејовци,од сите ешалони.Така си тераат по свое, од обичниот лепач на плакати до олигархот,комотно безгрижно,знаејќи дека овде на Балканов никој со никого не може да дели и ортачи.Барем за ова има разработен систем.На крајот одат курбан.Онака исусовски,носејќи го гревот од сите.Затоа.Во интерес нивни и на државата е да седната двајцата длабоко негде ако треба и во напуштен рудник,очи во очи да си го дотераат умот.Да го најдат пресекот од заедничките патриоти и предавници,и да свата дека биле тие истите.Па мала е оваја земја.Кога ќе се вратат на земјата ги чека голема работа.А колку ли ќе им биде и полесно и посвежо.Тек тогаш ќе си речат Силно светнал ден.A на симпатизерите!Се знае крампот,Лопатата.Заборавија што е работа.
Од: Ne vodese lider so brend
Датум: 19.12.2010 11:26:29
Tekstot mi se dopadna, posebno konstatacijata deka ovie "novokomponirani" lidercinja nemaat biografija , siromasni se vo komunikaciite , pa se siromasni i vo duhot.A zosto narodot gi izbira.Mozebi si izbira " prema svoja lika i prilika", bidejci i toj e siromasen vo duhot, istorijata, biografijata . Ne slucajno ni go negiraat de imeto , de jazikot , de crkvata, a sega ne negiraat deka i voopsto postoime. Sega mi e Jasno zosto Juogoslavija bese visoko ceneta cemja vo svetski razmeri, mnogo povece od svojata geograf. velicina.nea ja vodese lider svetski brend, so biografija,i minao poznat niz site meridijani. Go cenea Cercil. Ruzvelt, Elizabeta II,Vili Brand, kenedi , Nikson,pa duri i Stalin i Mao iako se sudrija so nego)Ovie lidercina od nofoformiranite drzavi ne mu se ni do gluzdovite,a sakaat da vodat drzavi?! Taka izfrustrirani i iskompleksirani edino se zalazuvaat so poltronsko laskanje od poslusnici vo zemjata, a nadvor nikoj ne gi esapi za zivi E toa e sustinata na omrazata.

Најди! во Утрински
На прво место
Парламентарците си играат со бројки
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census