Што прават денеска
Татјана Лазаревска
пејачка
Пред два-три дена се вратив од Австралија, но веќе се привикнав на зимските услови. Денеска семејно ќе одиме во црква, да ја одбележиме семејната слава Свети Никола. Со оглед на тоа дека моментално сме „раселени лица“ кај моите родители, поради есенскиот пожар кај нас дома - нема да имаме прослава, но, секако, ќе го испочитуваме празникот. Вечерта имам настап.
Драган Довлев
актер
Викендот за нас актерите, а особено во Театарот за деца и младинци, редовно е работен. Претпладнево, уште во 10 часот имам проба за новата претстава „Алиса во земјата на чудата“. Вечер, пак, од репертоарот играм во претставата „Малата сирена“. Се' што останува од денот му го посветувам на моето семејство.
Ида Протуѓер
уредник во ТВ Алфа
Денеска, всушност, целиот викенд, за среќа, сум слободна од работните обврски. Тоа значи дека времето можам целосно да им го посветам на моите деца. Претпладнево си го организираме за домашно дружење, а вечер, пак, сме на слава – на Свети Никола кај моите родители. |