Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Кои пратеници имаат интегритет

Александра М. Митевска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски нема претстава што се случува во пратеничката група на неговата партија. Не знае каква дискусија може да очекува од сопартијците во парламентот кога некој од неговите министри ќе се појави на собраниската говорница да брани закон што тешко се одбранува. Не може ни да замисли какво незгодно прашање би можело да му долета од некој пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе се појави на седница за пратенички прашања.

Но, премиерот е подготвен да ризикува, подготвен е да ги издржи и евентуалните удари од најблиските... Само за да докаже дека пратеничката група на неговата партија не се вклопува во генералната перцепција за законодавниот дом како гласачка машинерија. И да покаже дека не е вистина оти Владата го контролира парламентот, како што се озборува во јавноста, туку дека ситуацијата е обратна, каква што би требало да биде ако работите се одвиваат според теоријата.

Тоа, пак, што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ речиси секогаш гласаат идентично, впрочем, како што се изјаснуваат и нивните опоненти од опозициските редови, е чиста случајност или можеби е резултат на нивното политичко зреење во иста идеолошка средина.

Пратениците од СДСМ, пак, се сосема друга приказна. Тие немаат интегритет, не размислуваат со своја глава, не одлучуваат по сопствено убедување. Така ги воспитал нивниот лидер Бранко Црвенковски уште кога бил премиер - да дејствуваат според неговото расположение. Ако некој не верува, може да го праша министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Тој веќе ја дијагностицираше состојбата на пратеничката група на социјалдемократите, поради чудните симптоми што тие ги манифестираа, преку ноќ решавајќи да се откажат од сите барања и повторно да се координираат со спикерот Трајко Вељаноски. Следуваше терапија, според која, во иднина би било полезно македонското Собрание да одлучува во согласност со своите убедувања и согласно со интересите на државата.

Па, нели рековме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одлучуваат самостојно? А, нели тие беа најбројни во парламентот, ги има повеќе од 61...!?

Всушност, и Груевски знае понекогаш да ги искара пратениците. Ама тоа, главно, се пратеници од опозицијата. Пред неколку дена, на пример, тој ги искритикува дека намерно го кочеле донесувањето на собранискиот Деловник за Македонија да не добие позитивен извештај од Европската комисија.

И за чудо, критиката стигна до самиот опозициски врв и таа, веројатно, била прифатена како добронамерна, бидејќи неколку дена подоцна лидерот на СДСМ објави дека пратениците од неговата партија ќе се вратат на координациите, ќе се откажат од барањето за формирање комисија за контрола на ревизорските извештаи и ќе прифатат каков било деловник што ќе го понуди ВМРО-ДПМНЕ. Така, според Црвенковски, опозицијата ќе придонесе за функционален политички дијалог, а со тоа и за поповолен извештај за напредокот на земјата во исполнувањето на европските критериуми.

Но, се излажаа сите што помислија дека конструктивноста на опозицијата, макар и да станува збор за нејзин дневно-политички трик, ќе биде поздравена од власта, која нели инсистираше да се деблокира донесувањето на Деловникот пред затворањето на извештајот на ЕК. Честитки дојдоа само од некои амбасади, а ВМРО-ДПМНЕ повторно се реши за критика. Веројатно пресметале дека ќе соберат повеќе политички поени ако намуртени ја прифатат понудената рака. Или мислеле дека Црвенковски очекува да добие пофалба од нив, па одлучиле да му го расипат ќефот. Не се тие како пратениците од СДСМ, па да дејствуваат во согласност со неговото расположение!


#
Статијата е прочитана 1459 пати.

Испрати коментар

Од: ???
Датум: 03.09.2010 08:44:11
A Singo?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.09.2010 09:15:05
Пратениците,членовите и симпатизерите од виножитниот-помодрен кампус се повеќе наликуваат на патниците кој ги вози легендарниот Мишко од филмот ,,Кој таму пее,,Прво имаме бојкот оти нели се сериозна партија која не дозволува власта да си поигрува со нив,и сега акробатика демек се прифаќаат што им нуди власта.Ова напред-назад политичко однесување станува легенда на и онака очајната опозиција.
Од: samo veselo
Датум: 03.09.2010 10:50:25
Да си жив и здррав Среќко. Еве ни се врати да ни го развеселуваш денот. Не случајно си го одбрал името Феликс. Тоа колку да ни кажеш дека си како некогашниот тв јунак "Среќко напаст", нели!
Од: koskar
Датум: 03.09.2010 11:27:45
gospodine ФЕЛИКС, Patetichen ste...
Од: Феликс за уплав нека ти гаснат жарче!
Датум: 03.09.2010 12:36:54
Феееееееликс!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!Да не беше во кома досега ,па сега си разбуди ,та уште си со излитените твои „ виножитни и помодрени досетки„Па зарем и после шокот што го претрпе од митингот и бројката на грагани во Скопје ,уште чукаш по тастатурата и се обидуваш да бидеш „духовит„??Поарно ќе ти биде да застанеш во ред пред спомениците „за психичка стабилност„ а за пензионери во петок картата е -ЏАБЕ-

Најди! во Утрински
Едиторијал