Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Стевче Јакимовски

грданач. на Општ. Карпош

Веќе во 6 ч. сум на нозе и во 7 ч. тргнувам во обиколка на неколку локации, каде што се во тек неколку инфраструктурни зафати. Од 8 ч. почнуваат состаноците, кои траат до пладне, па повторно тргнувам на терен. Иако е петок, работните обврски ги завршувам доцна попладне. Се надевам дека вечерта ќе имам време за средба со пријателите.

Ева Нединковска

пејачка

Денеска имам состанок во „Томато продукција“, околу подготовката за снимање на мојот нов спот. Истовремено го пуштам во етер и ремиксот на песната „Еготрип“. Попладне имам снимање во А1 телевизија, па вечерта се надевам ќе ми биде слободна за релаксиран почеток на викендот.

Синиша Ивановски

дир. на ЈП „Улици и патишта“

Денес денот го почнувам во 6 ч. наутро со џогирање по кејот на Вардар. Во 8 ч. ми почнува работното време и секојдневните состаноци. Во 11 ч. со градоначалникот Коце Трајановски ќе ја отвориме новопроширената улица „Првомајска“ во општината Кисела Вода. Попладнето е резервирано за одбојка на песок, а петок навечер ми е за дружење со моите пријатели.


#
Најди! во Утрински