Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Благодарност за Грција

Александар Митрески, Бостон, САД

Сакам да ја искористам оваа можност и од срце да и' се заблагодарам на Грција за непопустливоста во спорот со името. Нејзините цврсти ставови се единствената причина поради која Македонија досега го нема променето своето уставно име. Парадоксално и тажно. Нашите лидери не смеат да заборават на фактите дека Македонија е суверена, независна држава што има право да ги нарекува својот јазик, својата националност и својата држава како што сака. Тие имиња не се одбираат, туку се наследуваат.

Речиси не постои веројатноста дека ќе има какви било нови разврски околу овој проблем. Грција е доволно мудра, па дочека Обама да стане претседател. Впрочем, Грција нема никаков притисок што ја тера да прифати решение на овој т.н. спор. Туку, напротив, Грција потајно се надева дека доколку се одолжува македонската интеграција во ЕУ и во НАТО, некои внатрешни или надворешни фактори погубно ќе влијаат за иднината на нашата држава. Во изминатите десетина години Македонија направи одлични потези да добиеме пријател како Америка, кој не' подржува во овој спор, но е особено важно да се најде сличен моќен пријател и во Европа. Во исто време, Македонија треба активно да ја промовира својата култура преку разни концерти, изложби и претстави. Едноставно, Македонија треба да ја преплави Европа. За овој проект успешно да се реализира, потребно е да се направи професионален тим на кој активностите околу промовирање на македонскиот став ќе им бидат единствен ангажман. Овие луѓе не треба да се партиски обоени, туку квалитетни кадри кои ќе бидат посветени на оваа работа, без разлика д��ли имало или немало промена во Владата на Република Македонија.


#
Статијата е прочитана 1231 пати.

Испрати коментар

Од: BZ
Датум: 23.05.2009 00:37:25
sedi si vo BOSTON najdobro ke bide, ili zablagodari im se na ELINI,GRCI MAKEDONCI ARAPI ILI STO I DA SE AKO RESAT ,KAJ NIVNI VESNICI.
Од: Vasko
Датум: 23.05.2009 00:37:36
Neznam za sto treba da i se zablagodarime na Grcija vo slucajov. Sto si sakal da kazes so ovoj tekst? Nesto si ja utnal rabotava so uvodniot pasus na textov.
Од: Telali od preku more
Датум: 23.05.2009 00:57:38
Aleksandre! Ubavo zboruvas i davas mnogu pametni predlozi kako da postapuvame vo promocija i zadrzuvanjeto na imeto, ama mnogo od daleku vikas. Duri od Boston! Dobro bi bilo da dojdis tuka vo Makedonija, pa aktivno da ucestvuvas vo taa odbrana na imeto pa da ja delis sudbinata na ovaj narod koj zivee vo mizerija i zatvorenost so vizni ogranicuvanja na site strani , dodeka ti kako paun so tvojot USA pasos se sepuris kako paun niz svetot. E ova navistina da ti ide od maka da puknes koga onie koi zaradi lagoden i pobogat zivot ja napustija Makedonija, a sega eve najmnogu se djilitat vo odbrana na nejzinoto ime. Staite vikaat: Sto stapa po tudj grb ne boli. .
Од: mitko bi pratil poraki na dobra volja
Датум: 23.05.2009 02:09:24
Jas mislam deka treba da pocneme so edna prijatelska i dobrososedska kampanja. Imeno mislam deka Grcite mnogu ke se izraduvaat ako pocneme da im davame iskreni pokloni. A kako iskren poklon jas bi im gi dal site onie gadni spomenici na Bukefal, Aleksandar i Filip koi VMRO-ovcite gi podigaat na sekoj plostad vo sekoe selo. Na toj nacin em Grcite ke bidat srekni zatoa sto dobivaat poklon em nie ke se otarasime od dokazite za nasete mizerno, bedno i necovecko falsifikuvanje na istorijata. I ne bi zastanal na ova na Bugarite bi im gi dal site statui na ucitelite na Bugarskata Egzarhija (Dame, Goce, Gjorce i sl). I taka bi gi osvetlil i odnosite so niv.
Од: Dr Stojadin B.Naumovski - Coci / Makedonski Amerikanski Sovet
Датум: 23.05.2009 04:15:41
Pozdrav do Aleksandar i poddrska za negoviot predlog. Nie toa veke so godini go pravime niz Dijasporata i bez oficijalna vladina poddrska ili promocija. Koordinirano i zdruzeno takvata prezentacija ke dade i podalecni odzivi.
Од: beti-detroit
Датум: 23.05.2009 05:14:31
mnogu interesno i pametno napisano pismo do nasata vlada.razmisluvanjata za agresivna akcija za zapoznavanje vo celost ja poddrzuvam
Од: Игор
Датум: 23.05.2009 11:14:34
Александар, се додека не ги трпиш последиците на политиката која се води во Македонија (каква и да е таа политика) ти најмалку имаш право да даваш совети што треба да се прави или не. Лесно е да се паметува од далеку знаејќи дека некој труг е тој што живее во изолација со најмали плати во Европа.

Најди! во Утрински
Писма